3Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела
Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
1Најскапиот примерок од овој модел: Bugatti Veyron продаден за помалку од три минути за 5,44 милиони долари
ЗабаваСаудиска Арабија за прв пат учествува на изборот за Мис УниверзумСаудиска Арабија ќе учествува на изборот за Мис Универзум 2024 за прв пат во историјата на изборот. Руми Алкахтани, 27-годишна манекенка и инфлуенсер родена во Ријад, ќе ја претставува Саудиска Арабија на изборот за убавина. - Чест е да се учествува на изборот за Мис Универзум 2024. Ова е прво учество на Кралството Саудиска Арабија на изборот за Мис Универзум - објави таа на својот Инстаграм профил. Освен што е крунисана за Мис Саудиска Арабија, Алкахтани ги носи и титулите Мис на Блискиот Исток, Мис на Арапскиот свет за мир 2021 година и Мис жена на Саудиска Арабија. Таа претходно ја претставуваше Саудиска Арабија на неколку меѓународни натпревари, меѓу кои и оној за Мис Азија, кој се одржа во Малезија, пишува Index.hr.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПрвиот сведок во случајот „Државна лотарија“прогласен за „непријателски“од обвинителствотоЗа „непријателски“ го прогласи својот прв сведок обвинителството на денешното судење за случајот „Државна лотарија“. Владо Петковски кој е актуелен директор на сектор за игри на среќа, раскажа дека со доаѓањето на Перпарим Бајрами во Државна лотарија биле иницирани повеќе нови проекти со цел зголемување на профитот на компанијата. Учествувал во набавката на ВЛТ апарати кои се предмет на обвинението, на што му претходело формирање на ново друштво кое самостојно ќе приредува електронски игри на среќа. -Откако финансискиот план беше направен се направи набавка, пристигнаа апаратите, се поставија кај деловните партнери и требаше да се добијат технолошко технички услови, за што УЈП се произнесе позитивно, но не стигна согласност од Министерството за финансии бидејќи се донесе тоа автентично толкување на законот, по што сите процеси беа блокирани. Автентичното толкување на Законот за игри на среќа, не дозволи ова друштво да работи,- -Владо Петковски – Директор во Државна лотарија, сведок. На прашања на обвинителството, тој одговори и дека не знале каков односот помеѓу Перпарим Бајрами и Артан Груби, дека немал средба со овие двајца обвинети но и дека не знае зошто била сменета претходната директорка на Државна лотарија. Практично со своето сведочење тој не ја поткрепи тезата на обвинителството, туку даде одговори во полза на одбраната. Обвинителите го прогласија за „непријателски сведок“ и вкрстено го испрашаа откако посочија дека дал поинакви одговори кога како осомничен во случајот на два пати бил испрашуван во обвинителството. Сепак пред судот ги негираше прашањата на обвинителството - дали Перпарим Бајрами кажал дека без одобрение на Артан Груби не прави ништо но и дали не се сретнал со нив двајцата на бензинска на Партизанска во 2024 година. Обвинителите Даниел Коцев и Александар Давчевски не сакаа да го коментираат сведочењето на Петковски. Одбраната пак е на став дека со исказот на Петковски се потврдува нивната теза. -Исказот на сведокот во целост ја потврдува тезата на одбраната дека конкретно обвинетиот Артан Груби нема преземено никакви противправни дејствија во конкретниот случај. Сведокот го потврди она што се случувало во рамки на Државна лотарија дека се било согласно закон. изјави – Гоце Ристески – Адвокат. Освен Груби и Бајрами, во случајот обвинети се уште шест лица меѓу кои и поранешниот генерален секретар на Влада Методија Димовски. Сите се товарат за пречекорување на службените овластувања со што, според обвинението, на државната лотарија ѝ била предизвикана штета од 596 милиони денари, односно околу 9,7 милиони евра. Тагови: Артан Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНов притвор за Деко: ОЈО ГОКК го товари за давање мито за лиценцата на „Пулс“30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија.30-дневен притвор за Дејан Јованов-Деко во нов случај против него кој го отвори Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а во кој Јованов се товари дека дал мито на лице вработено во Министерството за економија, со цел неговата дискотека „Пулс“ да доби лиценца за работа без да подлежи на претходна проверка дали ги исполнува условите. Поради ризик од бегство, ОЈО ГОКК предложи ефективен притвор за Јованов, а судот ја прифати мерката. -Притворот е определен поради постоење постоење опасност осомничениот да се даде во бегство, како и поради основан страв дека може да ја попречува истрагата со влијание врз сведоци. Тој ќе биде префрлен на издржување на новоопределената мерка притвор во Затвор Скопје, согласно Правилникот за спровод и издржување на определените мерки за обезбедување присуство, – Основен Кривичен суд Скопје. Одбраната на Јованов најави жалба – за адвокатката Коцевска ова е манипулација на обвинителството. Таа тврди дека не станува збор за нов предмет, туку дека лицето на кое наводно Јованов му дал мито, веќе се наоѓа на обвинителната клупа во случајот за пожарот во Пулс и тоа токму за делото примање на поткуп. -Таквата конструкција и манипулација на обвинителството со поднесување на ова обвинение, за коешто во кочанскиот предмет веќе е дел од расправата – бидејќи за службеното лице од Министерство за економија во кочанскиот предмет во обвинението е ставено кривичното дело примање на поткуп. А ова давање на поткуп е во однос на истиот настан којшто веќе е опфатен во оваа постапка. Значи, тука Обвинителството располагало со доказите уште пред година и пол, меѓутоа го држело ова под маса, со цел да дојде оваа малверзација денед, откако ќе истече притворот да може да му го продолжи,- изјави Ивана Коцевска, адвокатка на Дејан Јованов Деко. Станува збор за Џеваир Камбери, кој се наоѓа на обвинителната клупа уште од минатата година за примање поткуп како вработен во министерството за економија и тоа во случајот со пожарот во Пулс. Новата мерка за Јованов пак значи дека тој останува во ефективен притвор и по официјалното истекување на законскиот рок во кој тој може да остане во притвор во врска со предметот во дискотеката Пулс во Кочани, во кој Јованов е првообвинет. Одбраната на Јованов од претходно достави и гаранција во недвижен имот од 200 илјади евра дека тој нема да бега, ако на 3 октомври излезе на слобода, но обвинителството даде негативно мислење за гаранцијата, која пак денеска одбраната ја повлече. Во врска со новиот притвор од 30 дена, одбраната најави и жалби до Европскиот суд за човекови права. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната неделаСледната недела ќе се направи конкретен чекор за деблокада на македонските евроинтеграции. Ова од Скопје го најава претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен која е во официјална посета на земјава.На прес-коференцијата по средбите во владата, премиерот Мицкоски кажа дека на Фон Дер Лајен и го пренел барањето за европско посредништво во дијалогот со бугарија. Средбите во Скопје ги следи Афродита Рамос, Афродита што точно ќе се случува следната недела во Софија? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Урсула фон дер Лајен Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29Посетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16