СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера - Канал 5

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера

После една година од изборите и речиси цела година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ заклучокот за меѓународната политика и дипломатијата е поразителен

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера

После една година од изборите и речиси цела година од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ заклучокот за меѓународната политика и дипломатијата е поразителен:

Ниту едно предизборно ветување на ВМРО-ДПМНЕ не е исполнето.

Ветуваа променета и подобра преговарачка рамка за членство во ЕУ, ветуваа подобра меѓународна позиција на Македонија, ветуваа силна надворешна политика и нови меѓународни успеси.

Реалноста е сосема спротивна: Македонија има полоша меѓународна позиција, нема подобра преговарачка рамка, закочен е европскиот пат а нема ниту еден меѓународен успех.

Наместо подобра позиција за преговори со ЕУ, добивме целосно замрзнување на процесот и блокада на европската агенда.

За време на мандатот на СДСМ, Македонија напредуваше во европската интеграција.

Денес сме зад Албанија, зад Црна Гора, зад сите. Тоа е вистината. Молдавија го завзема местото на Македонија на патот кон ЕУ, ние остануваме назад, заглавени во неизвесност.

На секое поле во меѓународната политика е хаос, владата не знае каде тера.

Власта не успеа да покаже конзистента и државничка политика со стратешките парнери ЕУ и САД.

Посетите на премиерот Мицкоски во САД се сведоа на фотографии од хотелски лобија, ракувања „на нога“ со новинари и неколку бизнисмени - без конкретен бенефит за државата.

Наместо успех и „влегување во периметарот“ добивме маргинализација и царини највисоки во регионот.

Нема никаков успех на меѓународен план, затоа што воопшто и не се работи.

Додека земјите од регионот водат дипломатска агресивна агенда преку средби со високи државници, нашата дипломатија е сведена на бирократски протокол и импровизација, без стратегија и реална надворешно-политичка визија.

Министерот за надворешни работи, Муцунски, за една година не покажа никаков резултат, нема ниту еден успех.

Единствен потег што го направи е партиско-политички чистки во дипломатијата, незаконско отповикување на амбасадори, замена на професионалци со партиски кадри.

Сето тоа кулминира со обидот за противуставно менување на Законот за надворешни работи, со цел Владата да го преземе и последниот збор во дипломатијата, исклучувајќи го Претседателот на државата.

Македонија нема амбасадори во клучни европски држави: Франција, Италија, Данска, Белгија, Романија, Унгарија, Естонија.

Нема амбасадори во НАТО, Женева, Њујорк. Воедно Владата нема назначено ниту Генерални конзули во важни конзулати како Солун, Мелбурн, Њујорк, Детроит, Торонто.

Дури и во Кралството Данска, држава што од 1 јули ќе претседава со ЕУ – Македонија нема предложено амбасадор.

Дипломатско-конзуларните претставништва се речиси нефункционални, а дипломатите сами, без поддршка, се борат да ја претставуваат државата.

Ова е дипломатски срам, ова е целосно потфрлање на македонската дипломатија.

СДСМ е партија што ја доведе државата најблиску до ЕУ, и ќе продолжи да се бори – за отворање на поглавјата, за активна надворешна политика, и за Македонија како рамноправен партнер во НАТО и ЕУ.

Прес конференција на СДСМ, Фатон Бејта – Комисија за надворешни работи

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји.

„Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“

„Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен.

Двете лидерки – единствените две жени што предводат влади во Европската Унија – инсистираа дека „мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ за враќање во трети земји надвор од ЕУ, како и други иновативни решенија надвор од Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изглед

Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти. 

Фото: Хејли Бибер повторно воодушеви со својот изглед

Со најновите фотографии, Хејли Бибер покажа дека е вечна инспирација за многу девојки кога станува збор за изгледот, но и за рутините поврзани со убавината и фитнесот, кои таа секогаш со задоволство ги споделува со своите следбеници.

Манекенката и бизнисменка Хејли Бибер повторно ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм, каде што објави серија фотографии што брзо собраа милиони лајкови и бројни комплименти.

На новите фотографии, Хејли ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини, но и им даде на фановите мал увид во секојдневието што стои зад нејзиниот изглед.

Покрај опуштените летни фотографии, таа објави и слики од теретана, потврдувајќи дека редовното вежбање е важен дел од нејзината рутина – како што претходно се пишуваше, особено кога станува збор за вежбите што ги прави за задникот.

Нејзината витка и затегната фигура повторно привлече големо внимание, а многумина во коментарите истакнаа дека таа изгледа подобро од кога било.

Хејли со години негува минималистички пристап кон тренингот и исхраната и често нагласува дека најважно за неа е да се чувствува здраво, силно и задоволно во своето тело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

Министерот Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија, Рита Колумбија.

Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во фокусот на средбата

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Во текот на средбата беше истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание беше посветено на Петгодишната рамка за соработка со Владата. Во рамките на оваа соработка се разговараше и за четирите главни столба, меѓу кои и реформите поврзани со Европската Унија и спроведувањето на приоритетите од владината програма.

Значаен дел од разговорот беше посветен на приближувањето и соработката меѓу различните етнички заедници во земјата, со посебен акцент на младите како обединувачка сила. Во таа насока беше оценета важноста на младинските клубови кои функционираат во рамките на општините, како и на студентските унии, како простори каде што младите можат поактивно да се вклучат во општествениот живот и во процесите на донесување одлуки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер