СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБРМ? - Канал 5

СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБРМ?

Блокираниот избор на вицегувернери во НБРМ е скандал, кој отвора сериозни прашања за состојбите на институцијата и работењето на гувернерот Трајко Славски – обвинуваат од СДСМ.

СДСМ бара итна истрага - зошто Славески незаконски го кочи изборот на вицегувернери на НБРМ?

Блокираниот избор на вицегувернери во НБРМ е скандал, кој отвора сериозни прашања за состојбите на институцијата и работењето на гувернерот Трајко Славски – обвинуваат од СДСМ, откако веќе три месеци Народната банка го „пробива“ законскиот рок за назначување на двајца нови вицегувернери. Партијата, покрај легитимноста на одлуките на НБМР, која нема комплетен совет во моментов, во прашање ја доведува и компетентноста на гувернерот Славески и бараат итна истрага за причините на неговите постапки, за да не се доведува, како што велат, во прашање финансиската стабилност на државата.

-Трајко Славески има директна одговорност за оваа состојба. Ова не е прв пат Славески да носи политики на штета на граѓаните. Да потсетиме: Славески беше против зголемување на минималната плата, директно спротивставувајќи се на интересите на работниците. Како претседатавач со Советот на Град Скопје во изминатите четири години, беше дел од хаосот во главниот град – нефункционалност, застој на проекти и целосен институционален распад. Истиот тој човек денес управува со Нардоната банка. Дали ова доцнење е резултат на неспособност или на свесно партиско калкулирање? Народна банка е место за професионалци, а не за партиски кадри на Славески,- - Богданка Кузеска – Портпарол на СДСМ.

Од собранието засега не откриваат кои се предлозите за нови вицегувернери кои НБМР ги испратила до законодавниот дом минатата недела, истиот ден кога Канал 5 објави дека вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска останале на позициите со истечен мандат уште во октомври. Предложените вицегувернери, ке се најдат пред пратениците директно на пленарна седница, што се очекува на почетокот од април, без претходни за истите да се расправа на комисиска сендица, информираат собраниски извори..

Иако јавниот оглас за избор на нови вицегувернери бил навреме објавен на почетокот на Јули – лани, веднаш по доаѓањето на Славески на функцијата, останува непознато зошто гувернерот не го направил изборот во предвидениот рок од 45 дена, со што се поставува прашањето дали највисокото тело на Народната банка веќе три месеци носи нелигитимни и нелегални одлуки за монетарната политика. Од нбрм тврдат предлозите за вицегувернери ги доставиле до Собранието по завршување на јавниот повик и во согласност со законските процедури. Во оваа фаза, постапката за избор е во надлежност на Собранието. Категорично ги отфрламе тврдењата дека се кочи изборот на вицегувернери или дека функционирањето на Народната банка е доведено во прашање, наведуваат во денешното соопштение

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

 Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.

Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер