Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
1Петрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?
3Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот - сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија
3Меѓународна поддршка на македонскиот пинг понг, Мохамед Атум од Јордан ќе тренира со најмладите пинг понгари
МакедонијаСДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шемата на неговиот директор Стоилев?Директоот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито.Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД програмите. Повеќе од година и пол низ земјоделските кругови се зборува дека се бараат провизии, се задржуваат предмети во фиоки, дека се вршат притисоци врз службеници кои одбиваат да бидат дел од тој механизам. Сега тоа доби и конкретна потврда, директорот од ДПМНЕ е фатен со рацете во криминал. Прашањето е дали и министерот Трипуновски е замешен во оваа корупциска шема? Ќе поднесе ли оставка или ќе гледаме уште една фарса без одговорност? Уште колку други случаи на земање мито и злоупотреби се прикриени во Агенцијата и Министерството? Овој корупциски скандал е директна закана ИПАРД програмата целосно да биде суспендирана од ЕУ. Доколку продолжи оваа состојба, ќе се блокираат милиони евра кои треба да завршат кај македонските земјоделци. Затоа мора да им целосна одговорност од првиот до последниот. Со години се градеше транспарентен и ефикасен систем што им помагаше на земјоделците да ги искористат европските пари преку ИПАРД програмата. Македонија беше првa во регионот по искористеност на ИПАРД, вистински пример за успешна европска приказна. Денес, по само година и пол власт на ДПМНЕ и Трипуновски избива огромен корупциски скандал. Ова е слика на Македонија под ВМРО-ДПМНЕ: држава на партиска корупција на секое ниво каде парите на земјоделците ги крадат функционерите на власт. Одговорност за ова мора да има. Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Пратеникот Филипче да каже зошто досега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра?Пратеникот Филипче да каже зошто до сега молчел и не се обратил до ЈО, за скандалот на Славјанка Петровска вреден 37 милиони евра? Дали распукувањето на калимерата меѓу овие двајца пратеници од редовите на СДС, воедно и поранешни владини функционери, го натера пратеникот Филипче да прозбори за како што вели тој, скандал вреден 37 милиони евра на пратеничката Славјанка Петровска, додека ја извршувала функцијата министерка за одбрана. Доколку Филипче знаел за ова, а не пријавил, тој по којзнае кој пат прави кривично дело. Имено, непријавување кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од КЗ и за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. А со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, го повикуваме ЈО, да го повика Филипче на информативен разговор и да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НаукаФренсис Халзен е добитник на Нобеловата награда за физика Добитник на Нобеловата награда за физика е Френсис Халзен од Универзитетот во Висконсин. Наградата му е доделена „за неговиот клучен придонес кон Опсерваторијата за неутрина ’Ајс-кјуб‘ (IceCube) и откривањето на неутрина со висока енергија од астрофизичко потекло“, соопшти организацијата што ја доделува наградата, пренесува „Гардијан“. Опсерваторијата за неутрина „Ајс-кјуб“ се наоѓа во станицата „Амундсен-Скот“ на Јужниот пол на Антарктикот и располага со мрежа од сензори поставени под антарктичкиот мраз. Нобеловата награда за медицина вчера им беше доделена на Карл Дајсерот (54), Петер Хегеман (71) и Георг Нагел (73) за истражување на мозочната активност, кое опфаќа проучување на јонски канали контролирани со светлина и оптогенетика. Нобеловата награда за хемија ќе биде доделена утре, онаа за литература – задутре, а Нобеловата награда за мир – во петок. Наградата на Шведската банка за економски науки во спомен на Алфред Нобел ќе биде доделена на 12 октомври. Паричниот износ на овогодишната награда изнесува 12 милиони шведски круни, што е околу 1,2 милиони американски долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Карпош: Инспекцијата на терен Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината. Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина. Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook