Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!
2Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!
СветСаудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против ИранМинистерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан Ал Сауд соопшти дека неговата земја го задржува правото на воена интервенција против Иран.„Секако, како што веќе јасно ставивме до знаење, го задржуваме правото да преземеме воена акција доколку е потребно. Ако дојде време за тоа, раководството на Кралството ќе донесе таква одлука“, изјави Бин Фархан Ал Сауд по состанокот на група од 12 арапски и исламски земји во Ријад. Тој додаде дека Иран не верува во разговори со своите соседи, но се обидува да изврши притисок врз нив, дека тоа нема да функционира и дека овој притисок ќе предизвика лоша политичка и морална реакција. „Не можам да го сметам за случаен нападот врз Ријад додека се среќаваат неколку дипломати... Мојата дипломатска кариера не е толку долга, па (досега) не сум доживеал толку очигледен обид за уцена како ракетниот напад додека се одржува дипломатски состанок“, изјави Ал Сауд на прес-конференција, неколку часа откако осум балистички ракети беа соборени над Ријад. Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините Практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој.Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024–2044. Станува збор за мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство со цел да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност. Оваа мерка е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон подобрување на структурата на работната сила и инвестирање во човечкиот капитал. Воедно, преку оваа иницијатива воспоставуваме поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки покажува дека младите не се само тема во предизборните програми, туку вистински приоритет. Преку вакви програми им овозможуваме на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и квалитетен кадар. Нашата цел е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој во сопствената држава и да ја градат својата иднина дома во Македонија. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаЦветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата“, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се опасни и можат да предизвикаат сериозни конфликти и поделби во општеството. „Тие што ги креираат и промовираат овие лажни наративи мора под итно да стават прст на чело! Нивното неодговорно однесување нема да им се врати како бумеранг само на нив, најголема жртва на овие игри ќе бидат граѓаните и државата. ЛДП нема што да крие, ниту некогаш имала! Затоа, бараме целосна транспарентност и инсистираме медиумите доследно да се држат до фактите. Повикуваме јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани. Сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните сами да видат кој зборува со факти, а кој фабрикува реалност“, вели Цветановски и повикува да се стави крај на евтиниот политички ПР, диригиран од центрите на моќ. Слободата на информирање, која е гарантирана со Уставот на Републиката, е темел на либералната демократија и таа подразбира вистина, а не пропаганда. „Македонија, наместо континуирано да тоне во невистини и обвинувања, заслужува искреност во политиката како единствена основа за реален прогрес. Граѓаните заслужуваат чист процес, а тоа започнува со вистината на маса“, заклучува во својата изјава членот на ИО на ЛДП, Цветановски. Тагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Комплетно е завршено сообраќајното решение на Бул. „Вељко Влаховиќ“Со поставувањето на сообраќајните знаци, проектот на Бул. „Вељко Влаховиќ“ е целосно финализиран. Изведена е целосна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, а обележани се и велосипедските патеки од двете страни на улицата. Со ова, улицата добива уредено, безбедно и современо сообраќајно решение, кое ќе придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот – возачи, пешаци и велосипедисти. Продолжуваме со реализација на проекти што го подобруваат квалитетот на урбаното живеење и ја унапредуваат сообраќајната инфраструктура, напиша на Фејсбук градоналачникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20