Сашко Кедев во ПК Љуботен-Тетово раскажа како годинава искачи три врвови над 8000 мнв - Канал 5

Сашко Кедев во ПК Љуботен-Тетово раскажа како годинава искачи три врвови над 8000 мнв

Од 14 светски највисоки врвови што се над осум илјади метри надморска височина македонскиот планинар Сашко Кедев година достигна да искачи осум од нив. 

Сашко Кедев во ПК Љуботен-Тетово раскажа како годинава искачи три врвови над 8000 мнв

Само во текот на 2023 се искачи на три вакви врвови, а пет врвови искачи во 2009, 2021 и 2022 година. Вчера, при посетата на планинарскиот клуб Љуботен во Тетово на колегите им долови како годинава помина на трите врвови.

- Годинава имав можност да се искачам на три нови врвови над осум илјади метри. Тоа беше Анапурна (8091мнв, Непал) на 15 април, Нанга Парбат (8126мнв, Пакистан) на 2 јули и Чо Ју (8188мнв, Тибет, Кина) во Тибет, Кина на 2 октомври. После една недела бевме и на Шишапангма (8013мнв), тоа е единствениот од врвовите над осум илјади метри коишто е комплетно се наоѓа во Кина. За жал стигнавме само до 7600 мнв, бидејќи се случила две големи лавини во коишто загинаа четири лица, две планинарки од САД и двајца шерпаси и ние мораше да ја прекинеме таа експедиција. Меѓутоа, тоа беше дополнително искуство во овие многу карактеристични услови, изјави Кедев.

Искачувањето на вакви големи височини, многу зависи од условите, а Кедев потенцира дека тоа никогаш не треба да биде опсесија. Раскажа за примерот на планинар од Ирска, кој иако десет пати се искачил на Монт Еверест, едноставно починал од исцрпеност на организмот додека се искачувал на Анапурна. Ја повторува фразата дека секоја планина си има своја тежина, а тоа посебно важи за тие што се над осум илјади метри.

- Тука влегуваме во зоната на смртта. Јас сум од тој тип на искачувачи кои користи кислород, дополнителен кислород. Не сум од тие што одат без кислород. Сметам дека тоа е многу ризично за здравјето и за мозокот како орган. Тие услови на хипоксија и од тие причини јас претпочитам да се искачувам со дополнително количество на кислород. Останатите врвови секој си има свој предизвик. Во јули искуството во Пакистан за мене потврди дека Нанга Парбат е најтешкиот врв. Сметав дека после искачувањето на К2 минатата година и Анапурна пролетва дека тоа е можеби најтешкото. Меѓутоа Нанга Парбат се покажа според мене и според многу други коишто беа на тоа искачување, меѓу кои и повеќе шерпаси најтешкиот од сите врвови над осум илјади метри посебно тој еден стрмен дел, којашто е составена од три различни, ги викаат „Три степс“, коишто се многу технички предизвикувачки, и се едни од најголемите ризици, образложи Сашко Кедев.

На прашањето дали ќе оди на уште некој од врвовите над осум илјади Кедев вели дека најверојатно би одел, но тоа зависи многу од професионалните обврски, како и од временските услови.

- Се надевам дека ќе имам можност некој од врвовите над 8 илјади да го пробам да го искачам, рече планинарот.

Во Тетово и во планинарскиот клуб Љуботен беше и по повод скорешната награда „Градско признание 19 Ноември“ на алпинистот Надир Мурсели, член на клубот.

- Мојот драг пријател, Надир Мурсели има дадено многу значајно влијание во мојата мотивација да одам на големите височини, рече Сашко Кедев.

Кедев во 2009 се искачи на највисокиот врв на планетата на Монт Еверест. Во 2021 се искачи на Манаслу (8163мнв, Непал) додека во 2022 година на Далагири (8167мнв, Непал) К2 (8611мнв) и Брод Пик (8051мнв) во Пакистан. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Безбедносната ограда е пробиена на аеродромот во Лајпциг преку ноќ, а полицијата верува дека непознат автомобил влегол на аеродромскиот терен покрај руските товарни авиони „Антонов“ паркирани таму.

Драма на германски аеродром: Откриена дупка во оградата – некои летови откажани

Дупката во оградата е откриена околу 23 часот во саботата, соопшти полицијата, а портпаролката на полицијата Тереза ​​Леверенц изјави дека летовите на северната страна од аеродромот се откажани по инцидентот, објави „Билд“, забележувајќи дека бројни товарни авиони на „Амазон“ морале да слетаат на јужната писта на аеродромот во Лајпциг.

„Многу е веројатно дека возило ја пробило оградата. Сепак, за време на пребарувањето на областа преку ноќ, ниту возилото ниту неовластени лица не се пронајдени во аеродромскиот простор. Пребарувањето ќе продолжи денес, а северната писта останува затворена за воздушен сообраќај“, рече Леверенц.

Во август, истражителите открија дрон натоварен со експлозив во близина на аеродромската писта, настан за кој германските власти подоцна ја обвинија Русија, објави „Ројтерс“.

Русија ги негираше обвинувањата.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

На 17.10.2026 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Д. (18) од Куманово. 

Лишен од слобода 18 годишен кумановец, при претрес во дом пронајдено оружје, следува пријава

При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба биле пронајдени автоматска пушка, рамки од автоматска пушка со 44 куршуми, испукана чаура, рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Голем пожар во воена база во канадскиот град Вејнрајт уби непознат број луѓе, објави денес локалната општинска власт во тој град.

Голем пожар во канадска воена база: Има загинати (ВИДЕО)

Беше објавено дека пожарот е предизвикан од „сериозен инцидент“, а надлежните служби сè уште работат на локализирање на пожарот, објавува „CNN“.

Пожарот започнал во базата во Вејнрајт, град во источниот дел на покраината Алберта, и брзо се проширил поради силните ветрови, соопшти општината во објава на Фејсбук.

Повикот за помош дошол околу 16:00 часот, соопшти Кралската канадска коњичка полиција во Вејнрајт, а канадскиот министер за одбрана Дејвид Мекгинти потврди дека има и смртни случаи и повредени, без да даде детали.

„Пожарот на терен сè уште не е изгаснат и наскоро ќе биде покрената истрага“, додаде тој.

Канадската воена база Вејнрајт, која се наоѓа околу 210 километри југоисточно од главниот град на покраината Едмонтон, е една од најпрометните воени бази во земјата, наведено е на веб-страницата на владата.

Болниците преполни

Лекар во болница во градот Едмонтон, кој се наоѓа 180 километри северозападно од Вејнрајт, изјави за канадскиот национален јавен сервис дека пациентите се носат во болниците низ градот бидејќи здравствените установи во градот се „целосно преоптоварени“ со бројот на луѓе на кои им е потребна нега, објави Скај њуз.

„Овој број на пациенти би го преоптоварил градот Едмонтон“, изјави за „CBC News“ д-р Ворен Тирск, лекар од итна помош во болницата Ројал Александра.

„Ова е повеќе пациенти отколку што би сакал да изброи кој било од нас во овој момент. Тоа е катастрофа. Ова е катастрофа што се случува еднаш на секои 15 до 25 години.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер