ЗдравјеScience: Шпанскиот лек покажа силна ефикасност против короната Шпанската фармацевтска компанија PharmaMar денеска објави дека во списанието „Сајанс“ е објавен труд со кој се потврдува дека нивниот лек Plitidepsin поседува „силна предклиничка ефикасност“ во третманот на ковид-19.Набргу по отворањето на берзата, акциите на „ PharmaMar “ пораснале за 13 проценти на 98,5 евра. Студијата in vitro и in vivo спроведена од тим научници од Њујорк, Сан Франциско и Париз покажала дека лекот ја намалува репликацијата на вирусот, што резултира со 99 процентно намалување на вирусното оптоварување во белите дробови на животните третирани со Плитипепсин, објави „Science“. „Веруваме дека достапните податоци и првичните позитивни резултати од клиничките студии на „PharmaMar“сугерираат дека Плитипепсин треба да се земе предвид кога станува збор за проширени клинички испитувања во третманот на ковид-19“, објави угледното списание „Science“. Лекот, кој е веќе одобрен на некои пазари за третман на тумори, го блокира протеинот поврзан со вирусот ковид-19. Способноста на лекот да предизвика токсични ефекти врз еден орган, органски систем или повеќе е добро позната во минатото, а досега спроведените студии покажале дека пациентите ги толерираат употребените дози, објасни компанијата. ФармаМар објави дека е во преговори со разни регулаторни агенции што ќе и овозможат да ја започне третата фаза од тестирањето на лекот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
КултураПроекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“ Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани. Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден. Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен. Со почит, тимот на Дрим ШортТагови: Дрим Шорт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во СкопјеЛицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.Тагови: кокаин марихуана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години. По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н. Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“ Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија. Тагови: Денот на независноста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05Ристовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15