СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски - Канал 5

СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

Власта на ВМРО-ДПМНЕ буквално аздисува со парите на граѓаните. Летаат тендери, јавни набавки, власта на големо троши пари ама за лична промоција и политички маркетинг.

СДСМ: 780.000 евра за два тендери, перење пари за промоција на Мицкоски

На ангро се перат пари.

Каде завршуваат народните пари? Во чии џебови?

Денеска ќе објавиме уште еден скандал.

Додека семејствата на загинатите во Кочани немаат никаква поддршка од владата, додека болниците немаат никакви услови, кочанската болница е во хаос, Владата предводена од Мицкоски троши милиони од државниот буџет за да си го „билда“рејтингот!

Владата склучила договор со бугарска фирма за фотографирање, снимање видеа и спроведување кампањи. Не за граѓаните, туку за промоција на Мицкоски и неговите „успеси“. И тоа – не било каде, туку преку бугарска компанија.

Додека во Македонија граѓаните едвај преживуваат, не можат да наполнат цела кошничка во маркет, Владата ќе фрла астрономски суми, 1.500 денари за една фотографија и над 15.000 денари за едно видео.

Вкупно 380 илјади евра!

Претходно Владата склучи договор вреден 400.000 евра за анкети за мерење на рејтигнот на Мицкоски. Анкети, спотови, слики – 780.000 евра народни пари за да се продава лажната слика.

Пари за реални проблеми нема. Пари за болници нема. Пари за семејства од Кочани – нема.

Но затоа има пари за „спотче“, сликичка и комуникациски кампањи за Мицкоски!

780 илјади евра за маркетинг на владата само со две јавни набавки!

Ова е класичен грабеж и перење на народни пари и ништо друго.

СДСМ бара итна истрага за начинот на кој се трошат државните пари. Ги повикуваме Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да отворат постапки за овој случај. Доста беше молк и амнестија!

Македонија не смее да стане заложник на тендерски шеми на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат правда, поддршка и вистински проекти – не пропаганда!

YouTube video

Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Тело на 38-годишен маж утрово е пронајдено на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на селото Смилковци. 

Пронајдено тело на 38-годишен маж во близина на Смилковско езеро со прострелна рана на ногата

Според официјалните информации од МВР станува збор за лицето Е.Ш. од селото Љубин. Покрај телото во близина бил пронајден и „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал починатиот.

При прегледот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата а на лице место екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт.

Од МВР информираат дека случајот бил пријавен утрово во 6 часот и 15 минути. Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Засега нема информации како настанала прострелната повреда ниту дали станува збор за убиство. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Полицијата и обвинителството работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои починал 38-годишникот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска .

Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара

Со марш од градскиот плоштад, па до полицијата, охриѓани излегоа на мирен протест против фемицидот и насилството врз жени, поттикнати од последниот случај токму во Охрид кога 26-годишната Сара Ѓорѓиеска на 15 ноември беше брутално претепана од својот 31-годишен партнер Кристијан Корабоски и фрлена од автомобил на улица.

На протестот се појави и нејзиниот татко, Љупчо Ѓорѓиески кој покажа фотографии од неговата ќерка со модрици на лицето.

– Ова е ќерка ми Сара, сакам ниту еден родител да не го види ова повеќе, да не го доживее, само толку можам,-изјави Љупчо Ѓорѓиески, татко на Сара Ѓорѓиеска, жртва на насилство.

Со транспарент „Охрид Не молчит“ и ниту една повеќе, поголем број на граѓани преку минута молк им оддадоа почит на сите жртви од фемицид, а до институциите испратија барање за сериозно третирање на пријавите за насислтво врз жени.

Револтот кај охриѓани, но и кај целата македонска јавност ескалираше откако на Корабоски, кој на Ѓорѓиеска во својот автомобил под дејство на алкохол и нанел тешки телесни повреди, првично му беа одредени само мерки за претпазливост.

По притисокот од јавноста, Корабоски беше повторно повикан на распит, а против него е определен 30-дневен притвор и доби кривични пријави за три дела – Нанесување тешка телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. Судењето против Корабоски ќе започне на 27 ноември во Основниот суд во Охрид.

Токму со пораки против родово-базираното насислтво и фемицидот граѓанската организација „ниту една повеќе“ и платформата за родова еднаквост, вчера го блокираа булеварот Илинденска пред влада и побараа конкретни мерки за заштита на жените кои се жртви на насилство.

Министрите за внатрешни работи и социјална политика Тошковски и Велковски пак, вчера на состанок со обвинителот Савески, договорија побрз институционален одговор и посилна меѓусебна координација при пријавите за семејно насилство.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

 Американскиот милијардер, најбогатиот човек на светот, Илон Маск изјави дека не припаѓа на движењето MAGA на претседателот Доналд Трамп, иако со години јавно го поддржуваше.

Маск му зададе удар на Трамп: „Јас не сум MAGA“

Маск зборуваше за својот однос со движењето на Трамп во средата на самитот „Дилбук“ (DealBook Summit), организиран од „Њујорк тајмс“.

„Не сум сигурен што воопшто значи MAGA, но ако тоа подразбира некаква слепа лојалност кон политиката на Републиканската партија, тогаш тоа секако не е нешто што ме опишува мене“, рече Маск, објаснувајќи го својот однос со движењето на Трамп.

За време на претседателската кампања во 2024 година, Маск отворено го поддржа Трамп, учествуваше на неговите предизборни собири и носеше капи со натпис MAGA, што е кратенка за слоганот на Трамп: „Да ја направиме Америка повторно голема“ (Make America Great Again).

На еден од предизборните собири на Трамп, тој изјави: „Јас не сум само MAGA, јас сум ’темен MAGA‘!“ Трамп му одговори Американскиот претседател Доналд Трамп ги коментираше изјавите на Маск во интервју за NBC News.

Тој рече дека постојат различни толкувања на движењето MAGA, но исто така предупреди на последиците од отстапувањето од неговите принципи.

„Постојат многу дефиниции“, рече Трамп за значењето на движењето MAGA. Тој додаде дека ова политичко движење има многу конкретно значење за него и дека оние што отстапуваат од неговите принципи не поминуваат добро.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер