СДСМ: Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа против покачување на минималната плата на текстилците

Бесрамно е учеството на Данела Арсовска на дебата на тема „социјално и економско зајакнување на жените" на „Текстилијада" во Штип. 

Данела Арсовска беше противник на социјалното и економско зајакнување на жените преку зголемување на минималната плата на текстилните работнички. Целокупната јавност знае дека кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска и носителот на листа Трајко Славески беа едни од најгласните противници на покачувањето на минималната плата, која најмногу ги засега жените текстилни работнички од Штип.

Како застапник на „бизнис заедницата" и интересите на крупниот капитал на нејзиниот заменик Сеад Кочан, Данела Арсовска јавно тврдеше дека „Секој вештачки обид за зголемување на минималната плата за нас не е добар" и манипулираше дека покачувањето на минималната плата нема да биде одржливо.

Данела Арсовска заедно со Трајко Славески на ТВ дебати ги застапуваа интересите за профит на газдите и апелираа да не се покачува минималната плата. Славески дури изнесуваше лаги дека покачувањето на минималната плата ќе донесе „нестабилност, хаос, секојдневни штрајкови".

Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа здружени против покачувањето на минималната плата на работниците. Откако Арсовска и Славески ја манипулираа јавноста дека минималната плата не треба вештачки да се покачува, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за покачување на минималната плата и ја напуштија собраниската седница кога требаше да се гласа.

Работниците знаат дека СДСМ ја покачи минималната плата од 9 на 15 илјади и ја зголеми просечната плата за околу 100 евра. Работниците знаат дека СДСМ ја намали стапката на невработеност на најниски 15.9% и вети покачување на минималната плата на 300 евра од 1 јануари 2022. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ беа против зголемување на минималната и просечната плата. Арсовска, Славески и ВМРО-ДПМНЕ се заинтересирани само за зголемување на профитот на „бизнис заедницата".

СДСМ

Кевин Спејси ги негира новите обвинувања за сексуален напад, наведени во документарен филм

Американскиот актер Кевин Спејси ги отфрли новите обвинувања за сексуално вознемирување, во пресрет на премиерата на новиот документарен филм за него „Spacey Unmasked“ кој треба да биде прикажан следната недела.

Во интервју со поранешниот новинар на GB News, Ден Вутон, Спејси ги негира наводите за сексуално вознемирување и напад, велејќи дека понекогаш „можеби постапувал несоодветно“, но не и незаконски.

„Ја преземам целосната одговорност за моето минато однесување и постапки. Но, не можам и нема да преземам одговорност или да се извинувам на некој што измислил работи за мене или преувеличувал приказни за мене“, рече Спејси, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека никогаш не понудил помош за кариера во замена за сексуални услуги.

„Јас јасно се поврзав со некои мажи кои мислеа дека можат да ги унапредат своите кариери преку однос со мене. Но, немаше врска со мене, сето тоа беше дел од нивниот план, кој секогаш беше предодреден да пропадне бидејќи не бев вклучен во договорот“, изјави актерот.

Актерите Руари Канон и Дени ДеЛило се меѓу оние кои упатуваат нови обвинувања против Спејси во документарецот.

И двајцата во изјави за медиумите зборуваа за непримерното однесување на Спејси кон нив.

На 26 јули минатата година, поротата во судот во Лондон го прогласи Спејси невин за сексуално вознемирување на четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и „сексуален напад, поттикнување лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице да се вклучи во пенетративна сексуална активност“.

За време на судењето, Спејси ја негираше вината, велејќи дека „не ја искористил својата моќ за да воведе неименувани мажи во кревет“.

Тој ги опиша обвинувањата како „убод во грб“.

Хутите се заканија дека ќе ги прошират нападите и во Средоземното Море

Јеменските Хути се заканија дека ќе ги прошират нападите врз бродовите кои пловат за Израел до Средоземното Море, по неколкумесечните напади врз бродовите во Црвеното Море.

Во изјавата на воениот портпарол на Хуту, Јахје Сари, се наведува дека ескалацијата ќе стапи на сила „веднаш“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Ова, како што е наведено, вклучува таргетирање на сите бродови кои „ја прекршуваат забраната за пловидба кон Израел“ и кои се движат кон пристаништата на „окупирана Палестина“ од Средоземното Море до која било област во дострелот на ракетите.

Хутите претходно се заканија дека ќе ги прошират своите напади кон Индискиот Океан и кон бродовите што пловат низ јужна Африка за да го избегнат јеменскиот брег, но нивниот главен фокус остануваат Црвеното Море и Аденскиот Залив.

Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, вклучително и голем дел од брегот на Црвеното Море, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети врз бродови во Црвеното Море од ноември во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа.

Нивните напади предизвикаа одмазда од САД и Велика Британија и формирање на меѓународна поморска коалиција за заштита на виталниот трговски пат.

Воените експерти наведуваат дека арсеналот на Хутите вклучува балистички ракети со дострел од 1.600 до 1.900 километри и ирански беспилотни летала Шахед-136 кои можат да патуваат до 2.000 километри.

Земјотрес ноќеска регистриран во Скопје

Земјотрес со јачина од 1,9 степени по Рихтер е регистриран ноќеска во 01:39 часот во Скопје. Епицентарот на земјотресот потекнува од Скопското епицентрално подрачје. 

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утринава информира дека земјотресот бил со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и дека е почуствуван од населението во Скопје и околината.

притисни ентер