ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
1ДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра
3Отворена Националната младинска летна школа за социјална инклузија - 60 млади од целата држава во Дојран
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДЗР: Слабости во јавните набавки во ЕСМ, ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евраСериозни слабости во јавните набавки во ЕСМ откри Државниот завод за ревизија.Ревизорите чешлале 27 постапки вредни околу 143,6 милиони евра.Пропусти имало уште при планирањето и утврдувањето на потребите.во само една година биле направени 19 измени на планот за набавки. ДЗР констатирал и ограничена конкуренција и постапки со само една понуда. Особено внимание привлекува набавката на гасен мотор вредна околу 2,48 милиони евра. Моторот бил платен, но не бил ставен во функција и подолг период бил складиран.за адитив биле платени околу 2,29 милиони евра, а најголемиот дел останал неискористен. Ревизорите нотирале и проблеми со договорите, техничките спецификации и контролите. Заводот бара поголема транспарентност и поекономично и поефикасно користење на јавните средства.Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаУтринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко РистовУтринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари.Утринава продолжува судењето против апелациониот судија Ѓоко Ристов, обвинет за прикривање имот и перење пари, откако во домот на неговите родители беа пронајдени 350 илјади евра соѕидани во ѕид. Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕид на кујната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
НБАИгор Кокошков за Џејсон Кид: „Тој е најлошиот човек во НБА, нека се знае тоа“Поранешниот селектор на кошаракарските репрезентации на Словенија и Србија, Игор Кокошков, упати остри критики кон Џејсон Кид, со кого соработуваше во Далас. Џејсон Кид како играч и Џејсон Кид како тренер се две сосема различни личности. Токму тоа се обиде да го објасни српскиот стручњак Игор Кокошков. Поранешниот селектор на Србија имаше можност да соработува со некогашниот плејмејкер во Далас, во периодот кога таму беше и Лука Дончиќ. И тој период не го памети по добро. -Воопшто... „Воопшто не го познавав Џејсон Кид; тој беше еден од моите омилени играчи и еден од најдобрите плејмејкери што некогаш играле. Се боревме едни против други во оние пет години додека тој беше во Њу Џерси; ми се допаѓаше оној ’Принстон‘ напад што се играше за него – како да беше создаден за него. Промената на ритамот, движењето – тоа е една приказна. А Џејсон Кид како тренер – тоа е сосема поинаква приказна. Немам премногу добри искуства, ниту пак високо мислење за него како човек и како тренер“, изјави Кокошков во подкаст. Тој потоа објасни зошто нема толку добро мислење за главниот тренер на Маверикс. „И добро е да се знае тоа – не поради моето мислење, туку воопшто. Тој водеше тимови со големи имиња, тимови со висока репутација и играчки калибар: прво Бруклин, потоа Милвоки со Јанис – тимови проектирани за титула – па Далас со Лука. Јас немам високо мислење за него. Можеби најдобриот одговор би бил дека, по таа една година работа со Кид... тоа е твој тим. Сепак, никој не можеше да му го објасни тоа – тој дел; веројатно е нешто во неговата глава и во приватниот живот.“ „Тој е најлошиот човек во НБА.“ Игор не е единствениот што има такво мислење за Кид. Ниту навивачите на „Мавс“ не го сакаат, бидејќи знаат дека тој учествувал во размената со која Лука Дончиќ требало да замине во „Лејкерс“, со што би го избркале најдобриот играч и првата ѕвезда на тимот. „По мојата прва година во Далас и на крајот од таа сезона, добив повик од Стив Неш да дојдам во Бруклин. Работев за најлошиот човек во НБА, а добив повик од најдобриот човек во НБА – колку само едноставна одлука“, се насмеа Кокошков.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter