СветСаудиска Арабија, Турција и Египет на средба во Пакистан за разговори за војната во ИранВисоки претставници на регионалните сили планираат денеска да се сретнат во Пакистан за да разговараат за тоа како да се прекинат борбите на Блискиот Исток.Високи претставници на регионалните сили планираат денеска да се сретнат во Пакистан за да разговараат за тоа како да се прекинат борбите на Блискиот Исток, додека околу 2.500 американски маринци пристигнаа во регионот, а бунтовниците Хути поддржани од Иран влегоа во едномесечната војна во Иран. Пакистан соопшти дека Саудиска Арабија, Турција и Египет ќе испратат високи дипломати во Исламабад на разговори. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изјави дека тој и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржале „обемни дискусии“ за регионалните непријателства. Војната ги загрози глобалните снабдувања со нафта и природен гас, предизвика недостиг на ѓубрива и го наруши воздушниот сообраќај. Контролата на Иран врз стратешката Ормуска Теснина ги потресе пазарите и цените. Соединетите Американски Држави и Израел продолжуваат со нападите врз Иран, чии одмазднички напади беа насочени кон Израел и соседните арапски држави од Заливот. Влезот на Хутите би можел дополнително да му наштети на глобалниот поморски сообраќај доколку тие повторно ги таргетираат бродовите во протокот Баб ел-Мандеб во Црвеното Море, низ кој вообичаено поминува околу 12 проценти од светската трговија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter