3Врнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините
3Крик на пациенти со канцер за помош на Онкологија – часови чекање, залудни патувања и неизвесност за терапијата
МакедонијаСДСМ: Брутална партизација на образованието пред избориПочитувани, Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ Според информациите кои ни ги доставија свиркачи: Соња Зашоска, советничка во Општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ, треба да биде унапредена во раководител на одделение за инспекциски надзор и оценување на квалитет. Таа е истата инспекторка која го заштити Бојан Христовски од АНБ и неговото незаконски стекнато образование. Дали ова е награда за неа? Очигледно. Понатаму, Валерија Анастасова, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, според истите информации од свиркачите, ќе биде унапредена во раководител на сектор за стручно-административни работи. Христина Јованоска, сегашен инспектор, ќе биде поставена за помошник главен инспектор. Јане Николоски, исто така кадар на ДПМНЕ, ќе биде назначен за помошник раководител на сектор за односи со јавност и превод. Паралелно со ова, се распишува јавен оглас за нови вработувања во инспекторатот – исто така по партиска линија. Партизацијата на образованието е брутална, на сите можни нивоа и со незаконски огласи за вработувања. Само во последните неколку дена, распишани се незаконски огласи за вкупно 123 работни места – наводно за образовни асистенти во училишта кои не се трансферирани во ресурсни центри. Огласите се незаконски затоа што, според Законот за средно образование, само такви установи можат да вработуваат образовни асистенти. Незаконитостите не застануваат тука: Интервјуата за дел од огласите започнале уште пред да истече рокот за пријавување. Постапките биле координирани од директорот на „Искра“, Марјан Арсов, од странство преку приватна Viber група. Бараме: - Итно да се поништат овие срамни огласи и незаконски унапредувања. - Да се разрешат сите директори кои спровеле незаконска постапка. - Да се запрат партиските вработувања и унапредувања. Ова е срам за образованието, срам за институциите, срам за државата. Наместо квалитет и независност, добиваме партиска приватизација на институциите – на штета на учениците, наставниците и сите граѓани. Центар за комуникации со јавноста на СДСМ Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40
МакедонијаЈанев во посета на РЦГР – Запад: Проактивното работење е клучно за безбедноста на границатаДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид.Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (08.10.2026) оствари работна посета на Регионалниот центар за гранични работи – Запад во Охрид, каде со раководството разговараше за актуелните безбедносни предизвици и унапредувањето на полициското работење. Фокусот беше ставен на ризиците од прекуграничен криминал долж зелената и водената граница, состојбата на граничните премини, движењето и престојот на странски државјани, како и потребата од навремено препознавање и спречување на безбедносните ризици. „Безбедносната состојба е стабилна и поволна, но стабилноста не значи пасивност. Полицијата мора навреме да ги предвидува, анализира и спречува ризиците“, истакна Јанев. На средбата беше разговарано и за материјално-техничкото и кадровското зајакнување на капацитетите, функционирањето на регионалните командни центри, како и за унапредување на координацијата и размената на информации со надлежните институции. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на концептот „One Stop“ на граничните премини со Албанија, почнувајќи од ГП „Ќафасан“. „Целта е јасна – сигурна граница и полиција која делува превентивно и е чекор пред безбедносните предизвици“, порача Јанев, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи Дали Коридорот осум ќе финишира до 2032 година..И бугарската министерка и министерот Муцунски на конференцијата во Софија порачаа дека ќе се забрза реализацијата на Коридорот осум... Еврокомесарката Кос пак посочи дека посакува еден ден целиот Западен Балкан да биде дел од Европа.. Но позициите Скопје-Софија и по тет- а -тет средбата Муцунски- Петрова Чамова на маргините на министерскиот самит- остануваат непроменти... Софија очекува исполнување на обврските од преговарачката рамка, за Македонија пак клучни се реформите а не историските и идентитетските прашања... Муцунски оствари и средба со еврокомесарката Кос. Разговарале и околу билатералниот спор, но и околу начинот на кој ЕУ може да биде продуктивна во тој процес, изјави Муцунски... За пораките од овие средби повеќе детали од Софија има Дејан Србиновски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоВрнежливо време од утре до средината на следната недела со ниски температури- во вторник снег на планините Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 15 Попова Шапка, 20 Крушево, 22 Маврови Анови, Охрид, Претор, 24 Берово, Тетово, 25 Крива Паланка, Прилеп, 26 Битола, Зајчев Рид, 27 Демир Капија, Виница, Кавадарци, Струмица, Гевгелија, 28 Велес, 28 Скопје Петровец, Штип. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Сончево и релативно топло попладнево имаше зголемена облачност. До крајот на денот ќе има услови за појава на врнежи во северните и западните делови. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 26 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на циклонска активност, од утре до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во врнежи од снег.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40