Scandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во регионот - Канал 5

Scandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во регионот

Scandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во Косово, Албанија и Македонија

Scandinavian Living Holding и JYSK Данска постигнаа договор за продажба на бизнисот на JYSK во регионот

По повеќе од две децении развој на брендот JYSK во Косово, Албанија и Македонија, Scandinavian Living Holding постигна договор со JYSK Данска за продажба на својот JYSK бизнис и пренесување на работењето во сите три земји под директно управување на JYSK Данска.

Она што започна со отворањето на првиот продажен салон на JYSK во Косово во 2004 година, со текот на годините прерасна во регионален бизнис со 25 продажни салони во Косово, Албанија и Македонија. Во овој период, бизнисот се развиваше заедно со локалните тимови на сите три земји, градејќи силно и стабилно присуство на JYSK во регионот.

Во текот на овие години, трите локални франшизни компании тесно соработуваа со JYSK Данска во развојот на брендот и проширувањето на бизнисот на сите три земји. Овој развој беше поддржан од искуството и одличното познавање на локалните пазари, како и од континуираниот фокус на понудата на квалитетни производи за домот и животен стил инспириран од скандинавската традиција.

„Многу сме горди на она што го изградивме заедно во текот на овие години. Од отворањето на првиот продажен салон на JYSK до 25 продажни салони во три земји, ова е достигнување што ги одразува работата и придонесот на нашите тимови, довербата на клиентите и силата на нашето партнерство со JYSK. Особено сме горди што изградивме компании и бизнис со високи стандарди, кои привлекоа ваква директна странска инвестиција во Косово, Албанија и Македонија од силна меѓународна групација со широко портфолио на брендови. За нас, ова претставува значајно признание за она што го изградивме низ годините и важен момент за нашата компанија. Задоволни сме што овој бизнис влегува во нова фаза заедно со JYSK“, изјави г. Фатмир Зимбери, сопственик на Scandinavian Living Holding.

Овој договор претставува природен следен чекор за бизнисот на JYSK на сите три земји. Со преминувањето под директно управување на JYSK, бизнисите ќе имаат можност да ги искористат придобивките од директните инвестиции на JYSK, како и од континуираниот фокус на компанијата на понатамошен раст во регионот.

Трансакцијата ќе биде завршена на 1 јануари 2027 година.

За клиентите, услугата ќе продолжи без прекин, а JYSK ќе продолжи да ги опслужува клиентите во Косово, Албанија и Македонија преку постојната мрежа на продажни салони и онлајн каналите.

За Scandinavian Living Holding

Scandinavian Living Holding е матична компанија со диверзифицирано портфолио на бизниси, кои работат преку нејзините локални компании во регионот.

Во рамките на ова портфолио, локалните компании на Групацијата го управуваат бизнисот на JYSK во Косово, Албанија и Македонија, додека во секторот за брза храна ги управуваат франшизните бизниси на KFC во Косово, Албанија, Северна Македонија и Црна Гора.

Групацијата, исто така, поседува и управува со сопствен логистички центар и со Scan Color, а воедно е и еден од главните инвеститори во Prishtina Mall.

Преку овие активности, Scandinavian Living Holding во текот на годините изгради широко портфолио на бизниси и брендови, развивајќи компании со високи стандарди и силно и стабилно присуство во Косово и на земјите во регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Креативниот центар „Сончогледи“ продолжува со реализација на циклусот креативни работилници „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, поддржан од Град Скопје. 

„Приказни што оживуваат“: Децата го истражуваат надреалистичкиот свет на Салвадор Дали

Второто издание од циклусот ќе биде посветено на Салвадор Дали, еден од највпечатливите претставници на надреализмот, чие творештво ја истражува границата меѓу реалноста, соништата и фантазијата.

Работилницата наменета за деца и млади над 6 години ќе се одржи во четврток, 29 октомври, со почеток во 18 часот, во просториите на креативниот центар „Сончогледи“, во Т.Ц. Олимпико, Тафталиџе.

Преку раскажување, набљудување и анализа на уметнички дела, децата и младите ќе се запознаат со животот и творештвото на Дали, неговиот необичен уметнички израз и светот на надреалистичката имагинација. Дел од неговата лична приказна ќе биде претставен преку глума и пантомима, со што литературата, ликовната уметност и сценскиот израз ќе се поврзат во едно интерактивно креативно искуство.

Практичниот дел од работилницата ќе биде посветен на сликањето со акрилни бои. Инспирирани од надреалистичките визии на Дали, учесниците ќе создаваат сопствени дела, експериментирајќи со формите, боите и неочекуваните комбинации. На тој начин, преку непосредно искуство и слободно творештво, ќе имаат можност да ја развиваат својата визуелна перцепција, креативно размислување и личен уметнички израз.

Циклусот „Приказни што оживуваат“ има за цел да им овозможи на децата и младите да ја доживеат уметноста како простор за истражување, прашања, имагинација и сопствено творештво, поврзувајќи ги литературата, ликовната уметност и пантомимата на пристапен и инспиративен начин.

Работилницата ќе ја водат Марина Туфекчиевска, комуниколог и дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност; Кристина Таневска, визуелен уметник, ликовен педагог – вајар и магистер по сликарство; и Метo Јанакиевски, историчар на уметност и пантомимичар.

Учеството на работилницата е бесплатно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер