3ЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за жените
МакедонијаСДСМ.Документите потврдуваат голем скандал во КумановоДокументите потврдуваат голем скандал во Куманово-Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!Денес ги објавуваме документите за најголемиот коруптивен скандал во општина Куманово во организација на Максим Димитриевски и неговиот кум и бизнис партнер Драган Митевски. Овој документ е полномошно со кое кумот на Димитриевски, Драган Митевски, му дава овластување на „Лидл“ да постапува за измена на ДУП-от. Односно, Лидл во име на Драган Митевски има право да иницира постапка за измена на ДУП во општина Куманово. Еве го тој документ. Сега замислете, Драган Митевски, кум на Максим, преку ноќ купил земјиште од Димитриевски и неговото семејство за 250.000 евра. Неколку дена подоцна, го продал на Лидл за 600.000 евра со што заработил 350.000 евра со нула инвестиција, преку ноќ. Потоа ги овластил купувачите да спроведат постапка за менување на ДУП кај неговиот кум Димитриевски. Постои ли поочигледен судир на интерес и корупција? Да биде скандалот поголем, при првото гласање н Советот на општината за измената на ДУП-от, кое подоцна е поништено, за ДУП-от и негова измена гласал и братот на Драган Митевски, Дарко Митевски, кој е координатор на советничката група на ЗНАМ. Не се знае кој повеќе е заглавен во конфликт на интереси во овој случај, крајот не може да им се фати. Откако сфатиле дека тоа не може да помине, на второто гласање Максим се договора со советниците на ДУИ и тие му го гласаат ДУП-от. Сè уште молчи Максим што тоа им е ветено на советниците од ДУИ. Му даваме уште еден ден, а потоа ќе го објавиме неговиот договор и за оваа работа. Но според нашите информации, скандалот не завршува тука. Денес ќе поставиме прашања и овој пат, наместо да се обидуваат да се правдаат со напади и контранапади, нека бидат доблесни да одговорат барем на едно прашање, затоа што работата е крајно сериозна, а граѓаните имаат право да знаат. Прашуваме, дали е вистина дека постои друг договор помеѓу кумот на Максим склучен со Лидл, во кој тој се обврзува да издејствува измена на ДУП-от во рок од две години? Дали е точно дека согласно тој договор, тој иако ги наплатил сите 600.000 евра, смее да користи само 180.000 евра, а останатите 420.000 мора да бидат на сметка и дека ќе може да ги користи дури по реализација на договореното, односно измена на ДУП-от? Нашите информации се дека има и бараме итно и неодложно постапување на институциите на прогонот, ЈО и Антикорупциска. Итно мора да се оформи предмет за овој повеќе од очигледен случај на корупција на Максим Димитриевски. Борецот за правда и лутиот ривал на ДУИ, Димитриевски, ниту е борец за правда, ниту се бори против ДУИ. Си ги сруши целосно клучните ветувања пред граѓаните. Се испостави дека го интересираат само пари и бизнис, и дека за да го реализира тоа, спремен е да прави договори со секој, па дури и со ДУИ, за која цела кампања зборуваше дека мора да оди во опозиција. Прес-конференција, Александар Јовановски, советник во Советот на општина Куманово Скопје, 8 мај 2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 16.11.2026 до 20.11.2026 зема 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
КултураНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработкаНародниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи. Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки. Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа. НУ Народен театар Битола продолжува да гради мостови, да отвора нови хоризонти и да ја афирмира Битола како град на театарот и културата. Народен театар Битола – со корени во традицијата, со поглед кон светот!Тагови: НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Ни срам, ни перде – ВМРО-ДПМНЕ двапати ги одби електронските алки, а денес говори со грижа за женитеОва не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми.Народот вели „ни срам, ни перде“, а токму така денес изгледа ВМРО-ДПМНЕ кога по трагичните убиства не само на Ајнет во Битола и Билјана Кириќ во Богданци, туку на Рамајана, Танкица, Ивана и нејзината ќерка, и многу други, излегува со соопштенија и зборува за превенција и заштита на жените. Со кој морал, со кој образ и со кое чувство на политичка надмоќ раководството на ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партнер на младите и жените во спречувањето на насилството, кога во Собранието двапати – не еднаш, туку двапати – го одби предлог-законот на Либерално-демократската партија (ЛДП) за воведување електронски нараквици за следење на насилниците? „До кога ќе ги слушаме жените како молат да не бидат убиени а добрите предлог-закони ќе бидат во фиока? Доста со тоа „решете си го проблемот дома“, токму зад тие четири ѕида жени секојдневно живеат во страв, трпат насилство, молат за помош, а некои никогаш не излегуваат живи! Ова е насилството што го нормализиравме во Македонија“, вели претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова. Ова не е прашање на политички препукувања, туку трагична реалност во која можеа да бидат превенирани смртни случаи, тешки последици, скршени семејства и трауми. Наместо да пишуваат празни соопштенија и да се кријат зад половични решенија кои со месеци ги држат заглавени во собраниските фиоки уште од летото, власта имаше конкретен, сеопфатен предлог доставен од ЛДП – закон кој прецизно уредува не само воведување на електронската нараквица, туку и начинот на нејзина употреба, случаите во кои е задолжителна и итните мерки за заштита на жртвите. Да имаше ЛДП самостојно мнозинство во Собранието, овој систем одамна ќе беше функционален и ќе спасеше човечки животи, но во вакви услови неопходна е парламентарна поддршка. Затоа порачуваме: имате мнозинство во Собранието, веднаш прифатете го и изгласајте го предлогот на ЛДП! Престанете да испраќате лицемерни соопштенија додека институциите и јавноста секојдневно се соочуваат со сѐ повеќе пријави за насилство кое завршува трагично. Секое ваше ново оправдување без конкретни дела само го зголемува гневот кај граѓаните. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter