РакометСавевски: Во Македонија има интерес и за женски ракометАко успееме да ги ставиме работите во прав колосек, можеме да се надеваме на добри резултатиСавевски за МИА: Ако успееме да ги ставиме работите во прав колосек, можеме да се надеваме на добри резултати Скопје, 11 декември 2022 (МИА) – Македонската женска ракометна репрезентација на годинашното Европско првенство што се играше во Скопје, Подгорица и Љубљана, забележа три порази (Франција, Холандија и Романија). Општиот впечаток е дека не ги разочара гледачите кои доаѓаа да дадат поддршка во СЦ „Борис Трајковски“. Токму за овие впечатоци и атмосферата во тимот, МИА разговараше со селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски. Според пласманот, нашата репрезентација заврши на последното, 16. место, но, и покрај тоа, ракометарките добија овации на сите три натпревари. Селекторот вели дека е задоволен од прикажаното на неговите избранички. – Задоволен сум од борбеноста, исклучителната борбеност, мотивираност. Тоа се гледаше на почетокот, при интонирањето на химната, при играта, нивната желба за победа. Ова, на крај беше наградено од публиката со аплауз и со овации на изненадување на сите нас, затоа што сепак, нели, не победуваш, а публиката е со вас. Тоа покажува дека сепак има интерес за ракометот во женска категорија во Македонија и дека ако успееме да ги ставиме работите во прав колосек, можеме да се надеваме во блиска иднина да ќе учествуваме на другите натпревари и да покажеме добри резултати. Савевски споделува дека уште на почетокот знаеле дека ја имаат најтешката група, но, тоа не ги спречило да се надеваат на победа. – Сите три репрезентации беа со олимписки, европски и светски прваци. Рековме дека би биле пресреќни ако успееме да изненадиме еден од противниците. Токму тука ја гледавме шансата на последниот натпревар со Романија. Сите сили ги усмеривме да направиме некое изненадување, да ја победиме репрезентацијата на Романија и да се пласираме во вториот круг. Првото полувреме го одигравме одлично и некаде во 40-45-та минута и потоа, после нашите последователни грешки од еден-два разлика дојде до шест разлика и беше готово. Целиот разговор со селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, заедно со видео-интервјуто, го пренесуваме во продолжение: Голем хендикеп за вас беше што не можевте да сметате на Елена Ѓоргиевска. Десната бековска позиција практично ни беше „болна точка“. Дали е ова една од причините за доживеаните порази? – Ние цела година имавме пријателски натпревари без леваци на десната страна. И пред тоа беше Ѓоргиевска повредена. Сега се повреди и Дуковска од кадетите, она беше еден од кандидатите за десен бег. Тука беа и Кипријановска и младата Младеновска со 15 години. Во секој случај, и да беше Ѓоргиевска тука, секако ќе беше од голема помош нејзиното искуство. Нејзиниот квалитет ќе придонесеше да добиеме поголема сигурност. Кипријановска, Младеновска и Дуковска се иднината на македонскиот ракомет. Тие се релативно млади и јас се надевам дека во догледно време ние ќе имаме три добри левораки играчи кои ќе бидат стожерот на тимот во следните 10-15 години. Имате поддршка за селекцијата која ја направивте, но, имаше и критики за драстичното подмладување. Останувате ли на курсот на создавање репрезентација која ќе игра заедно во наредните десетина години? – Ние имаме десетина ракометарки кои играат во странство, од кои три-четири се веќе на залез на кариерата. Мора да се размислува за подмладување. Другите ракометарки што играат во странство се релативно млади, тоа се пет-шест ракометарки кои остануваат во ростерот и останува да ја надополниме таа група од 16 до 20 играчи од домашното првенство. Зашто младите? Кадетската репрезентација на Македонија минатата година го освои првото место на Б првенството на Европа и со тоа овозможи да учествува на Светското првенство кое се одржа во Македонија по отказот на Ерменија, и следната година на Европско првенство 2023 година за кадети. Ова овозможи во истата година и пионерките да учествуваат на Европското првенство. Зошто го говорам ова? Тие играа на медитеранските игри оваа година, 10 од нив играат на медитеранските игри, 16-19 играа на годинашното Светско првенство, следната година ќе играат на Европското првенство, и во 2024 година ќе играат повторно на Светското првенство за јуниорки. По силата на нештата, тие се инфицирани со ракомет и тие ќе напредуваат повеќе и повеќе. Во полуфиналето и натпреварите за медали гледавме врвен ракомет. Имаше силни дуели и во групните фаза. Колку сме далеку од најдобрите и кој е патот да се доближиме до нив барем на некое ниво кое ќе даде надеж за позитивни резултати? – Ќе ја поделиме оваа работа на два дела, на нашите носители кои играат во странство и оние што играат во македонското првенство. Ако забележавте, на играчите што играа во сите репрезентации на финалето и полуфиналето, до 6-то место, сите играчи играат видна улога во своите клубови. Играат во Лигата на шампионите, значи на тешки натпревари се калат и напредуваат. Во нашата ситуација не е така. Нашите играчи што играат во странство играат добро во клубовите каде што играат, но, тие делат минутажа со најдобрите играчи од тие земји, значи не се носители на играта. Истото се однесува и на домашните играчи, кои, исто така, делат минутажа. Не сме во ситуација да имаме лидери на екипата. Повеќе лидери кои играат во клубовите прават добра репрезентација. Понатаму, нормално, ќе размислуваме и за еден друг начин, но во оваа ситуација, освен тие 20-ина ракометарки, не можеме. Единствен начин да се успее, освен овие што играат во странство, е да се соберат барем кандидатките што се за овие две години од 2004-2005 во еден клуб, да тренираат под надзор на Федерацијата, на репрезентацијата и да напредуваат онака како што е примерот со машкиот клуб на „Алкалоид“, каде што младинските и кадетските репрезентативци се собраа во еден клуб, и еве, за година дена покажуваат виден напредок. Со доаѓањето на Живко Мукаетов на чело на Ракометната федерација на Македонија, буквално сите селекции, од најмлада до сениорска, имаат идеални услови за работа. Организацијата на Европското првенство, пак, по пауза од 10 години овозможи и настап на едно од најголемите натпреварувања. Кога може да очекуваме пласман на друго големо натпреварување кое ќе го избориме преку квалификации? – Доколку успееме да го подигнеме нивото на ракометарките што играат во нашето првенство, а ќе го подигнеме ако бидат во еден клуб и работат максимално, што не може да се случи во клубовите каде што играат, затоа што има две-три ракометарки што отскокнуваат, другите се нормално послаби, не може да се направи еден добар спаринг. Ако се направи таков систем, каде тие млади ракометарки ќе напредуваат заедно со ракометарките што играат во странство, ние можеме да се надеваме за некој поголем успех. Во оваа ситуација, освен да има инцидентно покажување на некој добар резултат. Но, јас не сум некој голем оптимист доколку вака продолжи. Постои еден друг начин, а тоа е да младите ракометарки кои покажуваат добар резултат на светските и европските првенства бидат интересни за големите европски клубови. Ако добиеме таква шанса, да тие играат во големи европски клубови, тогаш ќе направиме, тоа е единствениот начин да се направи добра репрезентација. Или на овој начин да бидат собрани во еден клуб, или младите играчи да напредуваат толку многу за да бидат интересни за големите клубови и да играат видни улоги во европските клубови. Тогаш ќе добиеме квалитетни, врвни играчи кои играат на високо ниво и тоа нивно искуство и квалитет ќе се пренесе во репрезентацијата. Кои се вашите идни планови поврзани со репрезентацијата? – Јас сум веќе 14 месеци селектор на сите селекции на женската репрезентација. Мојот договор завршува во септември и имаме џентлменски договор дека доколку успееме да направиме некое помрднување во кое ќе има голема разлика од она што било во последните 10 години, ќе се продолжи соработката. Поврзано е и со ситуацијата во квалификациите за Светското првенство во кои ни се падна репрезентацијата на Украина, која во квалификациите за ова Европско првенство покажа видни резултати, ја победи Хрватска во Хрватска, дома изгуби со еден гол плус и не се пласира, а претходно играше со Франција и до последните три минути водеше два разлика, извонредно јака репрезентација. Многу важна работа тука е континуитетот. Доколку успееме да се пласираме на Светското првенство, тоа е уште еден плус за оваа млада репрезентација. И начинот на кој посочив, да тие млади ракометарки играат на светско, европско, кадетско, јуниорско првенство, единствен начин е да напредуваат на врвните натпревари и со врвни екипи да се напредува во иднина. Каков системскиот капацитет во однос на овозможување на континуитет и што може да се стори за да се подобри истиот? – За разлика од ракометот во машка категорија, ракометот во женска категорија е во криза во однос на тоа. Интересот на спонзори, услови, на сè што се сврзува околу она што треба да биде успех на една екипа е многу низок. Имаме многу екипи каде што, јас не знам точно, но гледам по медиумите, имаат од илјада до 1 500 денари месечен надоместок за тој труд што го вложуваат, и тука доаѓаме до судир на интереси. Имаме ситуација кога клубовите се интересираат за ваучери и само да опстанат, дали ги користат, како ги користат, тоа е нивна работа. За разлика од машките, каде што треба уште повеќе спонзори за да постигнат успех и тука нема интерес ниту кај тренери, ниту кај играчи. Кога ќе се воспостави полупрофесионален однос, кога ќе биде полупрофесионален однос и на стипендии, во однос на квалитетни тренери, на тренери кои имаат поголема одговорност и првенството да стане поинтересно, затоа што во оваа ситуација имаме една ситуација кога една екипа победува со 40-45 голови разлика, тоа се три-четири поквалитетни екипи. Но, тоа е многу малку во однос на тоа што треба да биде. Сегашното машко првенство, пак, покажува нешто друго, особено плејофот што ќе биде ќе биде можеби најинтересен од осамостојувањето на Македонија. Ќе имаме осум квалитетни екипи помеѓу кои секоја екипа може да ја победи секоја. Доколку тој начин се преслика во ракометот во женска категорија, може да очекуваме. Но, овој начин како што е сега, на начинот на кој интересот на општеството, градовите и на клубовите кои се инволвирани во ракометот во женска категорија, не очекувам некои големи промени. Имате и клупски обврски со тимот на Алкалоид кој е вистинско освежување во машката Суперлига. Дали проектот на создавање македонски играчи започнат пред две години е на вистинскиот пат? – Тука мораме да кажеме тоа е само еден извонреден пример како треба сите да применуваат. Мене ме радува што тоа се случува со Голден Арт, Пелистер и Еурофарм, што имаат две екипи кои имаат можност и млади играчи да добијат шанса, да тренираат на едно високо ниво и да имаат минутажа која носи квалитет. Играјќи во клуб каде што играте 50-60 минути, играчите напредуваат многу повеќе отколку да седат на клупа. Колку и да се талентирани, најдобриот тренинг е добра утакмица. Тој начин на организирање од клуб, еве пример Алкалоид, од кондициони тренери, од помошници тренери, од згрижување на играчите, што подразбира сите услови за живеење од стан, храна, суплементи, високо ниво на организација и високо ниво на тренинзи, мора да дава резултати, и дава. За година дена овие играчи покажуваат голем напредок. Јас се надевам дека ќе продолжат така да напредуваат, но, нормално, треба време. Не може за една година да скокнете пет скалила, се оди една по една. Но, ова е пример како треба сите и треба да е постави од сите структури во државата и сите клубови да се обидат да го прифатат тој модел. Сега имаме ситуација каде еден клуб има седум-осум странци, не би требало никогаш тоа да се дозволи. Покрај мене како селектор ова го нема кај жените. Има некој начин, некои желби кој да биде прв или да освои нешто, ќе повика две-три ракометарки од странство на два месеци пред завршување на првенството, или пред Европско првенство, тоа е катастрофа за ракометот и треба да се сведе на минимум или, пак, на висококвалитетни играчи, репрезентативци кои доаѓаат да го подигнат нивото на квалитет, а не во една екипа да имаме 7-10 странци, а нашите играчи да нема каде да играат. Кога сме кај ракометот во машка конкуренција, сениорите во јануари ги очекува настап на Светското првенство во Полска и Шведска. Што може да очекуваме од македонската репрезентација на овој Мундијал каде ќе игра во група со Норвешка, Аргентина и Холандија? – Јас бев привлечен да се вратам во ракометот по проектот на Ракометната Федерација и Кире Лазаров за машката репрезентација. Прво се создаде една група од 40-ина млади ракометари кои се исклучително талентирани, млади и се овозможи оваа репрезентација да се подмлади, и во овој момент покажува евидентен напредок. Но, пак ќе кажам, тоа е еволуција, мора да има процес, не може преку ноќ да бидеме ние први. Имаме тешка група сега. Ги имаме Норвешка, Холандија и Аргентина. Тоа се исклучително силни репрезентации. Доколку ги поминеме нè чекаат Германија, Србија и мислам Катар, почнуваме со тие репрезентации. Тоа се исклучително јаки конкуренции. Но, оваа млада генерација на овие квалификации кои беа како загревање пред Светското првенство покажува дека Ракометната Федерација и Кире Лазаров како селектор се на прав пат и дека само на таков начин ние можеме да фатиме приклучок кон европскиот и светскиот ракомет, начин на тренинг, начин на спроведување на таа ракометна филозофија и истрајност, и нормално, тие играчи да напредуваат. Селекторот напоменува дека во ракометот, играчите мора да внесуваат нешто свое. – Не може да чекаат само да дојдат на тренинзи и да одработат, мора да имаат иницијатива да напредуваат, да имаат желба да напредуваат во однос на физичката подготвеност, во однос на прецизност на шутирање, примерот со Дражен Петровиќ кој кажува какво откажување и желба мора да постои кај нив за да напредуваат и да имаат такво поднебје, ситуација во која ќе имаат добри услови. Неговата порака до најмладите е да тренираат вредно и да се посветат на своето лично усовршување. – Јас би им препорачал да тренираат вредно, да се посветат многу повеќе на своето лично усовршување, на индивидуалната работа. Затоа што бркањето резултат во клубовите секогаш останува една празнина на индивидуалното работење на играчите. Играчите цело време се спремаат како да победат, како да се освои место кое носи бодови за понатака, за финансирање, за ваучери и тие работи. Се занемарува индивидуалната работа која може секој сам да ја реализира. Едноставно е, на тренинг доаѓа половина час пред време или потоа, шутира по 50 шута, вели тој, порачувајќи да тренираат вредно, да напредуваат и да се изборат да играат 60 минути, само така, како што вели, ќе напредуваат и ќе бидат врвни ракометари и ракометарки./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:00
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
СудбинаСопругот ѝ починал за време на лет, а таа ја скршила карлицата- сега ја тужи компанијата Жената чиј сопруг починал по силни турбуленции за време на летот ја компанијата тужи „Сингапур ерлајнс“.Адвокатите на 74-годишната Линда Кичен од Торнбери, град недалеку од Бристол во југозападна Англија, велат дека нејзиниот сопруг Џеф (73) претрпел смртоносни повреди кога авионот одеднаш изгубил околу 1.800 метри надморска височина на лет од Лондон. Линда го скршила 'рбетот во инцидентот. Таа сега започна постапка во Високиот суд и бара надомест за да може да плати за стручната помош што ѝ е потребна за време на закрепнувањето, пишува Би-Би-Си. „Кога бев разделена од Џеф, знаев дека е лошо, но ништо не можеше да ме подготви за веста за неговата смрт. Апсолутно ме уништи“, рече Кичен. Кичен и нејзиниот сопруг патувале на шестнеделен одмор во Сингапур, Индонезија и Австралија кога се случил инцидентот во мај 2024 година. Хаос за време на летот Силни турбуленции го зафатија авионот над Мјанмар, по што беше принуден да слета во Бангкок. „Имаше мали турбуленции над Европа и се тресевме над морето, но главната турбуленција се случи по десет часа лет“, рече Кичен. „Беше толку силно што имав чувство дека авионот паѓа. Мислев дека се уриваме“, се присети таа. Додека авионот брзо ја губеше висината, Џеф падна врз сопругата. Другите патници помогнаа да го преместат, а докторот на летот почна да го реанимира. Се верува дека Џеф доживеал срцев удар по ненадејното уривање на авионот. Помина десет дена во болница Линда Кичен беше однесена во болница додека нејзиниот сопруг сè уште беше во авионот. Дури два дена подоцна дозна дека тој починал. „Поминав десет дена во болница пред да ме префрлат со хеликоптер во Бристол. Патувањето беше матно поради силна болка. Во Велика Британија бев во болница уште една недела, а по отпуштањето ми требаше многу помош дома“, рече таа. Анте Корелиду, адвокат специјализиран за воздухопловно право што ја застапува Линда Кичен, рече дека смртта на Џеф и сериозните повреди на Линда покажуваат колку е сериозен инцидентот. „Иако поминаа повеќе од две години од смртта на Џеф, Линда и семејството сè уште имаат многу прашања за тоа што точно се случило. Тие се прашуваат дали можело да се направи повеќе за да се спречат повредите“, рече адвокатот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет400 бродови и 6.000 поморци веќе половина година се блокирани во Персискиот залив До 400 трговски бродови со околу 6.000 морнари сè уште не можат безбедно да го напуштат Персискиот Залив, шест месеци по почетокот на војната на Блискиот Исток, предупреди Меѓународната поморска организација (ММО).Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, ММО потврди најмалку 70 напади врз меѓународни бродови, во кои загинаа 19 морнари. „Иако некои бродови и нивните екипажи успеаја да го напуштат Персискиот Залив, до 400 бродови со околу 6.000 морнари не беа во можност безбедно да го напуштат од почетокот на конфликтот“, рече генералниот секретар на ММО, Арсенио Домингез. Илјадници морнари живеат под зголемен ризик веќе половина година. Домингез предупредува дека илјадници морнари продолжуваат да работат и да живеат во услови на зголемен ризик и неизвесност. „Влошувањето на поморската безбедност низ целиот свет, од Црното Море до Црвеното Море до Аденскиот Залив, им штети на сите. Но, особено е тешко за илјадниците невини морнари кои се погодени“, рече тој. Проблемите во Ормутскиот теснец имаат последици далеку надвор од регионот, бидејќи голем дел од светската трговија со нафта и гас поминува низ овој морски пат. ММО предупредува дека прекините влијаат и на синџирите на снабдување со гориво, ѓубрива и други важни стоки. (Меѓународна поморска организација) Уште во јули, ММО повтори дека правото на минување низ меѓународните теснеци не смее да биде загрозено, попречено или суспендирано и повика на враќање на непречена пловидба низ Ормутскиот теснец. Американците ги блокираат иранските пристаништа Во исто време, американската поморска блокада на Иран продолжува, додека Техеран го ограничува минувањето на бродовите низ Ормутскиот теснец и се обидува да ги принуди бродските компании да се придржуваат кон неговите правила. Американската централна команда, ЦЕНТКОМ, објави дека до 28 август, како дел од спроведувањето на блокадата, пренасочила 82 трговски брода, онеспособила три, а два биле качени од американските сили. Еден од најновите сериозни инциденти се случи на 11 август, кога американски воен хеликоптер испали два проектили „Хелфаер“ во машинската просторија на товарниот брод „Вела Нова“ откако ги игнорираше предупредувањата и продолжи да плови кон иранско пристаниште, според ЦЕНТКОМ. Преминувањето на бродови низ Ормутскиот теснец драстично се намали Сообраќајот низ Ормутскиот теснец нагло се намали од почетокот на војната. Пред конфликтот, повеќе од 130 бродови минуваа дневно, додека во последните недели тој број се намали на околу 15 до 16. Во последните денови, Иран дополнително го зголеми притисокот врз бродските компании. „Фајненшл тајмс“ објави дека Техеран се закани дека ќе казни, притвори или заплени најмалку 46 бродови за кои вели дека не ги почитуваат новите правила за минување низ теснецот. Напорите за политичко решение досега не доведоа до повторно воспоставување на нормална пловидба. Затоа, ММО ги повикува државите и бродската индустрија да се договорат за конкретни мерки што би овозможиле безбедно минување на бродовите и излез на илјадници морнари кои се блокирани во Заливот половина година.Тагови: Персискиот Залив Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизМеѓународниот аеродром во Нешвил би можело да се преименува во чест на Доли ПартонМеѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон.Меѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон, според предлогот објавен вчера од гувернерот на Тенеси Бил Ли и управата на аеродромот по нејзината смрт. Преименувањето на меѓународниот аеродром во Нешвил (БНА) ќе биде „траен спомен на нејзиното неизбришливо наследство“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот и аеродромот. Партон инспирираше генерации луѓе во Тенеси и ширум светот, се додава. „На место каде што Тенеси го пречекува светот, сосема е соодветно BNA да го носи името на Доли Партон“, рече Ли во објавата на социјалната мрежа X. At a place where Tennessee welcomes the world, it is fitting that BNA would bear @DollyParton’s name. Today, in partnership with @Fly_Nashville, we announced our intent to honor Tennessee’s favorite daughter and her indelible legacy. Link: https://t.co/bGBXYqp0d1 pic.twitter.com/Jvf4Em9Amq — Gov. Bill Lee (@GovBillLee) August 28, 2026 Долго време живеела во Нешвил Доли Партон е родена во Тенеси во 1946 година, а се преселила во Нешвил во 1964 година, каде што ја започнала својата кариера како текстописец и музичар. Таа стана една од најпознатите личности во кантри музиката. Таа мирно почина во Нешвил на 80-годишна возраст, објави нејзината агенција.Тагови: Доли Партон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter