СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата - Канал 5

СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

За една година Владата на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, спорот го претворија во жртва на нивниот хаос, корупција и неспособност.

СДСМ: Борко Ристовски е капитен на распадот на спортот во државата

За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, спортот не е важен. Единствената преостаната надеж за младите, за достоинството и меѓународниот имиџ на Македонија – спортот, тие го деградираа, го запоставија и го свртеа против спортистите.

Наместо поддршка, спортот од власта доби игнорирање. Наместо инвестиции, доби кратења. Министерот за спорт Борко Ристовски – заборави дека некогаш бил спортист - очигледно, министерската фотелја му е поважна од принципите по кои некогаш настапувал на терен.

Наместо да ги брани интересите на спортистите – тој денес ги брани интересите на партиските шефови. Од човек кој знае што значи да се биде дел од тим, денес гледаме министер кој е капитен на распадот во спортот.

Ристовски ги изманипулира спортистите. Наместо 15 милиони евра субвенции за спортистите, во Буџетот за 2025 година се предвидоа дупло помалку - 7,2 милиони евра. А со ребалансот, Ристовски дозволи уште еднаш да се скрати поддршката на 6,7 милиони евра - најниско ниво на субвенции за спорт до сега.

Во периодот кога спортистите од екипните спортови се подготвуваат за следната сезона, секој клуб, федерација и спортист се оставени со 40% помалку средства за директна поддршка.

И за овие субвенции нема отчет како се распределуваат, нема никаква контролa, министерот не објавил ниту еден документ, правилник или критериум за распределба на средства, систем или методологија како се распределуваат средствата.

Единствениот извор на информации е алатката open.finance – каде јасно се гледа селективноста, нелогичноста на сумите кои ги добиваат одредени спортови- пристрасноста на делењето на државните пари но и потчинувањето на клубовите блиски до коалиционите партнери.

Не е објавен ниту еден извештај од ниту еден спортски субјект, ниту Записник од спроведена контрола или инспекција како ги трошат народните пари а се фалат дека дале 20 милиони евра за две години. Јасно е дека и тука парите се делат според “Партиското тефтерче на Мицковски“ - Кој го има во тефтерчето, тој добива пари.

Наместо сервис за спортистите и клубовите кои ја претставуваат Македонија во светот, министерот Ристовски се претвори во бизнисмен, а Министерството за спорт во градежна фирма. Најталентираните кошаркари од Спортската академија останаа без професионални тренери поради директно партиско мешање на Министерството за спорт и Министерството за образование во конкурсот на Кошаркарската федерација – очигледно, за нив поважно е кој е во тефтерчето, односно кој е близок до нив.

До сега најголемиот успех на Министерот Ристовски е назначување на неговиот кум/кумашин за државен секретар во Министерството за спорт. Непотизмот цвета.

Го повикуваме Државниот завод за ревизија, да спроведе вонредна контрола на целокупното работење на Министерството за спорт, да утврдат како се распределуваат државните пари за спорт, на кој начин и врз кој основ и кои критериуми се почитувани при носењето на Одлуки за распределба.

Почитувани ,

Оваа Влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, успеа да го уништи и спортот – наместо да ги поттикнува младите, оваа влада ги одвраќа од спортот со понижувања и ускратени средства.

СДСМ секогаш ќе биде на страната на спортистите и ќе се бориме за чесен, транспарентен и системски поддржан спорт. Мора да го кренеме спортот на прави нозе!

YouTube video

Прес-конференција, Панче Милевски – Панта, претседател на Комисија за спорт на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Проширувањето на ЕУ треба да биде фокусирано на суштински реформи

Проширувањето на Европската Унија треба да биде фокусирано на суштински реформи, модернизација на институциите и нивно поголемо отворање кон граѓаните.

Мицкоски: Проширувањето на ЕУ треба да биде фокусирано на суштински реформи

Промените што го засегаат националниот идентитет не смеат да бидат услов за европска интеграција, бидејќи тоа го доведува во прашање кредибилитетот на самиот процес на проширување. Македонија останува конструктивен партнер, посветена на реформската агенда, целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и активно вклучена во европските иницијативи, со јасна стратешка цел полноправно членство во Европската Унија, порача премиерот Христијан Мицкоски на Форумот за проширување на Европската Унија - „EU Enlargement Forum 2026“, во организација на Европската комисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти

BMW почна повлекување на повеќе од 720.000 возила и им советуваше на сопствениците да ги паркираат на отворено. 

БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти

Упатствата се поврзани со ризикот од пожар, а целиот случај покажува како дури и најмалите дефекти можат да предизвикаат обемни и скапи сервисни акции. Сите автомобили ќе мора повторно да се сервисираат поради проблем што БМВ можеше да го открие само со помош на компјутерски томографски скенер, пишува Carscoops.

Проблемот е продолжението на повлекувањето од 2024 година. Во август истата година, германскиот производител повлече 720.796 автомобили поради можноста течност да влезе во електричниот приклучок на водната пумпа и да предизвика краток спој. Решението во тоа време беше да се пренасочи вишокот течност подалеку од конекторот. Две години подоцна, се покажа дека поправката не е доволна, па BMW повторно ги поканува сопствениците на истите возила на проверка.

Редослед на настани

Во случајот со првото повлекување, BMW како причина го наведе вишокот течност што стигнала до конекторот на пумпата преку системот за рециркулација. Речиси една година подоцна, компанијата доби извештај за термичко преоптоварување на електричен конектор на возило надвор од САД. Поправката веќе беше извршена на тој автомобил, па затоа на почетокот се сомневаше дека постапката за сервисирање не е правилно извршена.

Два месеци подоцна, во јуни 2025 година, BMW доби информации за сличен случај во САД, исто така на сервисирано возило. Производителот ги помина следните неколку месеци обидувајќи се да ја утврди причината. Во октомври, сè уште се сомневаше на лошо извршени поправки, но до јануари 2026 година, продолжија да се појавуваат примери на поправени автомобили со ист проблем. До април оваа година, BMW го истражуваше проблемот со компјутерски томограф и ангажираше надворешен експерт за помош.

Помеѓу мај и септември 2026 година, производителот заклучи дека врските може да станат кршливи со текот на времето поради навлегување на вода. Овој процес може да доведе до прегревање, краток спој и, во ретки случаи, пожар. Затоа, на сопствениците на засегнатите модели им се препорачува да ги паркираат своите возила на отворено и подалеку од згради.

Засегнати модели

Повлекувањето опфаќа одредени модели на BMW Серија 3 и Серија 4 (произведени од 2012 до 2016 година), X4 (2015-2018), X3 (2013-2017), Серија 2 (2014-2016), X5 (2016-2018), Серија 5 и Z4 Roadster (2012-2016) и X1 (2012-2015). Важно е да се истакне дека BMW проценува дека вистинскиот дефект е помал од 0,1 процент од повлечените возила. До 28 октомври 2026 година, компанијата регистрираше 10 случаи поврзани со овој проблем на американскиот пазар.

Иако е многу мал дел, доволно е за BMW да инвестира милиони во повторна проверка на сите автомобили. Тоа е исто така показател за прецизноста на современите системи за производство и безбедност. Иако бројот на повлекување е генерално во пораст, примери како овие илустрираат дека статистиката може да ја направи ситуацијата да изгледа полоша отколку што е.

Сопствениците во Америка можат да проверат дали нивниот автомобил е опфатен со повлекувањето со внесување на бројот на шасијата (VIN) на NHTSA.gov или со контактирање на локален дилер. BMW ќе почне да испраќа известувања до сопствениците по пошта околу Божиќ, што е подарок што сигурно никој не го сака.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?

​Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на Центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?

Попоска Вишинска: Каде ќе завршат близу 250 илјади евра, пари на центарци кои беа наменети за бесплатен оброк за учениците?

Во службен гласник на општина Центар, издаден на 28.12.2025 година, на страна 148, проект 22 јасно вели дека општината од септември 2026 година, ќе издвои 15 милиони денари или близу 250 илјади евра, за бесплатен оброк за сите ученици.

Два и пол месеци, учениците и родителите од Центар се излажани. Иако очекуваа бесплатен оброк, тие се уште од својот џеб ги плаќаат оброците на своите деца.

Бетон Герасимовски треба јасно да каже, зошто оваа мерка не е исполнета иако биле предвидени средства за истата? Дали Буџетот на општината е празен? Дали парите за оброкот се пренаменети за партиски интереси на СДС и Герасимовски?

Почитувани,

Бетон Герасимовски веќе не знае каде тера. По патот на неговиот претседател Филипче, сака да ја уништи општината, како што истиот ја уништува партијата.

Граѓаните на општина Центар да бидат спокојни, доаѓаат убави денови за срцето на Скопје.

YouTube video

Марина Попоска Вишинска, советник во Општина Центар од ВМРО - ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер