Саудиска Арабија бомбардираше цели на сепаратистичкиот СТЦ во Јемен - Канал 5

Саудиска Арабија бомбардираше цели на сепаратистичкиот СТЦ во Јемен

Саудиска Арабија бомбардираше цели во Јемен на бунтовниците од Јужен преоден совет (СТЦ), соопшти лидерот на сепаратистите.

Саудиска Арабија бомбардираше цели на сепаратистичкиот СТЦ во Јемен

Засега нема информации за жртви.

Ријад се обидува да ја преземе контролата врз упориштата на СТЦ на територијата на Јемен, што граничи со Саудиска Арабија.

СТЦ, кој има поддршка од Обединети Арапски Емирати, претходно се бореше заедно јеменските владини сили против Хутите, но последните години ја презедоа контролата врз Аден и големи делови од јужниот дел на земјата и сега се бори за независност на јужен Јемен.

Тензиите помеѓу Саудиска Арабија и ОАЕ се зголемија минатиот месец кога СТЦ ги зазеде јеменските покраини Хадрамут и Махра. Ријад тоа го оцени како закана не само по безбедноста на Јемен, туку и на регионот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“: Иднината на кинематографијата- вештачката интелегенција како алатка, а не како закана.

Работилница за вештачка интелегенција на фестивалот „Преку езерото“

Во рамките на годинашното издание на Фестивалот за балкански и медитерански филм „Преку езерото“, во изминатите два дена во просториите на „ЕУ хаус“ (EU House) во Струмица и во Дојран се одржа стручна работилница на тема „Вештачката интелигенција во филмот“. Настанот, кој предизвика голем интерес кај филмските професионалци и ентузијасти, беше реализиран со финансиска поддршка од програмата „Креативна Европа“.

На работилницата се говореше за иднината на кинематографијата под влијание на вештачката интелигенција, како и за трансформацијата на филмските професии. Главни говорници на настанот беа Милош Џукелиќ, филмски продуцент од Србија, Момчило Алексиев, експерт од Бугарија, и Наташа Димитриевска од Канцеларијата на Креативна Европа во Македонија.

Српскиот продуцент Милош Џукелиќ порача дека филмските креативци не треба да чувствуваат страв од новата технологија, туку треба да ја искористат вештачката интелигенција како моќно орудие во својата работа.

„Сигурно ќе се промени состојбата во филмот, многумина ќе ја загубат работата, но победници на овој процес на користење на вештачката интелигенција ќе бидат оние кои ќе успеат да се прилагодат и кои ќе научат да ја користат и како креативно средство, но и како помагало. Тоа е всушност една совршена алатка доколку умееме да ја користиме, но и мошне опасна доколку не умееме. Би ја споредил со огнот кој може да запали нешто, а човекот, пак, кога го открил огнот завладеал со светот – така е и со вештачката интелигенција“, изјави Џукелиќ.

Во однос на неизвесноста што ја носи брзиот технолошки напредок, бугарскиот експерт Момчило Алексиев истакна дека иако е тешко точно да се претскаже иднината, филмската уметност дефинитивно ќе опстане, но со променети процеси на работа.

„Како и секоја нова технологија, и вештачката интелигенција доаѓа со прашањето дали ќе исчезнат некои професии или ќе се појават нови. Од денешен аспект може да се рече дека ќе се променат некои професии и некои процеси на работа. Ова е најточното што може да го кажеме во овој момент, бидејќи условите и технологијата напредуваат толку брзо што е тешко да се претскаже. Јас сум оптимист во поглед на тоа дека киното ќе остане кино и ќе гледаме филмови, макар биле снимени и со вештачка интелигенција. Но, сепак зависи од нас дали ќе финансираме такви процеси, како ќе ги регулираме и на кој начин ќе се пристапува кон неа“, заклучи Алексиев.

Работилницата успешно ги отвори клучните прашања за креативниот потенцијал, етиката, регулацијата и финансирањето на проекти кои користат AI алатки, потврдувајќи дека адаптацијата кон новите технологии е клучна за идниот развој на регионалната кинематографија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда

Денеска  истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда, но нема изгледи дека ќе дојде до поместување кај политичките партии. 

Ќе пропаднат ли 4,2 милиони евра? Денеска истекува рокот за Изборниот законик кој е дел од реформската агенда

Евроамбасадорот Рокас вчера рече дека очекува решение и ги повика политичките партии да постигнат договор затоа што решението е важно за реформите, европските средства и за напредокот на државата.

– Навистина се надевам, има уште еден ден за да се постигне консензус. Координаторите на партиите се среќаваат на дневна основа и се надевам дека овој чекор ќе биде постигнат. Како што знаете и како што беше објавено во јавност се работи за 4,2 милиони евра коишто би биле искористени како бенефит за македонските граѓани и се надевам дека овој консензус ќе биде постигнат до крајот на утрешниот ден, изјави вчера евроамбасадорот Михалис Рокас.

Левица се обиде во понеделникот да иницира средба на опозициските партии на која требаше да ги усогласат барањата за да и ги достават на власта, но до средба не дојде откако опозициската СДСМ одби да присуствува.

Мицкоски е тој кој сака закон со кој ќе може да се крадат гласови од дијаспората, наведоа од СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во Кочани

На 14.07.2026 по добиени оперативни информации за лице за кое од страна на МВР е распишана централна и меѓународна потерница, од страна на полициски службеници од СВР Скопје-Потраги од слобода е лишен Александар Лазаров (41) од Кочани.

МВР: Лишен од слобода Александар Лазаров- Цуната кој избега од Полициска станица во Кочани

За Александар Лазаров беше распишана потерница по барање на Основен суд Кочани осомничен за сторено кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер