СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност - Канал 5

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје.

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за „хибридни напади“.

Додека граѓаните вдишуваа канцерогени материи, институциите задоцнето реагираа, дури не излегоа навреме ниту да ги информираат граѓаните, да дадат препораки, да кажат како да се заштитат.

Скопјани се уште не знаат колкаво е загадувањето, дали е целосно безбедно, колкава количество токсичен отпад изгоре, колкава беше концентрацијата на отровни, корозивни и опасни материи за здравјето на луѓето?.

Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите, вклучително и во депониите кои се управувани токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Доста беа приказни, за овој екоцид, за оваа еколошка катастрофа во Скопје и во Македонија мора да има политичка и кривична одговорност.

Освен за Трубарево, Јавното обвинителстви треба да ја прошири истрагата за пожарите во Вардариште и Дрисла, која ќе ги опфати сите актуелни раководни струкури во време на пожарите, кои дозволија да се случи еколошка катастрофа со опасни здравствени последици.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам.

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам

Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија.

Тој рече дека се планирани и измени во земјоделскиот сектор, како и реструктурирање на државниот апарат. Покрај тоа, некои економски активности кои претходно беа забранети за приватните бизниси во иднина ќе бидат дозволени, но не соопшти дополнителни детали. Владата на САД го зголеми економскиот притисок врз Куба во изминатите месеци преку серија санкции, со цел да изнуди политички и економски реформи на островот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Европската Унија в понеделник ќе почне формални преговори за членство со Украина и Молдавија, откако беше укината блокадата од страна на Унгарија.

ЕУ ќе почне пристапни преговори со Украина и Молдавија

Кипар, кој во моментов претседава со советот на Европската Унија, соопшти дека земјите-членки постигнале договор за заеднички став во врска со првата фаза од преговорите, со што се комплетирани сите неопходни подготовки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку социјалните мрежи им се заблагодари на партнерите во ЕУ. „Украина го прави она што е потребно, и важно е што и еу си го држи својот збор“, напиша тој. Украинскиот претседател додаде дека почетокот на преговорите претставува „значајна политичка и морална поддршка за државата и украинскиот народ“. Претседателката на Молдавија, Маја Санду, исто така ја поздрави одлуката со објава на Х, пишувајќи: „ние ја завршивме работата и ќе продолжиме да спроведуваме реформи“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во напад на САД е убиен лидерот на транснационалната криминална група „Трен де Арагва“.

Трамп изјави дека во американски напад е убиен лидерот на нарко-картелот „Трен де Арагва“

„По моја наредба, јужната команда на САД изврши брз и смртоносен напад за успешно елиминирање на Нињо Гереро, озлогласениот лидер на ’Трен де Арагва‘, една од најкрволочните терористички организации на планетата земја“, соопшти Трамп во објава на својата платформа Truth social, која содржеше и видео на кое наводно е прикажан нападот. Трамп додаде дека „оваа акција беше координирана во блиска соработка со нашите пријатели во Венецуела, со кои работиме многу добро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер