СДСМ: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни милиони евра поминале граница - Канал 5

СДСМ: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни милиони евра поминале граница

11 дена молк од власта. Нема одговор како 5 тони дрога, по некои проценки вредни 40 милиони евра, ја поминале македонската граница и завршиле во Србија?

СДСМ: 11 дена нема одговор како 5 тони дрога вредни милиони евра поминале граница

Кој ќе одговара?

Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка.

Без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други институции – ваква шверцерска операција на дрога не била возможна.

Дополнително, последните информации објавени во медиумите во Србија отвораат нови сомнежи.

Медиумите наведуваат дека уапсениот функционер на СНС (сестринска партија на ВМРО) кој се поврзува со откриените 5 тони дрога во Крушевац – Србија, е близок со министерот за одбрана, Братислав Гашиќ.

Доколку овие информации се точни, се отвораат нови прашања.

Дали нарко - скандалот води до Томовски, директор на СОЗР и ново назначен организациски секретар на ВМРО?

Каква е поврзаноста на фирми на роднини на Ивица Томовски?

Јавноста очекува одговори.

А одговорност ќе има, за сите!

Скопје, 11.02.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата најостро ги демантира невистинитите тврдења изнесени од СДСМ

Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации.

Владата најостро ги демантира невистинитите тврдења изнесени од СДСМ

Владата на Р. Македонија преку соопштение ги демантира тврдењата на СДСМ .

Демант од Влада на РМ.

Во врска со денешните невистинити тврдења изнесени од Социјалдемократскиот сојуз, Владата најостро ги демантира обидите за манипулирање на јавноста со неточни, комплетно измислени дезинформации.

Станува збор за дрски и безобразни лаги.

Во отсуство на реални теми и аргументи, СДС повторно се служи со лаги и искривување на фактите, надевајќи се дека ќе ја доведе јавноста во заблуда.

Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба. Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање.

Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка“. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка“ учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба.

Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината.

Пред фактите паѓа секоја манипулација. Апелираме, кога на ниту еден начин не помагаат, барем од СДСМ да престанат безобразно да лажат, стои во соопштението од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа

Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа – домашниот електроенергетски систем останува стабилен и подготвен.

Министерството за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов не постојат индикации дека ниските водостои во Европа претставуваат ризик за сигурноста на домашното производство на електрична енергија.

Министерството, заедно со АД ЕСМ, АД МЕПСО и останатите надлежни институции, редовно ги следи хидролошките параметри, расположливите резерви и прогнозите, со цел навремено да се преземат сите потребни мерки доколку условите се променат.

Состојбата со акумулациите во моментов е стабилна и овозможува сигурно управување со домашниот хидропотенцијал. Хидропотенцијалот е со вкупна исполнетост на акумулациите од околу 70 проценти. Тоа овозможува да се одговори на актуелните потреби во рамките на планираното производство

Домашните акумулации се управуваат внимателно и согласно оперативните планови, што овозможува сигурно производство на електрична енергија и стабилно функционирање на електроенергетскиот систем. Истовремено, хидроелектраните продолжуваат да обезбедуваат и системски услуги неопходни за одржување на стабилноста на електроенергетската мрежа.

Показателите за домашното производство се охрабрувачки. Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај годинава во Македонија се произведени 462.653 MWh електрична енергија, со што се покриени 96,5 проценти од домашната потрошувачка што претставува значително повисоко учество на домашното производство во обезбедувањето на потребите на државата. Во исто време, податоците од АД ЕСМ покажуваат значително зголемување на производството од хидроелектраните – за 76 проценти во однос на истиот период минатата година, како и раст од околу 10 проценти кај ветерните електрани.

Овие резултати се потврда дека постепената диверзификација на производните капацитети, внимателното управување со акумулациите и подобреното планирање придонесуваат за поголема отпорност на македонскиот енергетски систем во услови на сè почести климатски промени.

Паралелно се инвестира во нови капацитети за производство од обновливи извори, во модернизација на електроенергетската инфраструктура, во развој на батериски системи за складирање на електрична енергија, како и во проекти што ќе овозможат поголема флексибилност и побрзо прилагодување на системот во услови на климатски и пазарни промени.

Во тек е изградбата на втората фаза од ветерниот парк „Богданци“, со што неговиот инсталиран капацитет ќе достигне 50 MW, а започнуваат и активностите за реализација на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, додека подготовките за „Битола 2“ и „Битола 3“ се во напредна фаза. Истовремено, се создаваат услови за поширока примена на системи за складирање на електрична енергија, кои ќе овозможат поефикасно искористување на обновливите извори и поголема стабилност на системот.

Покрај домашното производство, значајна улога има и регионалната енергетска поврзаност. Интензивно се реализира проектот за гасниот интерконектор со Грција, кој ќе овозможи пристап до нови извори на природен гас, а паралелно се подготвува и реализацијата на интерконекторот со Србија. Истовремено, Македонија обезбеди покана за приклучување кон Вертикалниот гасен коридор – една од најзначајните европски иницијативи за диверзификација на снабдувањето со природен гас и зајакнување на енергетската стабилност во Југоисточна, Централна и Источна Европа. Со ова приклучување во координирана европска мрежа од национални гасоводи, интерконектори и терминали преку кои природниот гас ќе може да се движи по повеќе правци, од југ кон север на Европа, значително се зголемува и стратешката вредност на интерконекторите со Грција и Србија. Наместо да бидат само национални проекти, стануваат дел од поширока европска транспортна мрежа, што ќе овозможи подобро искористување на капацитетите, поголема флексибилност и повисоко ниво на сигурност во снабдувањето, а со тоа земјата станува и важна транзитна точка за снабдување со гас во регионот и Европа

Последните глобални енергетски кризи уште еднаш потврдија дека енергетската независност денес претставува едно од најважните мерила за отпорноста на секоја современа држава. Државите кои инвестираат во сопствено производство и во диверзифицирани енергетски врски се поотпорни на надворешни шокови, поконкурентни и поуспешно ги штитат интересите на своите граѓани и економија. Климатските промени претставуваат сериозен фактор што мора да биде земен предвид при планирањето на националните енергетски политики.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини продолжува со долгорочни политики насочени кон поголемо домашно производство, јакнењето на енергетската отпорност преку диверзификација на производните извори, инвестиции во обновливи извори на енергија, модернизација на електроенергетската инфраструктура, развој на складирање на енергија и унапредување на регионалната енергетска поврзаност. Истовремено, продолжува и процесот на подобрување на системите за планирање, следење и управување со ризици, со цел енергетскиот сектор да биде подготвен за сè поизразените климатски предизвици.

Министерството ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата во земјата и регионот и навремено ќе ја информира јавноста за сите релевантни информации, со единствена цел – обезбедување стабилно, сигурно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните и стопанството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола

Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“.

Триото „Интерарт“ со концерт на Бит фест – вечер на врвна камерна музика во Офицерскиот дом во Битола

Во рамките на програмата на БИТ ФЕСТ, во организација на Културно – информативниот центар од Битола, на 6 август (четврток), со почеток во 20:00 часот, во Свечената сала на Офицерскиот дом ќе настапи реномираното Трио „Интерарт“, еден од најпрепознатливите македонски камерни ансамбли со богата домашна и меѓународна концертна кариера.

Формирано во 1997 година во Германија, Триото „Интерарт“ повеќе од две децении е препознатливо по својата врвна интерпретација и посветеност на камерната музика. Денешната формација ја сочинуваат Александар Стефановски (флејта), Емилија Ристевска Стефановска (флејта) и Татјана Божиновска (пијано) - уметници кои зад себе имаат бројни солистички настапи, концертни турнеи и соработки со Македонската филхармонија.

Ансамблот се афирмираше и на меѓународната сцена со освојувањето на престижната „Диплома на честа“ на Torneo Internazionale di Musica во Париз во 2006 година, по што беше поканет да настапи во Рим заедно со најдобрите камерни состави - лауреати од целиот свет. Нивната успешна кариера продолжи со настапи во Франција, Италија, Германија, Грција, Хрватска, Норвешка, Турција и Соединетите Американски Држави, како и со промоции на три компакт-дискови.

Триото е добитник на престижната битолска награда „4 Ноември“, како и признанието „Најуспешни битолчани“, а зад себе има настапи на најзначајните музички фестивали во земјата, меѓу кои Охридско лето, Скопско лето, Интерфест - Битола, Хераклејски вечери, Златна лира и Битолско културно лето.

Во последните години ансамблот продолжува активно да ја претставува македонската музичка култура во странство. Во 2025 година настапи во Македонскиот културен центар во Истанбул, а оваа година и во Македонскиот културен центар во Загреб.

Концертот на Триото „Интерарт“ на БИТ ФЕСТ претставува можност публиката да ужива во вечер исполнета со префинета камерна музика и изведба на уметници чие творештво повеќе од две децении остава силен белег на македонската и меѓународната музичка сцена.

Влезот е слободен, а дел од програмата ќе бидат: G. Schocker: Three Dances, M. Videnovic: Ivino, A. Rubtsov: Marbella Fantasy и J. M. Damase: Trio.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер