СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
2СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков
3Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје
МакедонијаСавески стапи на функцијата: Нема приоритети во предметите, сите случаи ќе се третираат еднаквоИнтересите на политичките партии не се мој интерес, секој предмет има еднакво значење и нема да водам селективна правда, изјави новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, откако даде свечена изјава во Собранието и официјално ја презеде функцијата. Пред медиумите рече дека неговата работа ќе биде во согласност со Уставот и законите и верува дека со сегашните обвинители ќе ги задоволат очекувањата на граѓаните за поголема правда. Савески им се заблагодари неговите досегашни колеги судиите, на Владата што го предложи и на пратениците што го поддржаа, иако како што кажа очекувал поголема поддршка во Собранието. -Тоа за мене е една голема одговорност и во овој момент сакам да ги повикам сите јавни обвинители заедно со мене кои и додека ја давам оваа изјава ја работат својата работа. Нивната работа ниту почнува ниту завршува со мене. Секој јавен обвинител има законска обврска да постапува по тековните предмети. Да бидам искрен очекував поширока поддршка. Интересите на политичките партии не се предмет на мој интерес, ниту вчера, ниту денес, ниту во иднина. Секој кажан збор во поглед на вчерашната расправа, беше од големо значење. Товар не чувствувам, политиката е на политичките партии. Без оглед колку гласови сум добил, одговорноста зависи од тоа што како законска обврска е предвидено., изјави Савески. За Савески еден од приоритетите во Обвинителството ќе биде модернизација и дигитализација на институцијата. Тој гарантира транспарентно и одговорно работење на секој јавен обвинител, почнувајќи од себе. Јавноста има право да има очекувања за постапувањето на јавните обвинители, но истовремено, вели, потребна е институционална и финансиска поддршка и соодветни услови за ефикасна борба против криминалот и корупцијата, кажа тој. -Секој предмет има еднакво значење. Нема да правам приоритети на предмети, само според законски основ на оние предмети кои ќе имаат приоритет. Селекција не се прави на тој начин, ниту од кого би бил повикан како да постапам. Напротив, има законски регулативи врз основа на коишто секој јавен обвинител постапува... Факт е дека на Обвинителството му требаат финансиски средства. Борбата против криминалот бара финансиска поддршка. Сум кажал многу пати претходно, и денес, за да се бориме ефикасно против криминалот мора да има услови за тоа. Еден од условите е да имаме и финансиска можност да се бориме, изјави Савески. Предметите за коишто досега постапувал како судија во Основниот кривичен суд - Скопје, меѓу кои се и неколку високопрофилни случаи, ќе бидат прераспределени на друг судија согласно закон и ќе почнат од почеток, кажа Савески. Тој беше избран вчера во Собранието со 66 гласа „за“, двајца „против“ и осум „воздржани“. Тагови: Јавен обвинител Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилствоПолициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“. Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морковПрво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови. Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година. Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш. Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува. Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно. Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него. Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот. Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност. Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод. Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација. Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш. Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети. Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР СкопјеДиректорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност. На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли. Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател. Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата. Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи. Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter