3ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираат
МакедонијаСДСМ бара вонредна седница на Советот на општина Карпош по повлекувањето на ЛукровскиПосле распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно излегуваат на површина и во ВМРО-ОКГ.Градоначалникот Сотир Лукровски се повлекува, затоа не сака да потпишува документи поврзани со бизнис интересите на Мицкоски и неговата група. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со сомнителни новоградби, легализација на дивоградби, финансиски трансфери и фаворизирање фирми. Градоначалникот Сотир Лукровски исчезна токму кога на граѓаните им е најпотребна одговорна и присутна локална власт. Карпош денес е симбол на застој, нефункционалност и институционален хаос. Општината е закочена, проектите стојат, а граѓаните се оставени без одговори. Во меѓувреме, граѓаните на Карпош оправдано прашуваат: Дали е доведено целосното функционирање на општината? Дали се доведени во прашање платите на вработените во Општина Карпош во следните месеци? Дали вработените треба да стравуваат за својата егзистенција поради неспособноста, неработењето и хаосот што го создаде локалното раководство? СДСМ бара ИТНА вонредна седница на Советот на Општина Карпош. Граѓаните имаат право да знаат во каква состојба се наоѓа општината, кој носи одлуки и кој ќе понесе одговорност за хаосот што се создаде. Ова не е само личен неуспех на Сотир Лукровски. Ова е уште едно погрешно кадровско решение на Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ, чија цена денес ја плаќаат граѓаните на Карпош. Затоа јавноста оправдано прашува: Дали ВМРО и Христијан Мицкоски повторно ќе им се извинуваат на граѓаните за уште една катастрофална кадровска одлука? Доколку градоначалникот не е подготвен или не е способен да ја води општината, тогаш единствено чесно решение е оставка и распишување вонредни локални избори. Карпош не смее да биде жртва на политичка суета, неспособност и бегање од одговорност. Граѓаните не бараат изговори. Бараат работа. Бараат локална власт што ќе биде меѓу народот, а не скриена од јавноста додека општината тоне во хаос и безредие. Карпош заслужува повеќе. Карпош заслужува функционална, чесна и одговорна локална власт. Ви благодарам. Прес конференција на СДСМ, Панче Милевски – Панта, претседател на ОО СДСМ Карпош СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар ПланинаЛицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово.На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Бистрица на Шар Планина, каде поради тежок и непристапен терен останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење. Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица. По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Оризот скапува по амбарите, Владата на Мицкоски ги остави оризопроизводителите без откупОризопроизводителите се соочуваат со една од најтешките кризи во последните години, како директна последица на погрешните политики на Владата на Христијан Мицкоски.Половина од ланското производство сè уште стои по амбарите затоа што нема организиран откуп. Наместо државата да обезбеди пласман на домашното производство, илјадници тони ориз пропаѓаат, а земјоделците стравуваат дека ќе ги изгубат плодовите од својот труд. Дополнителен проблем е што Владата на Мицкоски сè уште не кажува каква ќе биде откупната цена за новата реколта, ниту кога ќе бидат исплатени субвенциите. Земјоделците влегуваат во нова производствена сезона без никаква сигурност и без поддршка од институциите. Во исто време, најавите за драстично ниска откупна цена не ги покриваат ниту основните трошоци за производство. Со вакви политики, оризопроизводството се турка кон целосен колапс. Огромни количини ориз остануваат изложени на пропаѓање, што претставува дополнителна економска штета за земјоделците и ризик за целиот регион. Оризот со децении беше препознатлив македонски производ и значаен извозен потенцијал. Откупната цена во времето на СДСМ беше над 40 денари е сега не е ниту 20 денари за килограм. Поради неспособноста на Владата на Мицкоски, производителите ја губат довербата во институциите, а сè повеќе се доведува во прашање опстанокот на ова стратешко производство. По две години владеење, ВМРО го уништи земјоделство, ги осиромаши и понижи земјоделците. СДСМ бара Владата итно да обезбеди организиран откуп на заостанатите количини ориз, да ја објави откупната цена за новата реколта, да ги исплати заостанатите субвенции и да преземе конкретни мерки за спас на оризопроизводството пред да биде предоцна. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонија е со најниска инфлација во регионот, СДС се обидува да шири паника, но бројките ги демантираатСДС секојдневно шири невистини и се обидува да создаде чувство на економска несигурност, но официјалните податоци повторно ги демантираат нивните тврдења.Бројките и податоците јасно покажуваат дека Македонија има најниска инфлација во регионот. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е намалена за 0,5 проценти. Тоа се официјални факти. Уште поважно, инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите што најдиректно влијаат врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните. Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за јуни. Македонија – 3,4% Словенија – 3,6% Грција – 3,9% Хрватска – 4,5% Бугарија – 5,6% Турција – 32,1% Ова се бројки што не можат да се сокријат ниту да се релативизираат. Додека СДС се обидуваат да градат дневна политика врз измислени кризи и ширење паника, Владата работи со конкретни мерки што даваат резултати. Намалената инфлација е директен доказ дека економските политики се правилно поставени и дека се води одговорна грижа за стандардот на граѓаните. Наместо манипулации и лажни сценарија од СДС јавноста заслужува мерки и проекти. А фактите се јасни, Македонија денес има една од најстабилните ценовни политики во регионот и најниска инфлација меѓу соседните земји што ги објавија податоците за јуни. Владата ќе продолжи со одговорни економски политики, стабилни јавни финансии и мерки што носат резултати, без разлика на обидите тие резултати да бидат оспорени од оние што немаат што да понудат освен дезинформации. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26