ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
1ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници
2„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
3Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026
МакедонијаСДСМ до Мицкоски: Со Дрисла управува ВМРО-ДПМНЕ, заеднички со ДУИ!Ниту Христијан Мицкоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да побегнат од одговорноста за еколошката катастрофа којашто му се случува на Скопје и труењето на граѓаните поради горењето на депонитте Дрисла и Вардариште. Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на Дрисла, https://drisla.mk/organizacziona-struktura/ Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент. Со депонијата Вардариште пак со децении управуваат градоначалници на ВМРО – ДПМНЕ, како Коце Трајановски, Бобан Стефковски. ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници пред 4 години ветуваа „затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“. Тимчо Муцунски ветуваше „дислокација на претоварната депонија Вардариште“. Мицкоски и Арсовска ветуваа „зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше „фабрика за селекција на отпад“ во Дрисла. Денеска ништо од ова не е исполнето. Вперувањето на прстот кон други е признание на Мицкоски дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не ги исполни ветувањата кон граѓаните туку не мрдна со прст и ги остави скопјани да се трујат. СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилнициСДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик. Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства. Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија. Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаОпштина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава.Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други. Од бургери, такоси и гиро, преку суши и различни интернационални специјалитети, па сè до атрактивни десерти – годинешното издание носи значително побогата понуда, со вкусови за секој поединец. AERO Street Food Festival и оваа година останува доследен на определбата да даде простор исклучиво на македонски изведувачи и да ја промовира домашната музичка сцена. Фестивалската програма ќе понуди настапи на познати музички имиња, бендови и диџеи, со различни жанрови и музички изрази наменети за повеќе генерации. Секоја фестивалска вечер ќе биде исполнета со музика во живо и DJ-сетови. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel, Acoustic Division со трибјут посветен на Владо Јаневски, Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, Fluere, DJ Guardian и DJ Ficho. Фестивалот ќе заврши со настап на диџеите од Sure Shotz и специјален трибјут посветен на ДНК. Со спојот на квалитетна street food понуда, македонска музика и урбана атмосфера, AERO Street Food Festival има цел да создаде препознатливо место за дружење и забава, каде што заедно ќе уживаат семејствата, младите и сите љубители на добрата храна и музика. Настанот е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаваат неговата важност за збогатување на културната и забавната понуда во градот, како и за промоција и поддршка на домашната музичка и локалната гастрономска сцена. Од 4 до 8 септември нè очекуваат пет фестивалски вечери исполнети со нови вкусови, македонска музика и одлична атмосфера. AERO Street Food Festival 2026 – поголем, позвучен и поразновиден од кога било досега! Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook