Савески: Доколку има потреба ќе биде отворена предистражна постапка во врска со изборот на вицегувернери - Канал 5

Савески: Доколку има потреба ќе биде отворена предистражна постапка во врска со изборот на вицегувернери

Доколку има потреба ќе биде отворена предистражна постапка во врска со изборот на вицегувернери на Народната банка.

Савески: Доколку има потреба ќе биде отворена предистражна постапка во врска со изборот на вицегувернери

Ова утринава го изјави државниот јавен обвинител Ненад Савески . Гувернерот на Народната банка Трајко Славески тврдеше дека постапката се одвива законски и дека предлозите веќе се доставени до Собранието. Рече дека не чувствува одговорност и напомена оти и со истечен мандат, постојните вицегувернери имаат целосни овластувања до избор на нови. Опозицијата го обвинува за одложување и можно кршење на законските рокови. Според нив, рокот за избор бил пробиен уште во 2025 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи.

Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за наводен сообраќаен прекршок.

Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвораат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот - официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.

СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач "MVR-SC". Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок, и линк од следниот формат "https://safecountry.mvr.gov.mk..."

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори

СДС и актуелното раководство продолжуваат со лагите и хистеријата во јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче и Заев се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е Жерновски, талог каков што нема да се повтори

Денеска ова на прес-конференција го правеше нивниот Андреј Жерновски кој на јавноста и е познат по менување партии, неуспешна политичка кариера.

Во суштина тоа се тие ликови на актуелното раководство на СДС кои реално се талогот на Македонија. Тоа се тие на кои им пречи се, им пречи Македонија, им пречат резултатите кои ги има оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, резултати кои граѓаните ги чувствуваат секојдневно. Им пречи стандардот на граѓаните кој од ден на ден се подобрува, им пречи што оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено се грижи за идентитетот, им пречи што достоинствено и како никогаш до сега реализира достоинствено одбележување на 35 години независност на Македонија.

Да му објасниме во оваа прилика на Жерновски.

Ако Зоран Заев, Венко Филипче се главните кодоши и предавници, нивниот најдобар Коте од Руља е токму тој самиот Андреј Жерновски.

Граѓаните на Македонија одлучија дека сакаат државата да оди напред, тие да одат напред и тоа се да се прави достоинствено како и што е сега.

Андреј Жерновски едноставно е талог на Македонија кој тешко дека ќе се повтори.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката.

Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството.

За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители.

Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат.

Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби.

Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување.

Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер