Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!
1Цветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
СветСателитски снимки ја откриваат најстрого чуваната тајна на Путин во Црното Море (ВИДЕО)Неодамна објавените сателитски снимки покажуваат дека Русија брза да изгради бродови што ќе го надминат ракетниот крстосувач Москва, предводник на Црноморската флота што Украина, наводно, го уништила во раните денови на војната.Украинското воено издание „Дифенс експрес“ објави сателитски снимки кои го покажуваат напредокот на Русија во изградбата на еден од двата јуришни бродови „Проект 23900“ од класата Иван Рогов. Наводно, таквите пловила можат да носат до 90 парчиња воена опрема, вклучително и 15 хеликоптери, пишува Newsweek. Уништувањето на ракетниот крстосувач Москва беше непријатен удар за Владимир Путин, а бродот од класата Иван Рогов наводно е многу поголем од уништениот Москва. Тоа значи дека Русија има намера да го врати својот поморски кредибилитет по серијата загуби што ги претрпе Црноморската флота. 🇺🇦🔱New photographs have appeared (as of mid-March) of the hull of the universal landing ship (UDC) "Ivan Rogov" of Project 23900 , which is being built in Kerch at the Zaliv shipyard . According to satellite images, the maximum length of the Project 23900 ship's hull is pic.twitter.com/w19QGhFuPl — Tracey SBU Fella 🇬🇧🇺🇦 #NAFO (@trajaykay) April 3, 2025 Да потсетиме дека Москва потона откако Украина во 2022 година тврдеше дека го погодила тој брод во Црното Море со проектили и му нанела значителна штета. Тогаш Русија ги отфрли тие тврдења и зборуваше за пожар на бродот што предизвикал експлозија на муницијата. Врз основа на сателитски снимки, бродот од класата Иван Рогов би можел да биде долг околу 220 метри и широк 40 метри. За споредба, бродот „Москва“ бил долг 186 метри. Defence Express ги спореди новите слики со оние од јули минатата година, кои беа објавени од истражувач на OSINT на Ix. 🇷🇺ZALIV SHIPYARD - KERCH🇷🇺 0.3m📷 from 2 July 2024 (fyi, @MrFrantarelli) Looks to be some progress on Pr 23900 Ivan Rogov (newest 🇷🇺Amphibious Assault Ship) Also appears that Askold (Karakurt Class) is all wrapped up and ready to be transported for repairs elsewhere https://t.co/fiD4ChUow6 pic.twitter.com/uVqvoZn2I9 — MT Anderson (@MT_Anderson) July 8, 2024 Во тоа време, трупот на бродот само што почнуваше да се обликува, што значи дека Русите постигнале значителен напредок во овој проект за помалку од една година, пренесува Дефенс експрес и додава дека Иван Рогов поради тоа би можел да ја надмине Москва по големина и можности. Иван Рогов може да прими до 900 маринци и да управува со 75 парчиња борбена опрема, три помали авиони за слетување и 15 хеликоптери, пренесува Newsweek.Тагови: путин Црното Море Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦветаноски: 5.5 милиони евра за криминални договори на Мицкоски, нула денари за лозарите – грозјето скапува!Пет милиони евра народни пари за криминални договори на Мицкоски и ВМРО ОКГ преку Лотарија– а нула денари за лозарите. Лозарите се пред пропаст, а Владата не прави ништо за да им помогне. Грозјето скапува по лозјата. Вранецот не се откупува. Откупната цена на белото грозје е мизерни 14 денари, во услови на енормно зголемени трошоци. Лозарите се во безизлезна состојба, оставени сами, без никаква поддршка. Цела година работат, вложуваат, плаќаат работници, гориво, препарати и ѓубрива, а денес се принудени да ги копачат лозјата, да им скапува родот. До оваа ситуација ги доведе криминалната власта на арамијата Мицкоски – да гледаат како нивниот труд пропаѓа. Каде е сега производната или, како што ја претстави министерот за земјоделство, откупната цена на грозјето? 14 денари се далеку од 20 денари, како што министерот објави во јули годинава. Недозволиво е власта да се претставува како посредник, таа е директен актер на пазарот и со закон учествува во формирањето на откупната цена. За две години ВМРО направи пустош во секоја гранка на земјоделството. Не им е грижа за земјоделците. Не им е важен човекот кој произведува храна. Не им е важен лозарот кој со својот труд ја одржува Тиквешијата и целиот лозарски крај и е заслужен за квалитетното македонско вино. Важни им се криминалните партиски тендери и договори – за тоа секогаш имаат ставка како да најдат пари. Тоа е арамискиот концепт на Мицкоски и неговата криминална организација. СДСМ бара Владата веднаш да реагира. Да обезбеди откуп. Да донесе интервентни мерки. Да ги заштити лозарите. Вранецот 28 денари, Смедеревката 25 денари – земјоделците мора да добијат достоинствена цена! Секој ископачен лозов насад е уништена една семејна инвестиција, еден животен труд и една иднина. Итно зголемување на откупната цена за 5 денари по килограм, укинување на 8-процентниот попуст што се бара за побрза исплата и интервентен откуп од страна на државата на црното грозје кое ќе остане непродадено. Тоа се мерки кои ќе им помогнат на лозарите да ја пребродат кризата. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на Извршниот одборТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата Мицкоски ќе го намали ДДВ-то на горивата - откако цените веќе го удрија плафонотШефот на ВМРО-ОКГ денеска открива дека државата има мерка. ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти. Очекува поевтин дизел. Глуми заштитник на стандардот. Каде беше со месеци? СДСМ уште на почетокот на кризата бараше конкретни мерки: ДДВ на горивата да падне на 5 проценти, акцизата да се укине веднаш, ДДВ на основната храна да се симне на нула. Не за камера. За да остане леб на масата. Владата на бандата не мрдна. Ги пушти цените да побеснат. Го гледаа народот како полни резервоар на рати и купува половина корпа. Сега, кога штетата е направена, излегуваат со половична мерка и бараат аплауз. Ова не е грижа. Ова е доцна шминка. Прво те дере. Потоа ти враќа ситно и се претставува како спасител. Мицкоски признава и сам: цената „во суштина не е ниска“. Само била поевтина од соседството. Тоа е целата филозофија на ВМРО-ОКГ. Не да живееш достоинствено. Да те тешат дека некој друг плаќа уште повеќе. Како да му кажеш на човек без леб дека во друга држава лебот е поскап. Горивото не е луксуз. Горивото е превоз до работа, леб до продавница, стока до пазар, плата што се топи пред да стигне дома. Кога дизелот лета, лета сè. Тие тоа го знаеа. Чекаа. Пазарот го оставија на бандата и на берзата, а граѓанинот на касата. Сега велат ќе има импликации врз буџетот, ама ќе се борат. Секако дека ќе има. Буџетот го истрошија на спектакли, криминални тендери и Лотарија, па се прават сиромашни кога треба да се симне данокот што го јаде народот секој ден. СДСМ не бара од арамијата да глуми социјала. Бараше да ја примени мерката кога требаше - на почеток. Не откако цените го скршија стандардот. Намалување од 18 на 10, по месеци тивко гледање, не е политика. Тоа е признание дека доцнат. И дека доцнат намерно. Нема поевтин живот со доцна одлука. Има поевтина лага. Прво ве оставија без леб. Сега ви продаваат денар на литар како државничка храброст. ВМРО-ОКГ не ја води кризата. Ја молзе. А шефот на бандата излегува пред камери дури кога сметката веќе е платена - од граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функцијаМодернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција, значително намален бројот на жртви во сообраќајот.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска во рамки на посетата на Велес, го посетија модернизираниот команден центар на СВР Велес, каде што се запознаа со неговото функционирање и го означија почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“ на подрачјето на СВР Велес. Министерот Тошковски информираше дека новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“. „Само во текот на вчерашниот ден, за 24 часа, имаме констатирано околу 124 казни, а денеска досега околу 27, односно за ден и половина околу 150 казни на територијата на СВР Велес, што ги опфаќа Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. Најголем дел се за брзо возење, а три-четири казни се за поминување на црвено светло. Тоа е фрапантно подобрување на почитувањето на сообраќајните правила од страна на македонските граѓани“, истакна Тошковски. Министерот нагласи дека основната цел на системот „Безбеден град“ не е казнувањето и полнењето на буџетот, туку промена на сообраќајните навики и спасување човечки животи. „Сакам уште еднаш да им се заблагодарам, пред сè, на македонските граѓани, затоа што со имплементирањето на еден систем чијашто првична цел е спасување човечки животи, а не полнење на буџетот, покажавме дека навистина можеме да се однесуваме европски. Позитивните ефекти од таквото однесување се многу помал број жртви, многу помал број сообраќајни незгоди и многу помалку негативни последици од непочитувањето на сообраќајните правила“, потенцираше Тошковски. Осврнувајќи се на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила, министерот посочи дека трагичните сообраќајни незгоди се реалност која може да го погоди секого, притоа посочувајќи на вчерашната сообраќајна незгода на патот Миладиновци – Аеродром, во која две лица починале на самото место, а три лица биле повредени, од кои две се во особено тешка, животозагрозувачка состојба. „Сето ова што ни се случува поврзано со сообраќајните незгоди не е некаде далеку. Тоа е тука и може да му се случи на секого. Повторувам, никогаш немаме сообраќајна незгода со смртни последици доколку се почитуваат сообраќајните правила. Ова треба навистина да допре до сите“, порача министерот. Тошковски изрази благодарност и до медиумите, општествено одговорните компании и организациите кои се вклучија во кампањата за подигнување на сообраќајната култура, издвојувајќи ја Фудбалската федерација на Македонија и фудбалерите кои учествуваа во промотивната кампања за почитување на сообраќајните правила. Како особено значаен показател за ефектите од преземените мерки, министерот ги посочи податоците за бројот на жртви во сообраќајот. „Заклучно со месец август, ако минатата година сме имале 96 жртви, оваа година за истиот период имаме 61 жртва. Тоа е фрапантна разлика за период од една година. Според информациите што ги добивам од експертите, доколку продолжиме вака и со почитување на правилата од страна на сите македонски граѓани, можеме да бидеме пример не само во Европа, туку и во светот, како за многу краток период сме успеале да го намалиме бројот на жртви за околу 40 проценти“, истакна Тошковски. Министерот порача дека сите активности, инвестиции и кампањи што се преземаат во областа на сообраќајната безбедност имаат една заедничка цел – Македонија да стане побезбедна држава за сите. „Сето ова го правиме само за да дојдеме до држава којашто ќе биде побезбедна за сите“, заклучи министерот Тошковски. Тагови: Панче Тошковски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter