СДСМ: Бараме ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ - Канал 5

СДСМ: Бараме ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

СДСМ бара од Основното јавно обвинителство (ОЈО) да отвори предмет и да го испита непостапувањето на Трајко Славески во законски императивниот рок за избор на вицегувернери во Народната банка.

СДСМ: Бараме ОЈО веднаш да отвори предмет за Гувернерот и двајца Вицегувернери на НБМ

Станува збор за сериозни индиции за прекршување на законот и свесно блокирање на институционалниот процес од страна на гувернерот Славески.

Според Законот за Народната банка, вицегувернерите ги именува Собранието исклучиво на предлог на гувернерот. Со недоставување предлог, гувернерот директно ја блокира законската постапка и спречува Собранието да ја изврши својата уставна надлежност.

Член 55 јасно утврдува дека испразнето место мора да се пополни најдоцна во рок од два месеца по истекот на мандатот. Овој рок е обврзувачки и императивен а не препорачлив. Непочитувањето значи директна повреда на законот и злоупотреба на службената позиција

Во конкретниот случај, мандатите на вицегувернерите се истечени уште во октомври 2025 година, а законскиот рок истекол во декември 2025. И покрај тоа, тие продолжуваат да учествуваат во носење одлуки, што го доведува во прашање легитимитетот на целиот состав и на донесените акти.

Дополнително, иако веќе биле во нелегален мандат, Трајко Славески им исплатувал плати и најверојатно заедно носеле нелегитимни одредени одлуки со што ја довеле Македонија во правна и финансиска несигурност.

СДСМ укажува дека: постои основано сомнение за незаконито непостапување на гувернерот, институцијата функционира во спорен состав и одлуките донесени во такви услови можат да бидат правно оспорени.

Дополнително, постои и сериозен ризик од фаворизирање и нееднаков третман, бидејќи актуелен вицегувернер со истечен мандат е кандидат на истиот оглас.

Ова е директно спротивно на начелата на законитост, правна сигурност и добро управување, утврдени во Законот за Народната банка.

СДСМ бара ОЈО да утврди:

Дали гувернерот со непостапување ја прекршил законската обврска,

Дали е овозможено незаконско продолжување на мандати,

Дали одлуките на органите на НБМ се донесувани во незаконит состав.

Институциите не смеат да функционираат по волја на поединци. Законот мора да важи за сите, особено за оние што управуваат со најважните финансиски институции во државата.

Сите ќе одговарате!, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна средина

Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови.

ООУ „Гоце Делчев“, спортската сала и градинката „Лвче“ добија современ систем за загревање - почист воздух и поздрава училишна средина

Општина Аеродром воведе современ, енергетски ефикасен систем за загревање во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче, со кој значително се намалува потрошувачката на енергија и емисијата на штетни гасови, што денеска беше официјално пуштен во употреба. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс.

Со поставување топлински пумпи, автоматско управување со греењето и модернизација на котларницата, училиштето доби поефикасно и поеколошко загревање. Новите термостатски вентили овозможуваат подобра регулација на температурата и рационално користење на топлинската енергија и во спортската сала и во детската градинка „Лавче“ во рамките на овој комплекс.

Проектот се реализира во рамките на иницијативата „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“, со инвестиција од околу 180.000 долари, обезбедени преку проектот.

Со оваа инвестиција, Општина Аеродром продолжува да создава подобри услови за учениците и наставниците, вложувајќи во енергетската ефикасност, заштитата на животната средина и почистиот воздух.

Нашата цел е јасна - современи училишта, еколошко загревање и поздрава иднина за сите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој предатор нападнал и убил најмногу луѓе во историјата?

Кој предатор нападнал и убил најмногу луѓе во историјата, повеќето би се обложиле на погрешно животно

Кој предатор нападнал и убил најмногу луѓе во историјата?

Кога се размислува за предатор кој што одзел најмногу човечки животи низ историјата, веројатно прво на памет доаѓаат лавовите, тигрите или ајкулите.

Сепак, едно многу постаро животно би можело да ги надмине. Станува збор за крокодилите.

За разлика од големите мачки, крокодилите можат речиси незабележливо да го чекаат својот плен под површината на водата. А штом пленот ќе им се приближи доволно, тие ненадејно напаѓаат, го фаќаат со своите моќни вилици и го повлекуваат под вода.

Проблемот е во тоа што реките и езерата со илјадници години претставуваат клучни места за човечките населби. Луѓето доаѓале таму за да земат вода, да ловат риба и да ги извршуваат своите секојдневни обврски, честопати несвесни дека грабливецот ги набљудува.

Најопасни се нилскиот крокодил, кој е широко распространет во Африка, како и морскиот крокодил, кој живее во делови од Азија и Австралија. Двете видови можат да надминат должина од пет метри, а луѓето честопати се наоѓаат меѓу нивниот плен.

Колку долго трае оваа опасност, покажува едно откритие од клисурата Олдуваи во Танзанија. Научниците пронашле траги од крокодилски заби, стари приближно 1,8 милиони години, врз фосили на рани човечки предци.

Во студија објавена во 2012 година во списанието „Journal of Human Evolution“ (Списание за човечка еволуција), беа анализирани фосилите OH 8 и OH 35, односно делови од долните екстремитети на древни хоминини. Оштетувањата на коските укажуваат на тоа дека крокодилите откинувале делови од нивните тела.

Интересно е тоа што во истиот регион е откриен и изумрениот вид *Crocodylus anthropophagus*, чие име буквално значи „крокодил што јаде луѓе“. За разлика од денешниот нилски крокодил, овој вид имал и мали коскени израстоци на черепот, кои наликувале на рогови. Според меѓународната база на податоци „CrocAttack“, до април 2024 година биле евидентирани повеќе од 8.500 напади од крокодили и сродни животни.

Реалната бројка веројатно е поголема, бидејќи многу случаи во оддалечените делови на Африка и Азија никогаш не влегуваат во официјалните статистики. Од друга страна, и големите мачки имаат долга историја на напади врз луѓе.

Најпознат пример е тигрицата од Чампават, на која ѝ се припишуваат дури 436 човечки жртви во Индија и Непал. Неа ја застрелал ловецот Џим Корбет во 1907 година, иако точниот број на жртви денес не може независно да се потврди.

Анализа на организацијата „Our World in Data“ од март 2026 година проценува дека големите мачки убиваат околу 300 луѓе годишно, а крокодилите – повеќе од 150. Сепак, авторите предупредуваат на големата неизвесност на овие проценки. Ајкулите, и покрај нивната застрашувачка репутација, убиваат само неколку луѓе секоја година.

Една од причините за тоа е што луѓето поминуваат многу помалку време во нивното природно живеалиште.

Најсмртоносното животно во светот, сепак, не е крокодилот.

Ако се земе предвид вкупниот број на смртни случаи предизвикани од животни – а не само од оние што можат да нè изедат – тогаш комарците се најопасни.

Пренесувајќи болести како маларија, денга и жолта треска, тие се одговорни за околу 760.000 смртни случаи годишно. Отровните змии, пак, одземаат уште 100.000 животи.

Кога станува збор за предатори што можат да ги гледаат луѓето како плен, крокодилите остануваат меѓу главните кандидати за титулата „најсмртоносни“ во човечката историја. Иако не е можно научно да се потврди дека крокодилите изеле најмногу луѓе во историјата, фосилите покажуваат дека нашите предци морале да се чуваат од овие животни многу пред да настанат првите историски записи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHP

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки

МДТ: Веб-страниците на Владата и министерствата навремено заштитени од критичните ранливости во PHP

Министерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека веб-страниците на Владата и министерствата беа навремено заштитени со преземање превентивни и технички мерки, по објавувањето на информациите за критичните безбедносни ранливости во програмскиот јазик PHP, кои предизвикаа привремено исклучување на бројни владини веб-страници низ Европа и светот.

Во рамките на превентивните активности, привремено беше блокиран надворешниот веб-сообраќај кон засегнатите системи, со цел да се спречи евентуално искористување на ранливостите. Потоа беа спроведени проверки на софтверските верзии, применети соодветни безбедносни закрпи и ажурирања и проверени функционалноста и безбедноста на веб-сервисите.

Преземените мерки се насочени кон намалување на ризикот од неовластен пристап, извршување злонамерен код и потенцијално компромитирање на веб-серверите.

Според досегашните проверки, не се утврдени индикации за успешно искористување на наведените ранливости или за компромитирање на веб-страниците на Владата и министерствата.

Министерството за дигитална трансформација, преку Секторот за сајбер-безбедност и владиниот тим за одговор на компјутерски безбедносни инциденти (МКД-ГОВ-ЦСИРТ), продолжува со засилено и континуирано следење на сајбер-заканите, анализа на безбедносните настани и лог-записите, како и проверка на потенцијалните индикатори за компромитирање.

Заштитата на владината дигитална инфраструктура останува приоритет на Министерството. Преку навремено откривање и отстранување на ранливостите и примена на соодветни безбедносни ажурирања, Министерството продолжува да ја зајакнува безбедноста на системите и да обезбедува сигурно и стабилно функционирање на електронските услуги за граѓаните и компаниите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер