Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
1Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ
2Реформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултати
РакометСавевски веќе не е селектор на македонските ракометаркиРакометната федерација на Македонија (РФМ) соопшти попладнево дека 66-годишниот стратег Љубомир Савевски веќе не е селектор на женската сениорска ракометна репрезентација.Двете страни, како што е соопштено, „заемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските ракометни категории“. Савевски беше назначен за селектор и координатор на националните селекции во женска конкуренција во летото 2021 2021 година. Прекинот на соработката доаѓа еден месец по неуспехот на македонската сениорска женска ракометна репрезентација да избори пласман на Светското првенство, по двата порази во мундијалскиот бараж од Украина (22-24, 22-31). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на ВучиќЗаев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ.Александар Обрадовиќ е балкански мешетар, кој беше советник на Заев, па потоа сакаше и да го стави за директор на ЕЛЕМ, но поради притисокот на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тоа се запре. Но, во 2021 година, Обрадовиќ станува директор на ќерка фирма на ЕЛЕМ. Човекот кој беше сменет од функција директор на Електростопанство на Србија, поради луксуз и хедонизам. Ете, вакви луѓе од српскиот свет носеше Заев во Македонија. Од друга страна, го имаме Зоран Башановиќ, кум на Александар Вучиќ, кој Заев го вдоми во Владата. Сегашен ПР-шеф на СДС кој заедно со Милјан Шчекиќ им ги спремаат соопштенијата и прес-конференциите на Венко и другарите. Башановиќ е човек за кој се вели дека ги споил Заев и Ципрас за промена на името Македонија. Исто така, во јавноста се говори дека бил одговорен за зделки во делот на енергетиката, во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац „Зобек мининг груп“ добивала најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“, која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен, била токму од Грција? Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Истата таа фирма „Зобек мининг груп“ која му купи на Филипче автомобил од марката „АУДИ“. Ете затоа им е криво и на Филипче и на СДС, затоа што не се власт за да можат да си местат тендери со луѓето на Вучиќ. Филипче и Заев се на истата линија со Александар Вучиќ. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеформата за професионалните војници кои навршуваат 45 години веќе ги дава првите позитивни резултатиРеформата во одбраната веќе ги дава првите позитивни резултати, носејќи сигурност и трајно решение за нашите професионални војници. Денеска во Министерството за одбрана беа потпишани договори за вработување со професионални војници кои навршуваат 45 години возраст, како цивилни лица во Министерството чиј статус ќе се трансформира во цивилни лица во македонската Армија. Денешното потпишување договори е токму резултат на реформата која професионалните војници претходно не беа во можност да ја користат. Војниците кои денеска ги потпишаа договорите за вработување на неопределено време, претходно планираа да заминат со финансиски надомест (испратнина). Наместо да ја напуштат службата, тие по 45-тата година ќе продолжат да работат како цивилни лица сè до нивното пензионирање. Оваа суштинска реформа која е резултат на заедничката работа со претставниците на синдикалните здруженија и со Генералштабот, по повеќе децении става крај на неизвесноста и на професионалните војници им отвора нова, дополнителна можност — трансформација на работниот статус од определено на неопределено време. Притоа, досегашните законски опции, како испратнината во висина од две просечни плати во државата за секоја помината година во Армијата, како и префрлањето во органите на државната и локалната власт, и понатаму остануваат во сила за оние кои тоа ќе го изберат. Ставот на Министерството за одбрана и Генералштабот е едногласен: не постои подобар, поискусен и пообучен персонал за извршување на задачите од луѓето кои го поминале својот работен век во Армијата. Професионалните војници се еден од столбовите на нашата безбедност и ова е вистинскиот начин државата да им се оддолжи за нивниот придонес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
БизарноChatGPT ѝ рекол на жена со епилепсија да ја намали дозата на лековите? Таа почина, нејзиното семејство поднесе тужба против OpenAIПоднесена е тужба против компанијата OpenAI и нејзиниот извршен директор, Сем Алтман за смрт предизвикана од несовесно постапување . Тужбата следи по наводите дека нивниот чет-бот, ChatGPT, му советувал на 31-годишен пациент со епилепсија да престане да ги зема своите лекови. Тужителите тврдат дека таа го послушала овој совет, по што починала. Тужбата е поднесена од Кун Ван и Мејчин Сју во врска со смртта на нивната ќерка, Бовен Ван – инженерка во „Амазон“ која боледувала од епилепсија уште од 14-годишна возраст, пренесува „International Business Times“. Според тужбеното барање поднесено до Вишиот суд во округот Сан Франциско, моделот GPT-4o на ChatGPT генерирал детален 25-дневен план за постепено прекинување на употребата на лекот ламотригин, намалувајќи ја дозата од 400 милиграми на нула. Овој план не бил одобрен од ниту еден лекар. Ван ја зела својата последна доза околу 10 февруари, а починала на 12 февруари. Истражниот лекар (коронер) утврдил дека причина за смртта е „ненадејна неочекувана смрт кај епилепсија“ (SUDEP). Аутопсијата покажала дека нивото на лекот во нејзиниот организам било пет пати пониско од минималната терапевтска доза. Во тужбата, исто така, се тврди дека четботот ја охрабрил Ван да го скрие својот план од нејзините лекари. Се тврди дека, пред лекарскиот преглед, моделот ја советувал да не го споменува намалувањето на дозата и ја пофалил за одбивањето на крвен тест што би открил пад на нивоата на лекови. Нејзиниот невролог, д-р Николас Пулос, изјавил за „Њујорк тајмс“ дека, со оглед на нејзината медицинска историја, никогаш не би размислувал за постепено прекинување на нејзината терапија. Правната теорија зад тужбата се базира на интерниот документ на OpenAI, „Model Spec“, кој ги дефинира правилата на однесување за моделите на вештачка интелигенција. Адвокатите на семејството истакнуваат дека овој документ ја третира забраната за репродукција на текст заштитен со авторски права како строго правило што корисниците не можат да го заобиколат. Спротивно на тоа, упатствата против давање регулирани медицински совети имаат помала тежина. Во тужбата се тврди дека советите во врска со лековите требало да подлежат на исто толку строга забрана. Понатаму се наведува дека компанијата можела да ја спречи нејзината смрт доколку го прогласела за недозволено давањето упатства за лекови што се издаваат на рецепт. Портпаролот на OpenAI, Дру Пусатери, го опиша случајот како „исклучително вознемирувачка ситуација“, но напомена дека Ван користела модел кој во меѓувреме е повлечен. Моделот GPT-4o, кој беше критикуван поради тоа што бил премногу попустлив, беше отстранет од апликацијата на 13 февруари – ден по нејзината смрт. Наводите во тужбата сè уште не се докажани на суд, а OpenAI сè уште нема дадено официјален одговор. Овој случај е една од неколкуте тужби поднесени во врска со моделот GPT-4o. Од OpenAI изјавија дека повеќе од 300 милиони луѓе секоја недела поставуваат прашања поврзани со здравјето на ChatGPT. Во јануари 2026 година, компанијата го лансираше „ChatGPT Health“, посебен дел наменет за медицински прашања, при што нагласија дека тоа не претставува замена за стручна медицинска грижа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook