„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
1„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“
МакедонијаСДСМ: Да не го пропуштиме последниот воз за ЕУ – ајде заедно да ја споделиме одговорноста: малцинствата во УставМакедонија се наоѓа пред многу важен момент за нејзината иднина. Во период кога Европската Унија повторно го отвори процесот на проширување како врвен геостратешки приоритет, Македонија не смее да остане настрана.Доколку ја пропуштиме оваа шанса за полноправно членство во ЕУ, ризикуваме да станеме слепо црево на Балканот. Замјите од регионот напредуваат. Формирана е комисија за пристапниот договор на Црна Года, сериозен напредок има и Албанија. Ова е историски момент што Македонија не смее да го пропушти. Доколку не се качиме на овој европски воз сега, можно е вратите да бидат затворени со децении. Ако останеме надвор од процесот, нема да бидеме дел од новите европски буџетски рамки, нема да имаме пристап до развојни фондови и ќе продолжиме да тонеме во сиромаштија и неизвесност. Заглавена во корупција и криминал, со партизирани институции, систем којшто не функционира. Најголемата цена ќе ја платат младите. Младите ќе продолжат да ја напуштаат државата, а Македонија ќе остане заглавена во изолација, без перспектива и без развој со најниски плати и најнизок животен стандард во Европа. Младите се разочарани, немаат време за губење и не веруваат на зборови, потреби се дела, потребна е промена на системот. Затоа претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го повика Христијан Мицкоски на државничка одговорност. Заеднички да ги изгласаме уставните измени. Подготвени сме целосно да ја споделиме одговорноста за овој процес, како што тоа го правеле сите политички партии во државите што успешно преговарале и станале членки на Европската Унија. Македонскиот идентитет, јазик и култура се заштитени и никако не се загрозени. Преговараме со ЕУ а не со Бугарија, малцинствата се европско прашање. Мицкоски да не го користи нон- пејперот на Мерц како дополнително алиби и изговор да не се направат следните чекори, кои што како што сите укажуваат, не може да бидат променети. Мерц не вели дека реформите не се потребни – напротив, овој предлог е само порака која треба да ги мотивира земјите кандидати да работат побрзо и поефикасно. СДСМ не се согласува со предлогот за придружено членство без полноправно членство во Европската Унија. Ние бараме целосно членство во Европската Унија. Да ги внесеме малцинствата во уставот, да ги изгласаме уставните измени, за иднината на младите и иднината на државата. Малцинства во Уставот сега. Европа сега! Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Скопје, 22.05.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Одраз“ вечерва во Битола: Делата на Наташа Божарова првпат пред македонската публика, музички перформанс на Нико Ѓоргиевски од „Мизар“Вечерва, 3 октомври, со почеток во 20 часот, во кафе „Тигре“ во Битола ќе се одржи уметничкиот настан „Одраз“, на кој за првпат пред македонската публика ќе бидат претставени сликарски дела на македонската скулпторка и сликарка Наташа Божарова.</Покрај сликарските дела, публиката ќе има можност да види и дел од скулптурите на Божарова, чиј скулпторски опус во најголем дел се наоѓа во Италија, додека дел од нејзините дела се наоѓаат во Македонија. „Одраз“ ќе биде надополнет со музички перформанс на битолчанецот Нико Ѓоргиевски, македонски тенор и вокал на рок-бендот „Мизар“. Ѓоргиевски ќе изведе интерпретации на дела од светската андерграунд музичка сцена кои влијаеле врз неговиот уметнички развој и музички израз. Настанот ги обединува сликарството, скулптурата и музиката преку творештвото и уметничките влијанија што го обликувале патот на Наташа Божарова и Нико Ѓоргиевски. „Одраз“ Вечерва, 3 октомври, во 20:00 часот Кафе „Тигре“, БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРама: „Европската Унија ја лаже Украина“Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше пристапот на ЕУ кон преговорите за пристапување на Украина во интервју за германскиот „Велт“.Рама зборуваше за процесот на пристапување на Западен Балкан. Тој истакна дека од Источна Германија не се барало да ги исполни барањата од сите 33 преговарачки поглавја во 1989 година. Рама рече дека ЕУ веројатно ќе бара уште поголеми напори од земјите од Западен Балкан, но дека тие сепак сакаат да бидат нејзин дел. „Украина е земја која е измамена“, рече Рама. Рама додаде дека Украина никогаш нема да биде примена преку стандардниот процес на пристапување, со исполнување на сите критериуми, и дека сите се свесни за ова. Тој рече дека реално решение би било Украина веднаш да се приклучи на преговорите и да добие полноправно членство врз основа на заслуги.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook