Сателитските снимки над Вухан покажуваат дека коронавирусот почнал да се шири уште во август 2019. - Канал 5

Сателитските снимки над Вухан покажуваат дека коронавирусот почнал да се шири уште во август 2019.

Според сателитските снимки на болничките паркинзи во Вухан, како и трендовите за пребарување на Интернет, коронавирусот во Кина можеби започнал да се шири уште во август минатата година, според новата студија на Медицинскиот факултет Харвард.

Сателитските снимки над Вухан покажуваат дека коронавирусот почнал да се шири уште во август 2019.

Истражувањето, што досега не е рецензирано, покажа дека имало значително повеќе автомобили на паркинзите на пет болници во Вухан кон крајот на летото и есента 2019 година отколку претходната година. Дополнително, кинескиот пребарувач Баиду забележал зголемен број пребарувања за клучни зборови поврзани со заразни заболувања во тој период, пишува Си-Ен-Ен.

Споредувајќи со октомври 2018 година, научниците изброиле 171 автомобили на паркинзите на една од најголемите болници во Вухан - Тјанју. Според сликите од сателит, една година подоцна на истото паркиралиште имало 285 возила, што претставува зголемување за 67%, а кај некои болници има пораст и до 90%.

„Во некои болници есента и зимата 2019 година беа забележани денови на висок релативен број на пополнетост на паркинзите. Сепак, меѓу септември и октомври 2019 година, пет од шесте болници имаа најголем релативен дневен волумен на анализирани серии, што се совпаѓа со зголемениот степен на пребарување на мрежата Баид за термините „дијареја“ и „кашлица“ “, напишале научниците во студијата.

Употребата на „проверени текови на податоци“ за да се следи појавата и ширењето на респираторните заболувања не е нова, а оваа техника ја користат и разузнавачките агенции.

„Идејата е дека зафатеноста на болнички паркинзи или протокот на пациенти може да се користи како релативен показател за нешто што се случува во популацијата“, рече Џон Браунштајн од детската болница во Бостон.

„Пред неколку години, објавивме труд за тоа како се исполнети местата за паркирање за време на сезоната на грип и се зголемува протокот на пациенти во болниците во Јужна Америка. Може да ја предвидите сезоната на грип само со тоа што ќе погледнете во пополнетоста на паркинзите“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

Вчера на 57 годишен Охриѓанец му се превртело кануто и починал – телото предадено на обдукција.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од (57) годишен Охриѓанец. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Трампов Океан “ или „Американски океан“ пред да му заврши претседателскиот мандат. 

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Обраќајќи им се на гласачите во сојузната држава Тенеси, Трамп потсети на својата иницијатива да го преименува езерото Онтарио во езеро „Америка“.

„Размислував за Атлантскиот или за Тихиот Океан. Би ги нарекле ’Трампов Океан ‘ или ’Американски океан‘. Треба да го направиме тоа пред да си заминам“, рече Трамп.

Претходно денес, Трамп исто така изјави дека неговата администрација размислува да го преименува Ормускиот теснец по претседателот на САД.

Во септември, Трамп потпиша указ за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка. Езерото е дел од системот на Големите езера и се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, помеѓу американската сојузна држава Њујорк и канадската провинција Онтарио.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада ќе продолжи да го користи постоечкото име на езерото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џими Конорс: „Го отпишуваат Ѓоковиќ бидејќи има 39 години, како да не разбираат што прави Новак“

Легендата на светскиот тенис, Американецот Џими Конорс уште еднаш застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и му објасни на целиот свет дека прави голема грешка кога го отпишува.

Џими Конорс: „Го отпишуваат Ѓоковиќ бидејќи има 39 години, како да не разбираат што прави Новак“

Во Пекинг, најдобриотсветски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја освои 102-рата титула во кариерата и со тоа се доближи до легендарниот Џими Конорс, кој има 109; меѓу нив се наоѓа Роџер Федерер со 103.

Токму човекот со најмногу трофеи повторно застана во одбрана на српскиот тенисер.

„Можете да зборувате што сакате за Ѓоковиќ, но тој не е играч што го земам здраво за готово. Сите мислат дека е готов бидејќи има 39 години. Никогаш не треба да отпишувате играч како него“, започна Конорс.

Тој детално објасни зошто смета дека луѓето претеруваат кога го отпишуваат Ѓоковиќ, како да не разбираат...

„Доаѓаш во фаза кога секој меч е најважен. Особено за него, нели? Сè уште има малку време, крајот на кариерата се ближи и тоа е јасно. Сепак, мора да се разбере дека Новак патува низ целиот свет, поминува време далеку од семејството; го прави тоа бидејќи е фокусиран и ја сака играта.“ „Премногу зборуваме за помладите“ Тој се надева дека српскиот тенисер ќе успее да се пласира на Завршниот мастерс во Торино. „Да видиме што ќе се случи. Синер се повлече, а тоа му го отвора патот кон Завршниот мастерс. Премногу зборуваме за помладите играчи, ајде малку да зборуваме и за ветераните“, заклучи Конорс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер