Саутгејт ги доби сите свои први натпревари со Англија на големите турнири

Селекцијата на Англија ја синоќа победи Србија (1:0) во натпреварот од 1. коло од групата Ц на Евро 2024 година.

Фудбалерите под водство на селекторот Герет Саутгејт четврти пат по ред победија на својот прв натпревар на голем меѓународен турнир.

Претходно, Англија под водство на Саутгејт победи против Тунис (2:1) на СП 2018, против Хрватска (1:0) на ЕП 2020 и против Иран (6:1) на СП 2022 година.

Саутгејт ги доби сите први натпревари на големите турнири - нешто што на ниту еден друг селектор на Англија досега не му успеало.

Воедно, Саутгејт го израмни и рекордот на Волтер Винтерботом по бројот на турнири како селектор на репрезентацијата на Англија. Двајцата имаат четири големи натпреварувања со Британците. /МИА

Писмото за атомската бомба на Ајнштајн до Рузвелт оди на наддавање

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба.

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба во аукциската куќа „Кристи'с“ во септември. Првичната цена е четири милиони долари.

Во писмото што Ајнштајн го напишал заедно со неговиот колега Лео Силард, се вели дека германската Нацистичка влада активно ги поддржува нуклеарните истражувања и дека може да произведе „екстремно моќни бомби“, како оние што ги користеа САД во Јапонија на крајот на Втората светска војна, објави „Гардијан“.

Тој ја повикува Американската влада да ги преземе истите чекори, а Рузвелт одговорил со формирање комитет од каде што произлезе „Проектот Менхетн“, предводен од Роберт Опенхајмер, којшто ги произведе бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки.

Милан сака да го позајми Лукаку од Челзи

 Милан е заинтересиран да го позајми напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, објави инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Претставници на „Росонерите“ биле во контакт со лондонскиот клуб и опкружувањето на 31-годишниот Белгиец.

Клубот од Милано се обидува да дознае под кои услови е можен трансферот.

Минатата сезона, Лукаку играше за Рома како позајмен, одигра 47 натпревари за Римјаните во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи четири асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 30 милиони евра.

Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро

Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот.

Порака и предупредување до Скопје и Тирана испрати грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на состанокот на пратеничката група на Нова демократија, велејќи дека „прават сметка без крчмарот“, јави дописничката на МИА од Атина.

За нашата земја, односно како што рече за северните соседи, Мицотакис посочи дека има прекршување на меѓународното право и обврските од меѓународните договори, а индиректно упати критики и до опозициската СИРИЗА.

-Во однос на оние кои и денес на различни настани и конференции продолжуваат да го величаат договорот што има многу проблеми, нека го видат актуелното однесување на Скопје, во актуелното однесување на Скопје нека ги видат нивните проблематични експерименти. Тоа се стапици за кои одовде од говорницата имавме предупредено. Како што и сега ги предупредуваме нашите северни соседи со едноставни и јасни зборови: Не почнавте добро, прекршувајќи го и меѓународното право и вашите обврски што произлегуваат од меѓународни договори. Престанете да правите сметка, без крчмарот, рече Мицотакис нешто што беше проследено од аплауз од пратениците на Нова демократија, а во продолжение додаде дека ова важи и за Албанија, по вчерашната одлуката на судот за затворската казна за Фреди Белери.

На односите со нашата земја се осврна и министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за синоќешното централно издание на вестите на кипарската телевизија „Антена“, кога ги повтори грчките позиции.

Одговори на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој во интервјуто за ТВ 24, во понеделникот коментирајќи ги ставовите на Герапетритис рече дека „човекот или не го разбира Преспанскиот договор или погрешно го чита“.

-Името на соседната земја е С.Македонија за севкупна употреба ерга омнес и во внатрешноста и надвор. Очигледно е дека е вон реалноста, вон логиката и вон меѓународното право, личностите кои имаат јавни позиции, во својот јавен говор да користат друго име од она што е предвидено во меѓународното право и националниот Устав. Па така, во овој случај добро би било, бидејќи ова очигледно е поврзано со патот на С.Македонија кон европското семејство, да се почитуваат договорите, да се почитува владеењето на правото и пред сè да се почитува Уставот на самата земја, рече шефот на грчката дипломатија.

притисни ентер