МакедонијаСДСМ: Бројот на вработени намален за 17.000 – погубни економски политики на ВМРО-ДПМНЕМакедонија скапо ја плаќа неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Фрапатни се податоците кои покажуваат дека по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт во 2024 година во земјава има над 17.000 помалку вработени. Тоа е директен резултат на погубните економски политики, хаосот и несигурноста, како и напуштање на политиките кои ги востастави СДСМ за стабилна и одржлива економија. Со оваа неспособна Влада: -Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население е разочарано и заминува. -Фондот за пензиско осигурување е под притисок, бидејќи денес 1,63 вработени обезбедуваат една пензија, наместо 1,74 како што беше пред само една година. Владата нема стратегија, нема визија, нема мерки за задржување и отворање на нови работни места. Ова се последици од владеењето на Мицкоски, се зголемува несигурноста за младите, пензискиот систем се доведува во ризик а приватниот сектор е оставен сам да се снаоѓа. Граѓаните ја чувствуваат економската стагнација секој ден – на работа, на пазар, на семејна трпеза но за власта приоритет се манго, папаја, луксузни патувања за функционерите а не потребите на народот. Скопје, 05.08.2025 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамНов електричен „SUV“ ја освојува Европа: Над 10.000 продадени возила за само два месеци„BMW“ започна со испораки на „iX3“ во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 единици.Новиот „BMW iX3“ бележи одлични резултати на европскиот пазар. Електричниот „SUV“ од втората генерација достигна повеќе од 10.000 продадени единици за само два месеци, што го прави еден од најуспешните нови електрични модели во премиум сегментот. „BMW“ започна со испораки во Европа во март, а до крајот на април беа продадени 10.299 единици. Ова го става „iX3“ пред „Polestar 4“, кој постигна 8.925 регистрации во истиот период, иако е присутен на пазарот подолго време, пишува „CarScoops“. Моделот се приближи и до „Audi Q6 e-tron“, кој забележа 12.536 продадени единици во првите четири месеци од годината. Сепак, „Audi“ бележи пад на продажбата од 23 проценти во споредба со истиот период минатата година, па затоа „BMW“ наскоро би можел да ја преземе водечката улога. На почетокот на годината, „BMW“ објави дека собрала повеќе од 50.000 нарачки за новиот „iX3“. Поради големата побарувачка, компанијата дури воведе и дополнителна смена во својата фабрика во Дебрецен, Унгарија. Интересно е што еден од тројца купувачи на новиот „iX3“ претходно не поседувал „BMW“, што покажува дека електричниот „SUV“ успешно привлекува возачи од други брендови. Испораките на моделот наскоро ќе започнат на американскиот и азискиот пазар, каде што „BMW“ очекува континуиран силен раст на продажбата. Извор: Б92Тагови: BMW Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов удар на Путин, пресретнати сеБританскиот премиер Кир Стармер денес изјави дека им наредил на британските сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш утрово.„Во раните утрински часови, им наредив на нашите вооружени сили да пресретнат танкер за нафта од „флотата во сенка“ кој се обидувал да помине низ Ламанш“, рече Стармер во објава на социјалните мрежи. Според него, „оваа успешна операција задава уште еден удар на Русија и ги потсетува оние кои ја поттикнуваат војната на Путин во Украина дека нема да им биде дозволено да се кријат“. „Сакам да им се заблагодарам на сите што учествуваа, вклучувајќи ги нашите вооружени сили и службениците за спроведување на законот кои ја чуваат оваа земја безбедна 24 часа на ден, 365 дена во годината“, заклучи Стармер. Порано оваа недела, „The Times“ ги објави резултатите од истрагата, според која членови на руската приватна воена компанија Вагнер учествувале во обезбедувањето танкери од руската „флота во сенка“ за време на нивното минување низ Ламанш. Како што е наведено, бродовите на „флотата во сенка“ извршија голем број транзити низ британските води од 2023 година, и покрај санкциите воведени врз Русија.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на пуштање во употреба на Дом за стари лица во Илинден09:19Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37Пожар и панична евакуација на станарите, изгореле електрични кабли пред зграда во Кисела Вода 15:00Пожар избувна во орманче за струја пред зграда во Кисела Вода – изгореле кабли11:08
Мицкоски оствари средба со Ергодан: Беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи16:58
Николоски: Почнуваме изградба на нов автопат, Скопје - Блаце ќе биде главна артерија за поврзување со Косово и Црна Гора12:37
СветТрамп: „Се согласија“Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Иран „се согласил“ никогаш да нема нуклеарно оружје.„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го видела, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран, која се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормутскиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата социјална мрежа „Truth Social“. Како што додаде, цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација. Трамп претходно во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе му оневозможи на Иран да добие нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормутскиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај. Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter