Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
1Демонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)
3Србија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од Белград
МакедонијаСДСМ: Бараме локален референдум за рудникот со антимон и исполнување на клучни условиЗа најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат.Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон. Не сме против инвестиции. Но, не може моделите да бидат фокусирани на профитот и бизнисот, со висок ризик по здравјето на граѓаните. Не може да се зборува само за економска корист која не е сигуна. А при тоа никој да не зборува за загадувањето и опасноста по луѓето, за цената на загадена вода, за цената на заболени луѓе и за цената на уништено земјоделие. Тоа не се бројки во извештаи, тоа се последици кои траат со генерации. Ако државата не може да го реши Лојане, тогаш нема кредибилитет да отвора нови рудници. За вакви проекти граѓаните мора да бидат прашани и да учествуваат во процесот на донесување одлуки. Бараме јавни расправи со реално влијание, локален референдум и вклучување на стручната и локалната јавност. Затоа што ова не е техничко прашање туку прашање за здравје и за иднина. Затоа мора да бидат исполнети неколку клучни услови: 1.Владата итно да ги реши постојните еколошки жаришта. Без тоа не може да инсистира на отворање нови рудници. 2.Целосна транспарентност пред граѓаните. Сите договори, економски параметри, студии за влијание мора да бидат јавно објавени. Исто како и детални информации за фирмите кои стојат зад ова. Имајќи ја предвид целата криминална мрежа на фирми и бизниси на Мицкоски граѓаните имаат право да знаат дали има скриени профити. 3.Системот мора да биде затворен еколошки систем без испуштање во почва, вода или воздух. 4.Финансиска гаранција однапред обезбедена од инвеститорот за санација на евентуални штети. 5.Независен мониторинг со јавни податоци достапни во реално време. 6.Директен локален бенефит за општината и за граѓаните. 7.Континуирана здравствена заштита и следење на населението финансирани од инвеститорот. Доколку овие услови не се исполнат, тогаш подобро е да нема рудник, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстрантите запалија полицаец во Тирана- летаат молотови коктели, солзавец, пиротехника... (ВИДЕО)Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицајците за време на протестот во Тирана.Во таа прилика, еден полицаец се запали, а неговите колеги веднаш истрчаа да му помогнат и да го изгаснат пожарот, објавува Топ ченел. Исто така, за време на фрлањето молотови коктели, јакната на еден млад човек се запали, но тој успеа самиот да го изгасне пожарот. View this post on Instagram A post shared by Vizion Plus (@vizionplustv) Инцидентот се случи додека протестите сè уште траеја во атмосфера на тензии и конфликти, со фрлање пиротехнички средства и употреба на солзавец. Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска Давкова: Унгарската револуција е траен симбол на храбростВо Будимпешта, присуствував на гала свеченоста во Унгарската државна опера и на приемот во Музејот на ликовните уметности, чијшто домаќин беше премиерот на Унгарија, Петер Маѓар.Чест е да се присуствува и да се оддаде признание на овој значаен историски настан, не само за Унгарија, туку и за Европа. Унгарската револуција е траен симбол на храброст, слободољубивост и достоинство на еден народ, објави на ФБ претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканСрбија гласа утре: Неизвесна трка и високи тензии меѓу СНС и студентите – „Канал 5“ во живо од БелградАлександар Вучиќ прв пат по 14 години власт, е исправен пред сериозен испит – утрешните вонредни парламентарни избори.... Во Белград е Михаило Донев.. Михаило, каква е атмосферата на нешто повеќе од 12 часа до отворањето на избирачките места? Се чувствува ли некаква тензија на улиците? Србите ќе избираат меѓу 18 листи, но веќе е јасно дека главната битка ќе се води меѓу владејачката Српска напредна странка и Студентската листа.. Кој од нив повеќе може да се надева на победа? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook