СветСаудиска Арабија пресретнала повеќе од 60 дронови, нападнати и ОАЕСаудиска Арабија пресретнала и уништила повеќе од 60 дронови изминатата ноќ во богатиот со нафта источен дел од земјата, соопшти рано утрово саудиското Министерство за одбрана.Најголемите нафтени полиња и објекти во земјата се наоѓаат околу Абкаик и биле цел на повеќекратни напади во војната со Иран. Министерството објави нова услуга што ќе им овозможи на жителите на земјата да пријават „сомнителни активности на небото“. Опцијата е дел од мобилна апликација за граѓански услуги во Саудиска Арабија. И Обединетите Арапски Емирати биле, повторно нападнати. Министерството за одбрана на Емиратите пријави „закани од дронови и ракети од Иран“ без да даде дополнителни детали. Емиратот Фуџаира пријави голем пожар по напад со дронови врз локалните нафтени објекти. Иран силно ги таргетираше Емиратите во конфликтот, кој избувна на 28 февруари. Емиратската воздушна одбрана одговори на нападите со околу 300 ракети, 1.600 дронови и 15 крстосувачки ракети. Нападите во Емиратите се со сличен обем како нападите на Иран во Израел.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Европскиот парламент денеска почнува дебатата по Извештајот за напредокот на МакедонијаВо сенка на вчерашниот инцидент пред бугарската амбасада во Скопје, во ЕП почнува дебатата за Извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ. Во пресрет на седницата бугарската претседателка Јотова изјави дека очекува, освен за палењето на возилата што го смета за напад на бугарската држава, европратениците да не дозволат да се тргне членот од Извештајот кој се однесува на историската комисија, која, како што потврди уште еднаш е клучен дел од протоколите од прреговарачката рамка за земјава. - Имам загрижувачки сигнали од европратениците дека во последен момент во пленарната сала ќе се обидат да отстранат еден од текстовите што директно се однесува на работата на мешовитата историска комисија, кој работи веќе неколку години, согласно член 12 од Договорот за добрососедство, и со тоа да ја направат неговата работа и неговите заклучоци бесмислени во иднина. Колку што знам, во моментов се водат консултации меѓу поединечните парламентарни групи. Се надевам дека ќе се покаже разум, затоа што тоа прашање е дел од Протоколот кој е дел од Преговарачката рамка и задолжителното европско законодавство., рече Јотова. Членот за кој говори Јотова стана дел од извештајот со амандман на бугарските европреатеници. Станува збор за амандманот 374 со кој историската комисија силно се повикува да постигне јасни и опопиливи резултати, а текстови, како што стои, да го одразуваат „толкувањето на историските факти и бројки од заедничката историја на двата народа“. -Силно ја повикува Заедничката комисија за историски прашања на Бугарија и Македонија, формирана како резултат на Договорот за добрососедство со Бугарија, да постигне јасни и опипливи резултати; текстовите треба да го одразуваат толкувањето на историските факти и бројки од заедничката историја на двата народа врз основа на објективни, автентични и засновани на докази историски извори и документи, научно толкување и историски настани, како што е предвидено во вториот протокол од Договорот за добрососедство со Бугарија.- Амандман 374 поднесен од бугарските европратеници. Европратениците попладнево расправаат за извештајот на Вајц за земјава, а утре точно на пладне ќе биде гласањето. Од Европскиот парламент претходно посочија дека ја реафирмираат нивната поддршка за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, борба со корупцијата за која е нотиран недоволен напредок, почитување на договорите со Бугарија и Грција, како и спроведување на уставни измени. Вајц предложи и да се побара од Европскито Совет да ги расчити дилемите околу значењето на Протоколите за преговарачкиот преоцес, но по противењето на бугарските европратеници, тој не се најде во финалната верзија.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица44-годишниот скопјенц што вчера беше приведен за палаењето на дипломатските автомобили пред бугарската аамбасада се уште не е изведен пред судија и не е познато за какво дело ќе одговора.Тој беше задржан во полициска станица а Од обвинителството единствено велат дека се постапува и најавија повеќе информации откако ќе ја добијат пријавата од МВР. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди инцидентот. Посочи дека лицето бргу по настанот е обезбедно и дека нема да се толерира било какво насилство како и во случај кога се работи за предмети на друга држава а за мотивите упатува на обвинителството. -Сторителот којшто се сомничи за палењето на возилата сопственост на бугарската амбасада е многу бргу идентификуван, обезбеден од страна на МВР во соработка со АНБ и тие беа вклучени во рамки нас споделување на клучни информации за овој кривично правен настан. Како што имам информација обвинителот оваа постапка ќе ја води по итна постапка, во текот на денот ќе има соопштение од обвинителството и судот за чекорите кои ќе бидат преземени,- изјава – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Кои се мотивите за палењето на возилата Се уште нема одговор.. И додека се чекаат официјалните информации, во јавност веќе кружат информации дека наводно скопјанецот бил револтиран за тоа што возилата непрописно се паркираа пред амбасадата.. Прашан за проблемот со автомобилите пред странските амбасади кои се наоѓаат во централното градско подрачје, министерот Тошковски најави засилени контроли во иднина. -Законот треба да важи за сите и за македонските граѓани и за странците во Македонија а секако и за оние кои се официјални претставници на странски држави во Македонија особено во однос на управување возила во сообраќајот. Во иднина фоукс ќе се стави и на непрописното паркирање, изјава – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи Дипломатските возила пред амбасадата на Бугарија беа запалени вчера околу пладне а набргу интервенирала скопската противпожарна бригада и било спречено целосно опожарување. Нема повредени лица ниту пак биле зафатени објекти во близина на амбасадата. Сторителот беше уапсен по само неколку часа. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
КошаркаХрватот Дарио Шариќ се враќа во Евролигата во дресот на Анадолу ЕфесПо 10 години, хрватската НБА ѕвезда, Дарио Шариќ се врати во дресот на Анадолу Ефес.Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ (32) ја заврши својата НБА кариера по 10 години и од следната сезона повторно ќе го носи дресот на турскиот великан, Анадолу Ефес, тимот од кој замина за САД. Веста за враќањето на Шариќ во европската кошарка прв ја објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, а потоа потврда дојде и од Турција. Шариќ ќе биде едно од најголемите засилувања на Ефес за следната сезона, во која се очекува турскиот клуб да се врати во врвот на Евролигата, како и пред три сезони кога ја освоија титулата. Откако цела деценија стекна искуство во САД, хрватскиот центар сигурно може да му помогне на тимот од Истанбул во остварувањето на тие цели. Ефес објави дека хрватскиот кошаркар потпишал договор на две години со можност за продолжување на соработката за една година. Имајќи предвид дека Шариќ веќе еднаш помина две сезони во тимот од Истанбул, тој би можел да стане една од најголемите легенди во историјата на овој турски клуб, гигантите на кошарката таму. Шариќ ја започна својата кошаркарска кариера во Зрињевац, играше и за Загреб и Дубрава, а потоа се етаблираше во Цибона, со која ја освои и АБА лигата на Фајналфорот во Белград. Следеа две години во Ефес, па дури и десет во САД. Беше играч за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт, Денвер и Сакраменто.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook