МакедонијаСДСМ: АКТ објави нова бомба: Фирма со тројца вработени добила 1,2 милиони евра за два месециИм благодариме на сите граѓани кои се приклучија и доставија информации и докуметни на нашата дигитална платформа за борба против корупција и криминал, МИЦКО (https://micko.mk/)47 различни пријави за само еден ден. Има и од различни општини, од Охрид, Штип а има и некои многу интересни информации за Скопје Македонија се крена против корупцијата и криминалот. Сите овие информации, документи, докази, ќе бидат анализирани, документирани и ќе ја информираме јавноста за секој можен случај. Блгодариме за поддршката, заедно сме во оваа борба против корупцијата и криминалот на влсата. Денеска АКТ објавува нова бомба, нов скандал, нови сомнителни милионски тендери. Повторно истата шема. Фирма со само тројца вработени за период од 2 месеци добива тендери од Владата на Христијан Мицкоски од 74 милиони денари или 1,2 милиони евра. Милионски суми, мал број на вработени, фаворити за тендери од власта на ДПМНЕ. Овие факти отвораат сериозни сомнежи за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми како во досегашните објавени бомби. За која фирма станува збор? Сигмоид Гроуп ДООЕЛ Скопје, формирана пред само две години. Од кого добива тендери? Од Генеалниот секретаријат на Владата на Мицкоски и од СОЗР. Двете владини инстиуции, истите две вмешани и во преходните бомби кои ги објавивме. И како и во првата бомба, повторно станува збор за IT опрема. Случајно нели? Еве го првиот договор, со Министерството за финансии, склучен на 13.10.2025 година, вреден околу 60.000 евра. Само после два дена, има нов договор, склучен на 15.10.2025, со Генералниот секретаријат на Владата, вреден: речиси милион евра (980 илјади евра). И шест недели подоцна, на 01.12.2025, нов државен тендер, овојпат за софтвер за следење на работни процеси во СОЗР, вреден околу 76 илјади евра денари. Каква милоионска експанзија за два месеци? 173% раст на добивка од тендери! Истите шеми повторно. Па како е ова можно? Која е близната? Дали причината за тоа е близината на сопственикот на фримата, извесен Ј. Јанкуловски, кој дипломирал на Машинскиот факултет, токму на насоката мехатроника и роботика, каде што е Христијан Мицкоски професор? Ова ли е клучот за вретење милионски тендери од власта на ДПМНЕ? Близината со Мицкоски? АКТ продолжува. Работата не е завршена! Прес конференција, Богданка Кузеска - портпаролка СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривичен: Обвинителство се уште нема одговорено по жалбата за притворот на Стефан БогоевЖалбата што ја поднесе екс директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за определување притвор сè уште не е доставена на одлучување до Кривичниот совет, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.Оттаму велат дека жалбата била проследена до надлежното обвинителство во петокот, но дека јавниот обвинител сè уште нема доставено мислење по истата. Богоев е осомничен во истрагата која се однесува на сомнежи за злоупотреби во постапка за јавна набавка за одржување на хигиената на граничните премини и царинските терминали. Судот претходно му определи мерка притвор, по што неговата одбрана најави жалба, наведувајќи дека понудила гаранции и мерки на претпазливост кои, според нив, можеле да обезбедат присуство на осомничениот во текот на постапката...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49Сончево со температури до 34 степени 08:59Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53
СветЏо Бајден во тешка состојба, ракот на простатата метастазирал и на коскитеСопругата на екс претседателот на САД, Џо Бајден откри страшни детали за состојбата на поранешниот претседател: Болеста е во четврта фаза.Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден, изјави дека нејзиниот сопруг Џо Бајден има рак на простата во четврта фаза кој се проширил на неговите коски и прима специјализирана терапија. Џо Бајден боледува од рак на простата во четврта фаза, кој метастазирал на коските, и ќе живее со оваа болест до крајот на животот, изјави неговата сопруга Џил Бајден. Според неа, поранешниот американски претседател, и покрај здравствените проблеми, продолжува со своите секојдневни активности и јавни ангажмани. Зборувајќи за време на промоцијата на книгата од политичката аналитичарка Ана Наваро, Џил Бајден истакнала дека не очекувала здравствените проблеми на нејзиниот сопруг да доведат до дијагноза на рак на простата, објави Фокс њуз. Според неа, откако ја напушти Белата куќа на почетокот на 2025 година, поради долготрајни заболувања, Бајден отишол на преглед кај уролог, по што дополнителните анализи потврдиле присуство на рак. - Џо ќе мора да живее со рак до крајот на животот - изјави Џил Бајден, додавајќи дека поранешниот претседател прима специјализирана терапија и поминал низ повеќенеделен циклус на зрачење. Таа изјави дека 83-годишниот Бајден продолжува да патува и да учествува во јавни настани, но дека поради возраста, болеста и терапијата, тој забавил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа различни локации во Скопје пронајдени тројца починати Во Скопје вчера на три локации се пронајдени починати три повозрасни лица, соопшти полицијата.Според полицискиот билтен, вчера било пријавено дека во својот дом во Центар бил пронајден починат Б.О.(69). Истиот ден во хотелска соба на подрачјето на Бит Пазар бил пронајден починат С.Е.(63) од Р.Турција со престој во државата, а во село Кучково, под патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Ц.Р.(67) од с.Волково. Лекари на итна помош констатирале смрт кај трите лица без траги на насилство, а телата на починатите се дадени на обдукција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook