СДСМ: Дезинформаторот Милошоски да поднесе оставка од фунцкијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува - Канал 5

СДСМ: Дезинформаторот Милошоски да поднесе оставка од фунцкијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува

Антонио фејк њуз Милошоски се промовира како најголем извор на лажни вести и дезинформации, се наведува во соопштението на СДСМ. 

СДСМ: Дезинформаторот Милошоски да поднесе оставка од фунцкијата пратеник затоа што не е достоен да ја извршува

Милошоски ја злоупотреби говорницата во Собранието и пратеничките прашања, за да шири лажни вести со што го наруши угледот на Собранието и меѓународниот углед на државата.

Лагите на Милошоски дека наводно бизнисмен бил рекетиран и барал помош во амбасадата на Белорусија во Белград и официјално беа демантирани од Почесниот конзулат на Република Белорусија во Република Северна Македонија.

За таквите негови тврдења, во официјалното известување од Конзулатот стои дека „се што беше искажано се едноставно лажни вести".

Ова е пример за неодговорно и недостојно однесување на Милошоски што не се случува за првпат.

Претходно, Милошоски лажеше дека дури седум земји на ЕУ биле против тоа нашата земја да започне преговори со Унијата, што беше експресно демантирано од високи претсавници на ЕУ. Лагите на дезинформаторот Милошоски се срамни и се на штета на угледот на државата, на штета на интересите на граѓаните.

Дезинформаторот Милошоски не е достоен да ја извршува функцијата пратеник и мора да поднесе оставка.

Уште еднаш се потврди дека единствената понуда на ВМРО-ДПМНЕ се лажни вести, дезинформации и конструирани случаи против интересите на државата и граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Весна Јаневска во „Вести Плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Весна Јаневска

 Весна Јаневска во „Вести Плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер