Савески: Нема да има чување на предмети во фиока, ќе се залагам за радикална отчетност и транспарентност на обвинителството - Канал 5

Савески: Нема да има чување на предмети во фиока, ќе се залагам за радикална отчетност и транспарентност на обвинителството

Стоп за чувањето на предмети во фиока, еднаков третман на сите случаи и подобрување на условите за работа на обвинителите. Ова се дел од  приоритетите на судијата Ненад Савески како нов републички обвинител.

Савески: Нема да има чување на предмети во фиока, ќе се залагам за радикална отчетност и транспарентност на обвинителството

Во изјава за МИА, Савески вели дека најважно е да се дигитализира работата на обвинителите за да може да се следи нивната работа.

-Она што јас сакам да направам е да гарантирам радикална отчетност и транспарентност, дигитализација, услови за работа за еден обвинител непречено да си ја врши својата работа на еден ефикасен и достоинствен начин…. Таа дигитализација можеби би била некоја програма која што би била „фиока стоп систем“. Значи, она што најчесто се натура како критика на обвинителството е тоа дека работи бавно, но и да се видат кои се причините за тоа. Дали е тоа недостиг на стручен кадар, на обвинители, дали недостига помошен кадар за јавните обвинители,вели Ненад Савески – нов Јавен обвинител на РМ и додава дека иако акцентот се става на платите, тоа не е најголем проблем туку условите за работа.

Тој не издвојува со кои предмети првично би се зафатил, вели дека се што е отворено како предмет мора да има своја завршница, бидејќи секој предмет е важен и нема да води селективна правда.

-Стари предмети не може да отвораш ако тоа е пресудена работа. Си има законска регулатива за повторување на постапки, не зависи тоа од волјата или од очекувањата на некој. Кога има законски услови секако, кога нема законски услови тоа што важи за сите, оние популарни случаи во јавноста, важи и за сите останати. Во суштина јас сметам дека колку и да е некој предмет значаен или од интерес на јавноста не може фокусот да се стави на тие предмети, а да се занемарат другите предмети кои ете така да ги наречам се помалку важни,- Ненад Савески – Нов Јавен обвинител на РМ.

Ненад Савески е актуелен судија во скопскиот Кривичен суд а претходно работел и како обвинител во скопското и гостиварското обвинителство. Тој ќе биде 19тиот државен јавен обвинител на Македонија. Доаѓа на местото на Љупчо Коцевски кој поденесе оставка во декември, истиот ден кога неговото разрешување се најде на дневен ред пред пратениците. Владата го избра меѓу четворицата кандидати кои добија позитивно мислење од Советот на јавните обвинители.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилство

Полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на зависности и насилство

Денеска (16.10.2026) полициски службеници од полициските станици за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово на повеќе локации во централните градски подрачје спроведоа превентивни активности „Ако пиеш, не вози“ и „Не користи мобилен телефон додека возиш“. На возачите им беа посочени последиците кои можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека возат, како и санкциите за ваквите прекршоци, а посебен акцент беше ставен на свесноста кај возачите да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. Превентивна активност од областа на сообраќајот спроведе и Одделението за превенција при СВР Скопје на територија на ПС Чаир, каде во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, низ непосредна комуникација, на возачите им беше укажано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на почитување на брзината на движење, а беа информирани и за функционирањето на „Безбеден град“.

Одделението за превенција при СВР Скопје во ООУ „Стив Наумов“, на подрачје на ПС Гази Баба, реализира едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство и превенција од зависности. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават во различни форми. При тоа, на учениците им беа појаснети и начините и методите за навремено превенирање и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите. Исто така, учениците беа запознаени со штетните последици, но и начините за превенција од зависностите како што се наркотиците, цигарите, алкохолот и игрите на среќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Прво рече: нема поскапување на струјата. Тој е „институција“ и гарантира. Штом зине - лаже.

СДСМ: Арамијата Мицкоски најавува поскапување на струјата, вели за три години ќе биде подобро, иста бајка - стап и морков

Сега цената останува иста до крајот на годината. Нема промени во тарифните блокови.

Претходно рече: бараме модел. Еве го моделот. Ќе биде поскапо после Нова година.

Денеска самиот рече: за тоа што ќе се случува од 1 јануари, да почекаме што ќе кажат енергетските компании. Не може да ја прејудицира Регулаторната, а он ги постави луѓето, он управува со нив. Значи, најава и лажна изјава. Како и секогаш.

Сите знаеме кој ја сака увозот на струја. Кој става броила. Мицкоски–Адамовиќ–Божиновска–Лазаревиќ. Истиот круг. Истите провизии. Истите паметни броила што не се по закон. Народот плаќа. Бандата заработува.

Како и сè што Мицкоски ќе каже, секогаш спротивно.

Секоја најава на поевтинување резултираше со скок на цените до плафон. Гориво. Храна. Парно греење. Струја. Сега гарантира: за три години ќе се живее подобро. Исти копи-пејст реченици од Вучиќ. Човекот нема ништо свое. Менторот управува со него.

Три години по скоро три години мандат. Значи уште една најава за избори. Само уште да најде сателит што ќе фрли ракавица и ќе даде алиби за немање пари во буџетот.

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија. Третина. Минималната плата закована на 26.000 денари. Кошничката со кирија за стан околу 90.000 денари. Три минимални не ја покриваат. А арамијата црта илјада евра и стабилност.

Струјата останува иста - додека не поскапи. Животот ќе биде подобар - за три години. Истите бајки. Истиот метод.

Цената не се држи со изјави, се држи со производство. Не се задржува цената со увоз, ама арамијата го сака увозот. Цената се задржува реформи, не со изолација.

Без ЕУ нема ни зголемување на стандардот ни економска сигурност. Тоа е единствениот пат. Ама Мицкоски не сака ЕУ. ЕУ бара соработка со европското обвинителство, и тоа веднаш.

Затоа постојани конфликти. Секогаш некој друг крив, а реформите што се услов за ЕУ не ги споменува уште од 1 јуни кога вети.

Додека арамијата бара модел, граѓаните плаќаат поскапи сметки.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје

Денеска (16.10.2026), директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, заедно со началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски, оствари работна посета на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, каде што разговараше со полициските службеници за актуелните состојби, предизвиците во работењето и можностите за унапредување на сообраќајната безбедност.

На средбата се разговараше за расположливите човечки и технички капацитети, сообраќајните предизвици во главниот град, примената на системот „Безбеден град“, како и за потребата од засилени превентивни активности, особено во однос на небезбедното управување со тротинети и мотоцикли.

Беше посочено дека бројот на изречени санкции на територијата на Скопје, во периодот од 1 јануари 2026 година до денес, е намален за 33,5 проценти, при што беше нагласена потребата од континуирано следење и анализа на овој показател.

Директорот Јанев ја нагласи потребата од преземање конкретни мерки за подобрување на материјално-техничките услови за работа, зајакнување на човечките ресурси и унапредување на оперативната функционалност на единицата.

Притоа, истакна дека приоритет остануваат намалувањето на сообраќајните прекршувања, подигнувањето на сообраќајната култура и обезбедувањето побезбедни улици, како и создавањето соодветни услови за професионално и ефикасно извршување на полициските задачи.

Во рамки на посетата, директорот Јанев оддаде почит на загинатите полициски службеници Атанас Јанев и Ацо Ангеловски, кои ги загубија животите при извршување на службената должност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер