СДСМ: Димитриеска-Кочоска го претвори Министерството за финансии во штаб на ВМРО-ДПМНЕ - Канал 5

СДСМ: Димитриеска-Кочоска го претвори Министерството за финансии во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денес јавно демонстрираше што значи класична партиска злоупотреба на државна функција.

СДСМ: Димитриеска-Кочоска го претвори Министерството за финансии во штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Во работно време, во кабинетот на Министерството, примила и промовирала кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, како да се наоѓа во партиски штаб, а не во државна институција. За ова уште се пофалила на Фејсбук како да е дел од нејзините работни обврски.

Наместо да се справува со инфлацијата, дефицитот и економскиот хаос кој го создава нејзината Влада, Димитриеска-Кочоска води кампања за ВМРО-ДПМНЕ, од државна функција, со државна плата и во државни простории.

Мешањето на партијата и институциите беше и останува заштитен знак на Владата на Мицкоски.

Министерството за финансии, кое треба да биде симбол на одговорност и неутралност, станува алатка за партиски цели и кампањи.

Кочоска да кажае дали секој кандидат ќе биде примен кај министерката, или оваа гостопримливост важи само за членовите на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто граѓаните да ја плаќаат неа и вработените за да тера партиски агенди?

Кочоска е меѓу најслабите министри, нема капацитет да го води ниту својот ресор, а наоѓа време да се занимава со партиски промоции и фотосесии во кабинетот.

Оваа злоупотреба мора да запре. Граѓаните заслужуваат министри кои работат за нив, а не за партијата.

СДСМ остро ја осудува оваа постапка, очекува реакција од надлежните институции и уште еднаш предупредува: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира секоја институција до која ќе дојде, по секоја цена и без срам.

Скопје, 06.08.2025

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов електричен „SUV“ ја освојува Европа: Над 10.000 продадени возила за само два месеци

„BMW“ започна со испораки на „iX3“ во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 единици.

Нов електричен „SUV“ ја освојува Европа: Над 10.000 продадени возила за само два месеци

Новиот „BMW iX3“ бележи одлични резултати на европскиот пазар. Електричниот „SUV“ од втората генерација достигна повеќе од 10.000 продадени единици за само два месеци, што го прави еден од најуспешните нови електрични модели во премиум сегментот.

„BMW“ започна со испораки во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 единици. Ова го става „iX3“ пред „Polestar 4“, кој постигна 8.925 регистрации во истиот период, иако е присутен на пазарот подолго време, пишува „CarScoops“.

Моделот се приближи и до „Audi Q6 e-tron“, кој забележа 12.536 продадени единици во првите четири месеци од годината. Сепак, „Audi“ бележи пад на продажбата од 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, па затоа „BMW“ наскоро би можел да ја преземе водечката улога.

На почетокот на годината, „BMW“ објави дека собрала повеќе од 50.000 нарачки за новиот „iX3“. Поради големата побарувачка, компанијата дури воведе и дополнителна смена во својата фабрика во Дебрецен, Унгарија.

Интересно е што еден од тројца купувачи на новиот „iX3“ претходно не поседувал „BMW“, што покажува дека електричниот „SUV“ успешно привлекува возачи од други брендови.

Испораките на моделот наскоро ќе започнат на американскиот и азискиот пазар, каде што „BMW“ очекува континуиран силен раст на продажбата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов удар на Путин, пресретнати се

Британскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека им наредил на британските сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш утрово.

Нов удар на Путин, пресретнати се

„Во раните утрински часови, им наредив на нашите вооружени сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш“, рече Стармер во објава на социјалните мрежи.

Според него, „оваа успешна операција задава уште еден удар на Русија и ги потсетува оние кои ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да им биде дозволено да се кријат“.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што учествуваа, вклучувајќи ги нашите вооружени сили и службениците за спроведување на законот кои ја чуваат оваа земја безбедна 24 часа на ден, 365 дена во годината“, заклучи Стармер.

Порано оваа недела, „The Times“ ги објави резултатите од истрагата, според која членови на руската приватна воена компанија Вагнер учествувале во обезбедувањето танкери од руската „флота во сенка“ за време на нивното минување низ Ламанш. Како што е наведено, бродовите на „флотата во сенка“ извршија голем број транзити низ британските води од 2023 година, и покрај санкциите воведени врз Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: „Се согласија“

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран „се согласил“ никогаш да нема нуклеарно оружје.

Трамп: „Се согласија“

„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“.

Како што додаде, цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација.

Трамп претходно во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе му оневозможи на Иран да добие нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормутскиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај.

Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер