СДСМ : Дали 5 милиони евра е дилот за Гета? Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните - Канал 5

СДСМ : Дали 5 милиони евра е дилот за Гета? Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

Граѓаните плаќаат а владата крие колку чини концертот на Дејвид Гета за независноста.

СДСМ : Дали 5 милиони евра е дилот за Гета? Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

Наместо да заобиколува и да се крие зад некакви договорни клаузули, Владата има обврска јавно да каже колку ќе ги чини граѓаните.

Ова само ги подгрева сомнежите дека станува збор за дил во четири очи позади кој се кријат дебели провизии.

Сите детали мора да бидат јавно објавени.

Ние не сме против Дејвид Гета и негов настап, не сме против концерти и прослави.

Ние сме против криминал, против криење информации и лапање пари зад грбот на народот за милионски провизии.

Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра и оваа сума е само за него. Дополнителни трошоци има се за бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери - што уште повеќе ја крева сумата.

Граѓаните имаат право да знаат колку пари ќе се потрошат, од каде се обезбедени парите, зошто немаше јавен повик и тендер, како е одлучено фирмата „Авалон“ да организира државна манифестација - фирма која е со блокирана сметка и е секој пат на листата на должници на УЈП.

И најважно, Владата мора да одговори како е дозволено продажбата на билетите за државен настан да оди преку „Авалон“?

Каде завршуваат овие пари и по кој основ токму оваа фирма е вклучена во организацијата и продажбата?

Дополнително, познато е дека вакви светски музички имиња бараат високи авансни исплати и до 30% уште пред одржувањето на концертите.

Дали веќе се исплатени пари по овој основ, колку и на кој начин?

Се најавуваат и останати 120 артисти - кој одлучува кои артисти ќе бидат донесени?

Фирмите кои што се занимаваат со ваков тип на настан веќе шпекулираат дека сумата што е договорена е над 3 милиони евра а може да достигне и до 5 милиони евра.

Независноста на државата треба достоинствено да се одбележува, а не криминалната организација ВМРО, да го корумпира и валка со матни пари и Денот на независноста.

Прес конференеција на СДММ, Кристијан Дојчиновски

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

По топлото и сончево време, во Македонија следува краткотрајна нестабилност, по која од четврток се очекува нов период на многу високи температури.

Утре пороен дожд и грмежи, па пеколни температури

Според прогнозата на управа за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден на места ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилноста ќе биде локална, а во среда услови за развој на нестабилност ќе има претежно во планинските региони.

Но, заладувањето ќе биде краткотрајно. Од четврток следува период на многу топло време, а особено високи температури се очекуваат во текот на викендот, кога дневните температури на места би можеле да надминат 40 степени целзиусови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Екс-министерто за култура Зоран Љутков нема да се врати во Драмскиот театар, туку ќе продолжи да биде дел од владиот кабинет, потврдуваат од владата.

Разрешениот министер Љутков стана национален координатор за култура

Неговата нова позиција е национален координатор за култура.

-Неговото докажано искуство, пред се како докажан актер е предност и додадена вредност во владиниот кабинет – велат од владата за Канал 5.

Љутков беше минстер од формирањето на владата во 2024 година, а функцијата ја напушти во рамки на реконструкцијата на владиниот состав кога на негово место беше избран дотогашниот заменик-министер Седат Сулејмани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Пет пожари се активни до 13 часот, два се ставени под контрола, а три се изгаснати, информираше ЦУК.  

ЦУК: До 13 часот регистрирани 10 пожари, од нив пет се активни, два се под контрола, а три изгаснати

Активни пожари има во општина Студеничани кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер каде гори мешана шума, во општина Македонски Брод кај селата Драгов Дол и Локвица, опожарена е ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки. Во општините Велес кај село С’лп и селата Добрино и Тисовица во општина Зелениково, каде гори ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума.

Мешана шума гори на просторот меѓу општините Јегуновце, Желино и Сарај, а во општина Штип во населба Балканска каде гори ниска вегетација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер