Саудиски клуб плати 1,2 милиони евра за српскиот ракометар Ненадиќ - Канал 5

Саудиски клуб плати 1,2 милиони евра за српскиот ракометар Ненадиќ

Ракометниот свет доби „свој Кристијано Роналдо“ и тоа во Петар Ненадиќ, откако 37-годишниот српски ракометар ги напушти редовите на француски ПСЖ и потпиша двегодишен договор со Ал Калеј од Саудиска Арабија за 600 илјади евра по сезона.

Саудиски клуб плати 1,2 милиони евра за српскиот ракометар Ненадиќ

Ал Калеј е еден од најдобрите клубови во Блискиот Исток, а како саудиски првак од 5 со 12 ноември ќе игра на неофицијалното Светско клупско првенство во Дамам.

На турнирот ќе настапат Алнор, Барселона, Фуксе, Магдебург, Кјелце, како и екипи од Египет, Бахреин, Кувајт, Австралија и Аргентина.

Ненадиќ кој една и пол деценија е меѓу најдобрите средби бекови во Европа во кариерата настапуваше за Црна ѕвезда, Барселона, ПИК Сегед, Висла, Фуксе и Веспрем, а за српската репрезентација одигра над 70 натпревари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници

​СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат.

ВМРО-ДПМНЕ: „Детето“ како што вели Филипче, денес со изјавата призна дека во случајот во Ново Село учествувале осуденици и насилници

Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик.

Тој практично со неговата изјава денес од Ново Село потврди дека кажувањата на ВМРО-ДПМНЕ се точни, односно дека станува збор за правосилно осудени лица на условна казна затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства.

Децата како што вели Филипче, се практично роднини на лицето кое него го направи претседател на СДС, Зоран Заев, роднини кои учествувале во незаконски дејствија.

Ова е уште една потврда дека ова не се децата, туку дека е талогот на Македонија. Ова е срамот на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%.

Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор.

Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина.

Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси.

Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот.

Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали.

„Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата.

Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола.

„И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување.

Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат.

Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага.

Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026

Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава.

Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026

Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации.

Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други.

Од бургери, такоси и гиро, преку суши и различни интернационални специјалитети, па сè до атрактивни десерти – годинешното издание носи значително побогата понуда, со вкусови за секој поединец.

AERO Street Food Festival и оваа година останува доследен на определбата да даде простор исклучиво на македонски изведувачи и да ја промовира домашната музичка сцена. Фестивалската програма ќе понуди настапи на познати музички имиња, бендови и диџеи, со различни жанрови и музички изрази наменети за повеќе генерации.

Секоја фестивалска вечер ќе биде исполнета со музика во живо и DJ-сетови. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel, Acoustic Division со трибјут посветен на Владо Јаневски, Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, Fluere, DJ Guardian и DJ Ficho. Фестивалот ќе заврши со настап на диџеите од Sure Shotz и специјален трибјут посветен на ДНК.

Со спојот на квалитетна street food понуда, македонска музика и урбана атмосфера, AERO Street Food Festival има цел да создаде препознатливо место за дружење и забава, каде што заедно ќе уживаат семејствата, младите и сите љубители на добрата храна и музика.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаваат неговата важност за збогатување на културната и забавната понуда во градот, како и за промоција и поддршка на домашната музичка и локалната гастрономска сцена.

Од 4 до 8 септември нè очекуваат пет фестивалски вечери исполнети со нови вкусови, македонска музика и одлична атмосфера.

AERO Street Food Festival 2026 – поголем, позвучен и поразновиден од кога било досега!

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер