Сашо Тасевски и Петар Богојески во „Само вистина“

Драги пријатели, вечерва во Само Вистина секој со својата ќе дебатираат Сашо Тасевски и Петар Богојески.

Обвинителството оформи предмет за новите членови на Црната листа, колку време ќе треба за институционална разрешница?

Кој политизира, а кој сака да го етнизира највисокиот суд во Македонија? Станува ли почитувањето на уставот албанофобија?

Дали и Венецијанската комисија е антиалбанска или пак европските институции се против Албанците?

Сите сме за ЕУ, но има ли начин како ЕУ да ја донесеме дома?

Вечерва Ивана Стојановска, со Сашо Тасевски и Петар Богојески, веднаш по вестите.

Руте му честита на Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, му честиташе на новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за неговата денешна инаугурација.

- Со претседателот Трамп повторно на функција, турбо ќе ги наполниме (буџетите) за трошоци за одбрана и производство. Мои топли честитки до Доналд Трамп за неговата инаугурација како 47-ми претседател на САД и Џеј-Ди Венс како потпретседател, напиша Руте на Х.

Тој додаде дека заедно со Трамп и неговата администрација можат да постигнат мир „преку јачина-преку НАТО“./МИА

Папата му честиташе на Трамп

„Се надевам дека САД ќе бидат посветени на градење поправедно општество“.

Папата Франциск денеска му честиташе на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата инаугурација и изрази надеж дека под негово водство американскиот народ секогаш ќе се труди да изгради поправедно општество.

- Инспириран од идеалите на една нација, земја на можности и добредојде за сите, се надевам дека под ваше водство американскиот народ ќе напредува и секогаш ќе биде посветен на градење на поправедно општество, во кое нема место за омраза, дискриминација или исклучување, рече папата во честитката.

Тој потсети на бројните предизвици со кои се соочува човештвото, вклучително и „катастрофата на војната“ и му порача на Трамп дека му се моли на Бог „да ги води вашите напори за промовирање мир и помирување меѓу народите“./МИА

Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната, тврди шпанско радио

Карло Анчелоти ќе ја напушти функцијата тренер на Реал Мадрид на крајот од актуелната сезона, пренесува шпанското радио „Онда Черо“. Италијанецот ќе се раздели со клубот без разлика на резултатите на крајот од сезоната.

Според радиото, фаворит за тренерската функција во Реал Мадрид е Шпанецот Чаби Алонсо, кој моментално е на чело на германскиот Баер Леверкузен.

Анчелоти беше на чело на Реал Мадрид од 2013 до 2015 година, а во клубот се врати во 2021 година. Со Реал Мадрид тој е шампион на Шпанија, двапати го освои Купот и еднаш Суперкупот на земјата, исто така го освои Суперкупот на УЕФА и двапати Светското клупско првенство.

Карло Анчелоти стана првиот тренер во историјата кој триумфирал во секое од најдобрите пет национални првенства во Европа. Италијанскиот стручњак во текот на својата кариера ги предводеше и англиските Челси, германски Баерн Минхен, италијански Милан и француски Пари Сен Жермен до победи во националните првенства на нивните земји.

Италијанскиот стручњак е единствениот тренер кој пет пати ја освоил Лигата на шампионите.

Реал Мадрид по 20 кола е лидер во шпанското првенство со 46 бодови. /МИА

притисни ентер