Други спортовиСЦ „Борис Трајковски“ слави осум години постоењеСпортскиот центар „Борис Трајковски“ овој месец го слави осумгодишното успешно работење. Комплексот е еден од врвно опремените и најпознати комплекси во Македонија и во него се одржувале врвни спортските, музичките и воопшто културните манифестации. Центарот кој го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004) претставува мултифункционален објект за рекреација, сите видови спортови и најразлични културно – музички настани и манифестации. Од позначајните спортски настани во „Борис Трајковски“ се реализирале: Европско првенство во ракомет за жени и мажи, Европски првенства на нашите репрезентации во кошарка и ракомет, Куп на Македонија во ракомет и кошарка, квалификациски натпревари за европски и светски првенства на репрезентациите во кошарка, ракомет и одбојка, Светско првенство во кик-бокс, Златен Гонг - меѓународен боксерски турнир, Регионалната лига во кошарка и ракомет, Регионална лига во ракомет за жени.... Низ текот на годините се реализираше отворање на Куглана, Пинг Понг клуб, Аеробик Центар, Конгресна Сала, Хокеј Арена, Картинг Центар, Пливачки Базен, Центар за странски јазици – Логос Центар, сала за Бокс, се пушти во употреба и Карпа за качување, потоа имаше отворање на првиот рекреативен Аква Парк во Скопје, две двојни тениски игралишта, адаптација на арената во мултифункцонален терен за ракомет, кошарка и тенис. - Сите овие новини се адаптирани кон потребите на нашите корисници и потребите на граѓаните и се надеваме дека ќе ја приближиме нашата понуда до што е можно повеќе граѓани. Исто така верувам дека ќе успееме да ги мотивираме оние кои се уште не почнале да се занимаваат со спорт, токму сега да го сторат истото, а со тоа индиректно да придонесеме да се избегнат пороците од модерното живеење. Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и во идина ќе продолжи да работи на промоција на спортот и спортскиот начин на живот, како наша главна определба, а се со цел да им овозможиме на граѓаните поквалитетни и подостапни услови за спортување. Нашиот план е десетгодишнината да ја прославиме со двојно зголемување на проекти но и на капацитети во центарот, изјави Директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, Златко Перински. Во чест на јубилејот тимот на Спортскиот Центар Борис Трајковски изготви електронски времеполов на настани, а истиот можете да се погледне на следниов линк: http://scboristrajkovski.gov.mk/kniga.html /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПродолжува топлотниот бран, денесска сончево со температура до 39 степениУправата за хидрометеоролошки работи информира дека времето денес ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35
ХороскопДневен хороскоп за 3. август 2028 година Дневен хороскоп за понеделник, 3. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно доста ќе се движите меѓу луѓе и така ќе доаѓате до нови контакти. Можно е убаво патување или излет. Кариера Нема многу да се грижите за утре. Вашите деловни амбиции се веќе сосема јасни , а вие вредно работите за да ги остварите. Здравје и совет Излезете на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Може да очекувате уште еден ден во кој ќе има контакти и можности за дружење. Ќе ви биде пријатно и убаво. Кариера Ново или старо , тоа ќе биде дилемата што полека ќе ја решавате во вашата глава пред понеделник . Како и да е , не ви е лошо. Здравје и совет Забавувајте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Малите игрички со кои сакате да потврдите што е , а што не е важно во приватниот живот , ќе ви биде главна преокупација. Кариера Не сонувате за нешто нереално , но очекувате повеќе да бидете фокусирани на своите соништа . Имате право на нив. Здравје и совет Мала кашлица. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе и одолеете на секоја провокација и ќе најдете мир во приватните односи. Ќе почувствувате олеснување и намалување на напнатоста. Кариера Оние кои се занимаваат со истражувачки професии , денеска би можеле да го добијат успехот што долго го посакуваат. Здравје и совет Конечно имате позитивен став. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако се обидете по секоја цена да го зацврстите својот однос , денеска нема да успеете. Препуштете и се на сегашноста и уживајте во неа. Кариера При смислувањето нова работна стратегија , ви паѓа на памет идеја дека не сте доволно платени . Здравје и совет Немојте да бидете алчни . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе посакате чувствата да ги изразите или да ги доверите на некој кој е вмешан во вашата љубовна приказна. Во тоа ќе бидете упорни. Кариера Денеска ќе ви изгледа како она што го работите да не е доволно стабилно или една ситница ќе ве натера да мислите дека ништо не е сигурно. Здравје и совет Посетете стоматолог. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Додека вие го расположувате , партнерот се лути. Ќе мора да го утешите со својата смисла за хумор и со топлина. Кариера Важно е да гледате каде одите.Вашиот пат секогаш е долг и далечен. така ви се чини и до утрешниот работен ден. Здравје и совет Разведрете ги другите со хумор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашето љубовно небо е отворено за поквалитетни интимни односи. Ќе ви признаат дека сепак ве сакаат. Тоа е добро. Кариера Некои ваши непријатели конечно ќе ве остават на мир. Ќе работите поорганизирано , ќе ви биде попријатно , а нема да изостанат ниту резултатите. Здравје и совет Зголемена енергија. Овен 21.3-20.4. Љубов Тешко ќе наоѓате рамнотежа во приватните односи. Повлечете се , смирете се и бидете трпеливи и реални. Кариера Вашите деловни желби ќе бидат едно , а реалните можности нешто друго. Сепак ако почнете да го работите она што најдобро го знаете , резултатите ќе ве расположат. Здравје и совет Емотивни фрустрации. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе направите куса пауза од љубовните очекувања и тоа ќе биде добро. Но , ниту самите нема денеска да најдете душевен мир. Кариера Попладне ќе добиете информација дека еден извор на пари е прекинат или дека е откажана работата што би ги донела. Немојте да тагувате. Здравје и совет Поработете на методите за релаксација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Додека вие сакате со цела сила , расте нетрпението кај вас.Ќе мора малку подобро да се контролирате и се ќе биде добро. Кариера Почнуваат нови притисоци на работното место и вие ќе мора со тоа да се соочите. Нема веќе одложување на роковите. Здравје и совет Најдете пет минути за пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе не се плашите од своите тајни или криење на чувствата. Добивате нов полет и на конструктивен начин им приоѓате на односите. Кариера Почнуваат да се редат некои коцки во ваша корист и тоа ве радува. Работите со повеќе волја и сте повеќе продуктивни. Здравје и совет Во секој случај, следува подобрување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околинатаСпоред податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес .Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 21 часот и 54 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентрално подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.5. Земјотресот е почувствуван од жителите на градот Скопје и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook