3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
МакедонијаСДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!По изјавата на Христијан Мицкоски, во која повторно „имал чувство“ за идни процеси против функционери на СДСМ, одговорот е јасен и директен.Откако ги постави своите луѓе на клучните позиции во судството и обвинителството, сега, кога самиот тој станува предмет на интерес на меѓународни истраги, Мицкоски почнува, преку злоупотреба на институциите, да се обидува да ги сокрие вистинските процеси поврзани со криминал и корупција од јавноста. Повторно „нарачува“ процеси преку медиуми, мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација. Исто како и порано, сега ја повторува истата матрица – само што овој пат неговото „чувство“ го диктира стравот. Имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски! Имаме чувство дека Европското обвинителство веќе го има предметот за Орбановите бизнис-комбинации, во кои е вмешан и самиот Мицкоски. Имаме чувство дека граѓаните на Македонија многу наскоро ќе чујат шокантни детали за договорите Орбан–Мицкоски–Вучиќ на Балканот. Имаме чувство дека ќе дознаат како се трошеле парите на македонските граѓани – преку какви кредити, медиуми, телекомуникации и инфраструктурни проекти. Имаме чувство дека ќе стане збор и за перење пари преку одредени финансиски институции. Ова, сепак, е само чувство. Но, де факто и де јуре знаеме дека за сето ова ќе мора да се одговара – пред домашното и пред меѓународното правосудство. Наместо да им задава задачи на своите обвинители преку медиуми, за да има материјал за својата таблоидна мрежа (од Орбан), нека се подготви да ги објасни своите сопствени врски со криминалниот режим на Орбан, бидејќи наскоро ќе му требаат пред суд. СДСМ останува на ставот дека сите мора да бидат еднакви пред законот – вклучително и оние кои денес седат во премиерската фотелја и се обидуваат државата да ја користат како штит за своите бизнис-комбинации, како и сите оние кои државните институции ги користеле за лична и партиска корист. Имаме чувство дека Мицкоски го чека истата судбина како и Груевски, само што овој пат ќе мора да се соочи со неа – дали како Ванчо, ќе видиме! Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
АвтомобилизамВолво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни местаАкциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска. „Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“. Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра. Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина. „Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон. Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет. Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување. Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година. Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината. Тагови: Волво Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во СрбијаШефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат. Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес. Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЈотова со неочекувано слаб резултат, оди во втор изборен круг со ЃуровАктуелната бугарска претседателка Илијана Јотова има мала предност во првиот круг од претседателските избори во Бугарија пред поранешниот привремен премиер Андреј Ѓуров, покажаа излезните анкети.Анкетите покажуваат дека Јотова добила помеѓу 35 и 36,5 проценти од гласовите, а Ѓуров помеѓу 32,2 и 32,5 проценти. Разликата меѓу двајцата кандидати е значително помала од она што го покажаа предизборните анкети, според кои се предвидуваше дека Јотова ќе добие повеќе од 40 проценти од гласовите, а Ѓурова малку повеќе од 28 проценти. Доколку тврдењата на анкетите се потврдат со официјални резултати, двајцата ќе се соочат во вториот круг на 1 ноември. Јотова се залага за дијалог со Москва, додека Ѓурова е поддржана од прозападната опозиција. Бугарите избраа нов претседател од 27 кандидати. Претседателската функција е претежно церемонијална, но изборите добија на значење по серијата напади со беспилотни летала врз трговски бродови по должината на бугарскиот брег на Црното Море, во кои загинаа околу дваесет морнари од различни земји. Бугарија е во незгодна ситуација Тие напади предизвикаа низа осуди од меѓународната заедница, како и загриженост за ширењето на руско-украинската војна. Затоа, бугарската влада побара помош од сојузниците на НАТО за зајакнување на поморската безбедност. Двајцата водечки претседателски кандидати ги осудија нападите. Андреј Ѓуров, кој привремено беше премиер оваа година, ужива поддршка од прозападните, реформистички партии. Тој отворено ја поддржува Украина, а како премиер потпиша договор за безбедносна соработка со Киев. Илијана Јотова беше потпретседател на земјата, а функцијата претседател ја извршува од јануари, кога Румен Радев поднесе оставка за да се натпреварува на парламентарните избори. На тие избори, Радев победи, а политичките аналитичари го сметаат за про-Кремљ. Доколку Јотова победи во вториот круг, таа ќе стане првата жена претседател на Бугарија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook