МакедонијаСДСМ: ДПМНЕ да каже каква е поврзаноста на фирмата од денешната бомба со Миле Јанакиески? Изјава за медиуми, реакција на ДПМНЕ и Владата.Ова е вистината: Фирма, со тројца вработени, добила 1,2 милиони евра од тендери во период од само 2 месеци. И повторно се фатени во лаги: Фирмата којашто денеска ја објавивме во новата бомба е основана на 08.06.2023 година. Еве го тој документ кој може да го видите. Е сега, втората фирма, за која говори ДПМНЕ е всушност стара фирма на студентот на Мицкоски. И наместо да ни кажувате дека заработила 2 илјади евра во минатото кажете како е поврзана со сопругата на Миле Јанакиевски? Процветот на фирмата на студентот на Мицкоски е јуни 2024 август 2025 година кога заработиле 25 милиони денари од тендери. Од познавање IT индикативно како е ова единствениот субјект способен да добие 1,2 милиони евра за „напредно“ да ја заштитува Владата? Не е до ИТ познавањата? Не е ова прашање за IT. Ова е прашање за пари и бизниси. Заборавивте ли дека АКТ знае се? Сите ќе одговарате! Работата не е завршена! Богданка Кузеска Центар за комуникации со јавноста на СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан БогоевЖалбата што ја поднесе екс директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата. Богоев е осомничен во истрагата која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коскитеСопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија. Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз. Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак. - Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа различни локации во Скопје пронајдени тројца починати Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково. Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53