МакедонијаСДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистинатаЦелта е по секоја цена да се обидат да ја замолчат опозицијата да зборува за темата мигранти и нивниот договор. Со забрани и закани за кривични пријави да нема дебата за она што тајно го договориле далеку од очите на јавноста. СДСМ тоа нема да го дозволи. Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда, се посочува во соопштението од СДСМ. Прв чекор ќе биде претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок која ќе ја поднесеме денеска. Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот во делот на основните човекови слободи и права а тоа е слободата на изразување и политичко делување. Заедно со граѓаните Фронтот за правда ќе се бори за Македонија, за слободата и демократијата со сите демократски механизми. Ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата! Борбата продолжува! Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФилипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
МакедонијаЕвробарометар: Граѓаните од ЕУ со поддршка на проширувањето Мнозинство граѓани на Европската Унија и натаму го поддржуваат проширувањето, покажува најновиот Евробарометар.Според анкетата, 53% од Европејците се за прием на нови членки, што е за 3% помалку од лани. Најголема поддршка има меѓу граѓаните во Шпанија со 71% и Литванија со 70. Поддршката е висока и во Хрватска, Романија, Полска и Словачка, додека во Бугарија 49% од граѓаните се за проширување. Најголем скептицизам има во Франција, каде само 35% го поддржуваат проширувањето, и во Германија со 43%, токму земјите, чии лидери, Макрон и Мерц деновиве излегоа со заеднички нон-пејпер за забрзување на проширувањето, со постепена интеграција на кандидатите уште пред полноправното членство. Сепак надворешниот советник за европски прашања во кабинетот на претседателката, Драган Тилев оценува дека големите одлуки за проширувањето не зависат само од јавното мислење, туку од политичка визија и долгорочен европски интерес. -Голем ентузијазам кај овие две држави особено не постоел ни претходно..Доколку се донесуваат одлуки од ваков висок политички и стратешки интерес, врз основа на јавните мислења во одредени држави тогаш веројатно ни ЕУ немаше да постои и да се прошируваше. Не ја намалувам важноста и тежината на јавното мислење но кога се донесуваат големи стратешки одлуки, во тој случај одлучуваат политичарите со визија,- Драган Тилев Но, паралелно со европските дебати за проширувањето и условот за Македонија да го донесе уставните измени, земјава се соочува и со уште еден предизвик, блокадата која Софија ја става на акцискиот план за малцинства, како што откри премиерот Мицкоски. Тоа според, Тилев може дополнително да го искомлицира формалниот почеток на преговорите, зашто како што вели, Македонија е единствената земја чие усвојување на акцискиот план е директно поврзан со отворањето на првиот кластер. --Според правилата на одлчување кои навистина има обиди да се џрелативизираат, да се олабават, да се ослободи притисокот на ветото врз процесот на пристапни преговори, тоа сега се случуваше и на дебатите во Тиват и во документите како нон-пејпери кружеа во Тиват, но се додека тоа не се промени важат правилата кои што се во моментов на сила, а тоа е дека една држава може да даде вето на нашиот напредок, што во случајов е Бугарија но може да биде било која друга држава,- Драган Тилев Во Брисел и натаму трае дебатата за воведување на квалификувано мнозинство, наместо принципот на едногласност за прашања од надворешната политика, за која земјите членки остануваат поделени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија ги почнува преговорите со ЕУ за „Роаминг како дома“Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка.Македонија в петок ги почнува преговорите со ЕУ за системот „Роаминг како дома“, на 12ти е закажан првиот состанок меѓу министрите од Западен Балкан и претставниците на ЕК на кој треба да се разговара за главните елемнти на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеност на секоја земја, по што ќе следи индивидуално преговарање на секоја од земјите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски е оптимист дека Македонија ги исполнува предусловите, и како што вели подготвена влегува во процесот. Очекува земјава да биде меѓу првитте од Западен Балкан која ќе ги заврши преговорите. Намерата е земјите кандидатки од регионов да добијат претпристапни бенефеиции меѓу кои е и бесплатниот романиг со ЕУ, а токму ова прашање се најде на маса и на Самитот ЕУ Западен балкан во Тиват. „Од наша страна клучниот дел од подготовките е завршен, регулаторниот пакет измените на законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени законот е утврден на седница на влада испратен до еу .... Очекуваме да добиеме повратен одговор во почетокот на преговорите. Следниот чекор е сектроски преговори на секоја од државите поеднично кој што ќе започнат со првиот состонок на министерите. “-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција. Андоновски, иако вели роковите не зависат од нас туку од ЕУ, се надева дека веќе од јануари 2027ма македонските граѓани кои ќе патуваат во Мадрид, Рим, Париз, Амстердам да зборуваат и користат интерент по цени исти како и дома. „По истите цени кои што граѓаните ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, смс пораки и интернет во државата по исти цени ќе може да ги користат и поволностите на истите овие мобилни услуги во Европската унија“-Стефан Андоновски – министер за дигитална транфорамција. На денешниот брифинг со новинарите, Андоновски го презентираше и системот СМАРТ лиценци, кој вели претставува уште еден практичен чекор во дигиталната трансформација на јавните услуги. Целта според министерот е државата да престане да бара од граѓаните и компаниите да бидат курири на документи и да обезбеди податоци кој ќе бидат точни, достапни, проверливи и безбедни. Овој систем почнува со примена токму во неоговот министтерство , а псоред најавите во напредна фаза на развој и тестирање се и лиценците на Министерството за економија и труд, кои се однесуваат на ноќен клуб, дискотека, кабаре, бар и хотел, а се очекува тестирањето да заврши до крајот на јуни. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСтармер во Лондон ги пречекува Макрон, Мерц и ЗеленскиБританскиот премиер Кир Стармер ќе одржи денеска средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц на Даунинг стрит 10.Според најавите, разговорите ќе се фокусираат на продолжување на воената и политичката помош за Киев, како и на концептот за безбедносни гаранции што Европа го развива во рамки на таканаречената „Коалиција на подготвените“. Средбата доаѓа два дена откако рускиот претседател Владимир Путин ја отфрли понудата на зеленски за разговори за да се најде излез од војната во Украина.. Путин рече дека „не гледа смисла“ во таков состанок..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter