МакедонијаСДСМ: Документите се јасни - тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработениСкандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на ДПМНЕ како се крадат парите на граѓаните.Димса, во ВМРО-ДПМНЕ сте роднини по криминал, на криминалци не се извинуваме Скандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на ДПМНЕ како се крадат парите на граѓаните. Документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година. Четири од шест договори се добиени од Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски. Ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта. СДСМ бара акција од институциите за криминалците во власта да одговараат а крадењето од граѓаните да престане. Не баравме ниту роднинско стебло ниту извод од Димса Арсовски туку да одговори на прашање дали е роднински поврзан. И нема за што да му се извинуваме. Човек без работен стаж коментира нечии кариери? Човек кој лаже и краде бара извинување? СДСМ не се извинува на криминалци. Ниту Груевски и Мијајлков не се со исто презиме па сепак се роднини. Димса не дефокусирај, она што е сигурно: сите вие во ВМРО-ДПМНЕ сте роднини по криминал. СДСМ продолжува со разоткривање на криминалот на ДПМНЕ. Утре ќе објавиме нови аспекти на овој скандал, да видат граѓаните какви луѓе стојат зад овие фирми кои добиваат милионски тендери и со што се поврзани. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МетеоСончево и многу топло со мала до умерена локална облачностСпоред Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне до 40°C. Во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. август 2026 година Дневен хороскоп за петок, 7. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Борбениот дух не ве напушта и подготвени сте да урнете некои пречки за да стигнете до нечие срце. Кариера Некогаш ви е тешко , а и самите не знаете зошто.Потпрете се на интуицијата за да дојдете до одговорот. Здравје и совет Играте на сигурно. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашите заслуги во запознавање на саканата личност се поголми отколку оние на другата страна. Затоа ќе го диктирате темпото. Кариера Ќе помислите како сега работата ви оди полесно и колку тоа е добро. Уживајте во опуштеноста. Здравје и совет Чувствителност на бубрезите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве водат чувствата и интуицијата.Нема да згрешите.Ќе знаете на време што треба да правите. Кариера Продолжува конструктивниот период во кој воспоставувате се подобри контакти и ја зацврстувате деловната соработка. Здравје и совет Имате право да се опуштите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете распнати меѓу желбата да излезете на весело и бучно место и потребата да уживате во тишината и интимноста на домот. Кариера Во се што ќе работите ќе има момент на таинственост, дискреција или фина креативност.Тоа ќе ви биде важно. Здравје и совет Применете ги теориите во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следува благо подобрување во вашиот приватен живот, а најмногу ќе ве израдува засилувањето на довербата. Кариера Вработените во мали приватни фирми ќе најдат начин како да работат поквалитетно и ќе ја подобрат соработката со партнерите. Здравје и совет Прошетајте на воздух и разбистрете ги мислите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се обидете послободно да ги изразувате вашите чувства, но тоа не е гаранција дека другата страна ќе ве разбере. Кариера Пред вас е интересен деловен ден м во кој ќе мислите дека може да направите се што ќе посакате. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Потребата за доминација во односот ќе биде силна, но ќе знаете на време да ја спуштите топката. Тоа ќе биде паметно. Кариера Понекогаш мислите дека сте тркачки коњ , па од време на време ќе се обидете да ги занемарите помалку важните работи. Здравје и совет Се задоволувате само со најдоброто. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денеска ѕвездите ќе ве водат кон љубов , среќа и мир. Многумина ќе увидат дека токму тоа им е потребно. Кариера Вашиот труд дава резултаи , што нема да ве спречи секој слободен момент денеска да го поминете во безделничење. Здравје и совет Продолжете така. Овен 21.3-20.4. Љубов Со по,ош ма фантазија ќе успеете да воспоставите каков- таков однос со партнерот.Не е совршено , но засега не е ни лошо. Кариера Не барајте игла во сено.Добро е вака како што е .Кога би се барала ваша грешка , би се нашло доста. Здравје и совет Вежбајте јога. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во право се оние кои велат дека сте убави и привлечни.Тоа е резултат на здравиот живот и птошетките на свеж воздух. Кариера Ако имате чувство дека некој на работа постојано ве анализира, ќе му простите и се ќе свртите на шега. Здравје и совет Имате право во одлуките. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Мали семејни проблеми поврзани со минатото ќе бараат од вас зголемен ангажман. Кариера Ќе го слушате вашиот внатрешен глас , кој ќе ви биде безгрешен водич кон развојот на кариерата. Здравје и совет Барате нови идеали. Рак 22.6-22.7. Љубов Нежност и сентименталност ќе бидат обележје на денот.Оние кои се сами вројатно ќе страдаат од силен копнеж. Кариера Ќе размислувате за луѓето од работа кои не си ја вршат работата со ист ентузијазам како вие. Ќе се прашувате зошто е тоа така. Здравје и совет Не инсистирајте сѐ да биде по ваше.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојанче Ангелов во „Вести плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Стојанче АнгеловКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook