Савески: Притворот не смее да биде автоматизам што оди со секоја истрага и секое звучно апсење - Канал 5

Савески: Притворот не смее да биде автоматизам што оди со секоја истрага и секое звучно апсење

Поблаги мерки за обезбедување присуство на осомничени и обвинети лица а во краен случај ефективен притвор.

Савески: Притворот не смее да биде автоматизам што оди со секоја истрага и секое звучно апсење

За новиот државен обвинител Ненад Савески ова ќе биде како што вели, негов начин на поставување на стандардите на постапување на Јавното обвинителство. Во првото интервју откако е избран на функцијата за „360 степени“ Савески вели дека ќе се залага обвинители почесто да тргнуваат од поблагите мерки како куќен притвор или гаранција.

-Притворот е најригорозна мерка од мерките коишто ги нуди Законот за кривична постапка. Меѓутоа и најскапа и најнехумана. Еден ден во притвор значи одвојување на парични средства од буџетот. Како сиромашна држава треба да водиме сметка и за тоа. Да се однесуваме согласно нашите можности. Ако куќниот притвор може да ги задоволи потребите за обезбедување на конкретен обвинет во една постапка, зошто секогаш да почнеме од најстрогата мерка, којашто кажувам дека е најскапа и најнехумана? – Ненад Савески – Јавен обвинител на РМ

Според извештаите на Јавното обвинителство, во 2024 година во сите обвинителства во земјава притвор е побаран и прифатен за 628 лица или 3,1% од сторителите. Годината претходно тој процент бил повисок, односно 3,6.

Дека притворот служи како казна а не и како мерка за обезбедување укажуваат и дел од правниците. Адвокатот Звонко Давидовиќ вели дека пракасата покажува дека честопати обвинителите предлагаат притвор без да го поткрепат со докази а судот во речиси сите случаи ги прифаќа барањата..

-Често во последните предмети во решенијата стои дека истрагата е во тек, и тоа после 3-4 месеци откога луѓето се во притвор и дека треба да се обезбедуват сведоци кои ќе го потврдат кривично правниот настан или ќе служат служжат за утврдување на фактичката состојба. Не може мерката притвор да биде мерка со која му се обезбедува време за работење на обвинителот. – Звонко Давидовиќ – Адвокат

За долгите и неоправдани притвори државава често добива пресуди и од Судот за човекови права во Стразбур, а едни од последните беа за слуачите со притворите за 27 април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифати

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа жестоки реакции низ целиот Балкан. 

Зеленски: Нема да го признаеме Косово. Рама: Албанија е доволно зрела да го прифати

Зеленски се сретна за прв пат во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ, а потоа изјави дека Украина нема да ја признае независноста на Косово, што дополнително ја влоши ситуацијата во регионот.

Одговорот од Косово дојде речиси веднаш. Голем сино-жолт транспарент со натпис „Слободна Украина“, кој беше поставен во 2022 година, беше отстранет од главниот пат во Приштина. Градоначалникот Перпарим Рама рече дека се сочувствува со „луѓето кои се соочуваат со војна, насилство и прогон“, но додаде дека „почитувањето мора да биде взаемно“.

Албанскиот премиер Еди Рама исто така зборуваше за сè на „X“ денес.

„Мојот драг пријател Володимир Зеленски беше во Белград и рече дека Украина не го променила својот став и нема да го признае Косово.

Не помина ниту еден час, а најгласните националисти во Тирана и Приштина веќе посегнаа по геополитичкиот калкулатор: можеби треба да ја казниме Украина, да престанеме да навиваме за слободните и да тагуваме за оние што ги бомбардираат. Најнеодговорните меѓу нив нè нападнаа затоа што не се откажавме од Украина. Некои дури и навиваа за Русија!

Каква штета е да се изгуби од вид едноставната вистина дека слободата не функционира по принципот на враќање на парите. Спротивставувањето на агресивната војна и застапувањето за праведен мир не е сметка што ќе ја искинете кога жртвата на варварска агресија ќе ве разочара. Тоа не е услуга заменета за контрауслуга, туку прашање за тоа кој сте и за што се залагате во овој хаотичен свет.

„Албанија е доволно зрела да прифати две вистини“

За среќа, Албанија не е ситна личност која пресметува кој што на кого му должи, туку Европа на Балканот, која го покажува патот со својата вера во слободата, демократијата и мирот и со моќта на сопствениот пример. Украина може да биде, и да не е во право кога станува збор за Косово.

Но, нејзиното право на слобода останува неоспорно, а борбата за тоа право значи борба за Европа и за нас самите. Овие две вистини можат совршено да се вклопат во истата реченица. Албанија е доволно зрела да ги прифати обете и ќе го стори тоа“, рече Рама.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Со свечена седница во владата и пораки за стабилност, Македонија одбележува јубилејни 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Четврт век од Охридскиот договор: Свечена седница во владата и пораки за иднината без тензии

Централната прослава продолжува вечерва на Камен мост со уметничко-музичка програма, токму таму е нашата Маја Стојановска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат.

Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“.

Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра.

Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување.

Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер