СДСМ: Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава - голем срам за нашата татковина - Канал 5

СДСМ: Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава - голем срам за нашата татковина

Христијан Мицкоски се врати од екскурзијата во Америка.

СДСМ: Арамијата пред светот рече дека Македонија не е сериозна држава - голем срам за нашата татковина

Помина и „френетичниот“ аплауз од Тимчо Муцунски, пред празната сала на ОН.

Пред целиот свет кажа: „Имаме намера да станеме сериозна држава.“

Државите се сериозни по автоматизам. Несериозна е власта. Тој ја понижи земјата за да се издигне себеси.

Народот го нарекува талог. Медиокритети. Мочуриште. По моделот на Ванчо Михајлов. Себеси се смета за елита.

Елита со часовници од 60.000 евра. Костум од 10.000 евра. Цел стајлинг. Сега бара и авион.

Народот нема ни за во продавница. Тој во ходници во Њујорк.

Во ходник ги пресретнува туѓите државници за некој од зад грб да слика, па дома тоа да го продаде како официјална средба.

За 42 секунди „го одбранил националниот идентитет“ и ја „зацврстил стратешката соработка“.

Рацете во џебови. Раскопчан. Изгужван. Како од кафеана. Така нè претставува пред Америка, пред гостите на ОН.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели. Тој им враќа со земја. Ископ на отровен антимон за муниција. Провизија за нив. Сметка за народот.

Потоа говор во ОН. Латас вели „историски“. Во говорот ниту еднаш „Македонија“. „Мојата земја.“

На крај: Ќе станеме сериозни. Пред светот рече дека не сме.

Тоа ли е одбрана на идентитетот? Да ја наречеш сопствената држава несериозна пред Генералното собрание на ОН?

Вакво понижување Македонија не доживеала.

Срам за професорот. Срам за политичарот. Срам за човекот што треба да нè претставува. Срам за институцијата.

Арамијата Мицкоски е најголемата брука што оваа земја ќе ја памети.

Државата беше сериозна. Несериозен е тој како премиер, а сериозен само како арамија.

Скопје, 28.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци

Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци, инвестиција обезбедена преку вториот повик на Владата, објави на Фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на Картинг центарот во Кавадарци

На површина од 2.700 м² се реализира современа картинг патека со придружни објекти, со вкупна инвестиција од 35.247.407 денари. Работите напредуваат и се гледаат новите контури на просторот кој наскоро ќе понуди нова спортско рекреативна содржина за младите, љубителите на автомобилизмот и спортот.

[🏎️] Со секоја завршена фаза сме чекор поблиску до нова атракција која ќе ја збогати туристичката понуда на Кавадарци и ќе создаде уште едно место за спорт, рекреација и забава.

Кавадарци продолжува да се развива – со нови содржини, нови можности и инвестиции во иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземен имунитетот на Петер Маѓар

 Унгарското национално собрание денеска, на вонредна седница и по барање на обвинителството, одлучи да го одземе имунитетот на пратениците,премиерот Петер Маѓар, поранешниот министер за култура Балаж Ханко и поранешниот министер за развој.

Одземен имунитетот на Петер Маѓар

Унгарското национално собрание денеска, на вонредна седница и по барање на обвинителството, одлучи да го одземе имунитетот на пратениците,премиерот Петер Маѓар, поранешниот министер за култура Балаж Ханко и поранешниот министер за развој Миклош Шестак..

Случајот на Петер Маѓар, кој е под истрага за кражба, е поврзан со инцидент во ноќен клуб во 2024 година, кога, според обвинителството, тој му го одзел телефонот на маж што го снимал, а потоа го фрлил во Дунав, пренесува унгарскиот портал „Индекс“.

Во тоа време, Маѓар бил пратеник во Европскиот парламент, кој одбил да му го укине имунитетот. Унгарското обвинителство на 22 септември предложи да се укине имунитетот на Петер Маѓар, за да може Централното истражно обвинителство да спроведе истрага против него како осомничен за кражба.

Во случајот на поранешниот министер за култура Балаж Ханко, се истражуваат сомневања дека грантовите од Националниот фонд за култура биле користени за цели различни од одобрените, делумно и за изборни кампањи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со повеќе екипи и многу млади играчи започнува новата пинг понг сезона

Викендов на 3 и 4 Октомври, започнуваат Супер Лига, Прва лига и Втора лига во машкиот дел и Прва лига за сениорки во женскиот дел во пинг понг. 

Со повеќе екипи и многу млади играчи започнува новата пинг понг сезона
Натпреварите од Супер и Прва лига ќе се играат во малата сала при спортскиот центар Јане Сандански, додека Втора лига и женската лига се играат дома - гости.
Првите кола од двете најдобри лиги ќе се одиграат во недела, 4 Октомври со почеток во 11 часот, а шампионот Крива Паланка ја започнува одбраната на титулата против ново промовираната екипа на Борец. Целосниот распоред на следниот линк: Супер Лига – Сениори
Ден порано, на 3 Октомври, започнуваат натпреварите од Прва лига за сениорки и Втора лига за сениори. Втората лига е поделена на 2 групи по 6 екипи кои ќе играат меѓусебно, а најдобрите ќе се сретнат во полуфинале.
Не' очекува исклучително интересна сезона во сите лиги, тоа се очекувањата на Федерацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер