Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ премиерно во Могила и Новаци - Канал 5

Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ премиерно во Могила и Новаци

 Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, изготвенa во продукција на „New Clаp“, а поддржана од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, премиерно ќе се одигра денеска во општините Могила и Новаци.

Сатиричната комедија „Бардо Тодор“ премиерно во Могила и Новаци

Автор на претставата е Сашо Кокаланов, а режисер Сашо Миленковски.

Како што информираат од „Еко Свест“, „Бардо Тодор“е црна сатирична комедија која зборува за страшните последици по животот на луѓето кои живеат како први соседи на една термоцентрала со коп на јаглен, приклештени во противречноста - убиецот да им е и главен работодавец.

Таа ќе се игра на отворено, за да му се даде можност на Комбинатот (РЕК Битола) да биде лик во комедијата.

Од „Еко-свест“ нагласуваат дека ваквиот тип на претстави се наменети да допрат до широката јавноста за потребата да се направат промени во однос на производството на електрична енергија од фосилни горива, што носи страшни последици врз здравјето на луѓето.

Оттаму се надеваат дека пораката што ја испраќа претставата ќе допре до граѓаните.

Претставата која на сатиричен начин носи силна порака ќе биде одиграна во општинскиот двор во Могила во 12 часот, додека, жителите на Новаци во општинскиот двор ќе имат прилика да ја проследат во 18 часот.

Оваа црна комедија е наменета за возрасната публика, а на 10 јуни ќе биде прикажана и во Битола. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција ја ограничува продажбата на алкохол за време на топлотниот бран

Француските власти воведоа забрани за консумирање и продажба на алкохол на јавни места во Париз, во обид да го намалат притисокот врз болниците во главниот град за време на топлотниот бран.

Франција ја ограничува продажбата на алкохол за време на топлотниот бран

На парижаните ќе им биде забрането да пијат алкохол на јавни места од пладне во петок до 7 часот наутро во сабота. Мерките ќе бидат во сила во истото време од сабота до недела.

Топлотниот бран што ги остави шпанија, Велика Британија и Франција прегреани со денови ќе се помести кон исток, а метеоролозите во Германија и Чешка предупредуваат на екстремни температури.

Температурите во Германија би можеле да достигнат 40 степени целзиусови низ целата земја во петок. во поголемиот дел од Чешка е во сила предупредување за екстремни временски услови.

Забраната за продажба на алкохол ќе биде во сила од 18:00 часот во петок до 7:00 часот во сабота во главниот град, а повторно во истото време од сабота до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасена Венецуелка: Се држев за довратокот, додека сите катови се уриваа (ВИДЕО)

Спасувачките екипи се тркаат со времето додека ги пребаруваат урнатините за преживеани откако два силни земјотреси ја погодија Венецуела во близина на главниот град.

Спасена Венецуелка: Се држев за довратокот, додека сите катови се уриваа (ВИДЕО)

Грасиела Мора беше свесна додека вработените во службите за итни случаи и волонтерите ја извлекуваа од урнатините на срушената зграда во Ла Гваира. „Кога започна тресењето, ја зграпчив рамката на вратата најсилно што можев“, вели таа, „толку силно што си го скршив прстот“.

Зборувајќи пред камера неколку моменти по спасувањето, додека сè уште беше на носилка, таа рече дека се држела за рамката на вратата „сè додека сите катови не се срушија“. „И тогаш видов рака и ја зграпчив“, го опиша моментот кога сфатила дека ќе биде спасена.

YouTube video

Помош пристигнува од целиот свет, а американската војска испраќа бродови и транспортни авиони. Бројот на исчезнати лица моментално изнесува 50.113. Најмалку 589 лица загинаа, а најмалку 4300 се повредени.

Луѓето спиеја на улиците, плашејќи се да се вратат во своите домови, додека спасувачите немаа опрема, а граѓаните копаа и со голи раце за да помогнат во извлекувањето на луѓето од урнатините. Шест тима кучиња-трагачи со водичи беа испратени во Венецуела.

Потсетете се дека првиот земјотрес со магнитуда од 7,2 степени беше проследен со уште посилен, со магнитуда од 7,5 степени. И двата земјотреси се случија близу до површината, предизвикувајќи уште поголеми разурнувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали пензионерите би можеле да се соочат со значително пониски пензии?

Вистинска паника меѓу сегашните и идните пензионери предизвикаа најавите дека тие  би можеле да се соочат со значително пониски пензии доколку не се спроведат реформи во пензискиот систем.

Дали пензионерите би можеле да се соочат со значително пониски пензии?

На оваа тема пред малку со директорот на ПИОМ Никола Мемов разговараше колегата Дејан Трајковски, го имаме во живо...

Дејан, што вели Мемов дали има место за загриженост околу пензиите?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер