СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
2СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
СветСателитски снимки од апокалипсата во Калифорнија,властите очекуваат бројот на загинати да растеКако да паднала атомска бомба – вака локалните власти во Лос Анџелес ја опиштаа штетата од пожарите кои го зафатија градот и неговата околина. Пожарот кој започна пред неколку дена, веќе зафати површина од петнаесетина илјади хектари без изгледи дека ќе сопре. Локалните власти соопштија дека до сега имаат уапсено едно лице кое осомнитечно дека стои барем зад еден од пожарите, а покрај во борбата против огнот, дополнителен проблем имаат и во зачестените пријави за грабежи на напуштените домови. До сега се потврдени и десетина случаи на загинати, а полицијата вели дека очекуваат бројот да се зголемува како што пребаруваат уништените области. Очигледното прашање е дали мислите дека (бројот на загинати) ќе се зголемува? Се молам тоа да не се случи, но врз основа на уништувањето кое е јасно, изгледа како атомска бомба да паднала врз овие области, не очекувам добри вести и не се радуваме на тие бројки, - Роберт Луна- Шериф на областа на Лод Анџелес. -Среде итниот случај, сите видовме индивидуи кои таргетираа ранливи заедници со провалување и ограбување на домови. Ова е едноставно неприфатливо,- - Кетрин Барџер – Надзорник на областа Лос Анџелес. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас која се соочува со критики за подготвеност ана противпожарните екипи, и недоволното количество на вода во хидрантите за пожар, вината ја префрли на силните ветрови. -Хидрантите за пожар, не се направени да се справат со ваков вид на масовно уништување и главниот проблем особено е фактот што не бевме во можност да имаме воздушна поддршка поради ветровите,- - Карен Бас – Градоначалничка на Лос Анџелес. До сега издадени се наредби за 180 илјади лица да ги напуштат нивните домови. Тие кои веќе си заминале сведочат за апокалиптичните сцени од пожарите и велат дека оставиле се зад себе. Целата улица е уништена, како воена зона. Имавме многу сеќавања тука кои не можат да се заменат. Мојата венчаница, нашиот свадбен албум. Оставивме се, нашите албуми, имаме само тоа што го носиме, а ги носиме истите алишта изминатите два дена. Пожарите зане ги изоставија ниту холивудските актери кои живеат во околината на Лос Анџелес. Дел од нив сведочат дека огнената стихија не оставила ништо зад себе. -Никогаш не сум видел место толку совршено изгорено. Можете се што е изгорено да го ставите во урна. Ед Харис, актерот кој живее подолу на улицата, мислам неговото место е изгорено, и на многу од моите пријатели исто така, низ улицата. И се беше некако случајно, не беше секој дом,- - Мел Гибсон – Актер. Според проценките на американските власти, економските загуби од пожарите би можеле да изнесуваат и близу 150 милијарди долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВо Кина се запали зграда, 14 загинатиЧетиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати. Five dead after fire engulfs high-rise building in China A major fire has swept through a high-rise building in Taiyuan, Shanxi Province, China, leaving five people dead and 33 others injured. The blaze broke out at Haocheng International Apartments on Sunday, November 8, 2026, https://t.co/Xpwx8ZE3WI — Metropunch (@metropunch) November 9, 2026 Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook