СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворен до крајот на август - Канал 5

СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворен до крајот на август

Спортскиот центар „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“, што се наоѓаат во Општина Аеродром, ќе бидат отворени на крајот на овој месец, соопшти менаџерскиот тим на денешната прес-конференција.

СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворен до крајот на август
Во рамки на СЦ „Јане Сандански“ има голема централна арена, со капацитет за 6.500 посетители, помошна спортска сала со димензии за кошаркарско и ракометно игралиште за 1.000 посетители и конгресен центар за прес-конференции направен според меѓународни стандарди, информираше Надица Димовска, генерален менаџер на СЦ „Јане Сандански“.

Дополнителните спортски капацитети е планирано да се отворат до крајот на оваа година.

- Ќе бидат отворени четири тениски игралишта, според АТП и ВТА стандарди, а две од игралиштата ќе можат да се користат и во зимскиот период. Дополнително во рамки на спортскиот центар ќе има и фитнес центар на површина од 500 метри квадратни, што ќе се употребува како за потребите пред се на професионалните спортски клубови, кои ќе играат натпреварите и ќе имаат тренинзи, така и за комерцијална употреба. Ќе има професионална спортска програма за фитнес. Паралелно ќе биде отворен и мултифункционален простор од 400 метри квадратни за одржување тренинзи по аеробик, пилатес и боречки спортови, изјави Димовска.

На западната страна на платото на спортскиот центар ќе биде отворена продавница, првпат во Македонија, на познатиот спортски бренд Хумел. Дополнително овој бренд ќе има обврска да ги сервисира фан шоповите на женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар. Освен спортските капацитети, на површина од 300 метри квадратни, ќе има и игротека со поглед кон Паркот на езерцата во Општина Аеродром.

- Целиот објект е изграден со јавно-приватно партнерство склучено помеѓу компанијата на господинот Сергеј Самсоненко и Општина Аеродром, врз основа на кој ние имаме обврска да ги сервисираме потребите на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, на професионално ниво, според барањата на клубот за меѓународни и домашни натпревари и тренинзи во салата. Влезниците за натпреварите на почетокот ќе се продаваат преку продажната мрежа на МК Тикетс, а наскоро преку веб - страницата на спортскиот центар, рече Димовска.

Ивестирањето во ваков спортски објект, според неа, претставува голем економски импут, бидејќи во процесот учествуваа преку 60 македонски компании и пет странски. На објектот работеа над 1.600 работници, а беше изграден во рок од 16 месеци.

- Благодарение на јавното - приватно партнерство вклучително и со договорот кој го потпиша Општината Аеродром со компанијата на Самсоненко успеа да се изгради еден ваков објект кој ќе биде гордост на Македонија. Тоа ќе биде храм на двата ракометни тима Вардар - мажи и жени, и секако дом на македонскиот шампион во кошарка МЗТ. Очекувам сите три тима да имаме извонредни услови за работа, кога се има такви услови за работа претпоставувам дека неизоставни ќе бидат и добрите резултати, изјави претседателот на РК „Вардар“ Гордана Нацева.

Според неа, објектот е извонредно модерен и пријатен за гледање.

- Вардар посветува многу големо внимание на развивање на младинските програми. И во двата тима, па и во фудбалскиот се најави проектот за заживување на младинските школи. Од моментот кога го објавивме огласот пријавени се околу 2.500 деца од цела Македонија, кои се вклучени во школите на двата тима, изјави Нацева.

Хотелот „Русија“, што исто така е во рамки на СЦ „Јане Сандански“ ќе биде отворен исто така на крајот на месецов. Ќе има 61 соба и апартмани. Спа центарот ќе биде отворен на крајот на годината. Досега во хотелот се вработени 35 лица, а генералниот менаџер Дина Муцунска најави и нови вработувања/МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер