РакометСавевски: На ЕП не разочаравме, иако не ја поминавме групатаСавевски е задоволен од игрите на македонските ракометарки, иако тие не успеаја во намерата да се пласираат во втората фаза.Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Љубомир Савевски претпладнево пред Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија го презентираше извештајот за настапот на Европското првенство 2022. Савевски е задоволен од игрите на македонските ракометарки, иако тие не успеаја во намерата да се пласираат во втората фаза. -Не ја поминавме групата, но не разочаравме. Игравме против Франција, Холандија и Романија кои се реално поквалитетни од нас. Загубивме на трите средби, можевме повеќе, но ова е вистинската слика за нас во моментов. Кај другите репрезентации интернационалките се носителки во своите клубови, додека нашите не се во таква позиција, истакна Савевски. Селекторот напредокот го гледа во формирање клуб-репрезентација и многу повеќе заеднички тренинзи. - Треба да се обидеме да создадеме клуб-репрезентација со што најквалитетните ракометарки ќе бидат заедно на исто место. Занем дека во моментов тоа е невозможно. Затоа инсистирав на што повеќе заеднички тренинзи. Ваквиот начин на работа даде видлив напредок, истакна Савевски. Македонските ракометарки на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ ја пречекуваат Украина во првиот меч од пресметката за пласман на Светското првенство 2023.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБарса го отпиша иако сезоната ја заврши со по 14 гола и асистенцииТој постигна 14 гола и имаше 14 асистенции оваа сезона, но шпанскиот шампион Барселона сепак одлучи да не ја продолжи соработката со него.Англискиот репрезенативец Маркус Рашфорд нема да игра за Барселона следната сезона. Каталонскиот клуб одлучи да не ја искористи откупната клаузула од 30 милиони евра договорена со Манчестер Јунајтед минатото лето како дел од нивниот договор за позајмица. Англискиот напаѓач затоа се враќа во својот матичен клуб, според шпанските медиуми. Неодамнешниот трансфер на Ентони Гордон во Барселона беше јасен показател дека интересот за Рашфорд се намалил во клубот. Поранешниот играч на Њукасл игра на истата позиција со стандардниот Рафиња, што создава вишок во нападот на Каталонците. Покрај тоа, операцијата за доведување на Гордон беше исто така финансиски значајна, со оглед на тоа што Барселона плати 70 милиони евра за него. Иако можноста Рашфорд да остане не беше веднаш исклучена по пристигнувањето на Гордон, сега нема враќање назад. Рокот за активирање на откупната клаузула истекува следниот понеделник, а единственото нешто што би можело да ја промени одлуката би била сериозна повреда на еден од играчите за време на меѓународните настапи.Тагови: Рашфорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за социјална политика: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштитаОд министерството за социјална политика, демографија и млади пред малку информираа дека денеска започнала исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец мај.Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките, велат од министерството.Тагови: Министерство за социјална политика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Дигиталната трансформација клучна за конкурентноста и безбедностаДигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.Дигиталната трансформација претставува клучен предуслов за економска конкурентност, национална безбедност и институционална отпорност – порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на конференцијата „Акцелератор за дигитална трансформација на западен Балкан“, што се одржува во скопје во организација на амбасадата на САД. Тагови: Стефан Андоновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter